Connect with us

македонија

Падна договор: минималната плата ќе биде 18.000 денари

објавено

на

Минималната плата во Македонија се крева од 15.200 на 18.000 денари, се договорија Владата, синдикатите и работодавците. Ќе опфати околу 80.000 вработени во неколку индустрии, а државата ќе субвенционира во делот на покачените социјални придонеси со 16 милиони евра, до крајот на годинава.

Премиерот Димитар Ковачевски објави дека е постигнат договор со Сојузот на синдикати и со работодавачите за минимална плата од најмалку 18.000 денари.

Како што рече Ковачевски 80.000 сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари.

„Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите. 80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари“, рече премиерот Ковачевски.

Оваа сума, како што рече, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно.

„Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните“, рече Ковачевски.

Ковачевски по Социо- економскиот совет во Владата меѓу владиниот кабинет, работодавачите и синдикалците рече дека за таа намена ќе бидат издвоени 48 милиони евра.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, по завршувањето на преговорите со Владата и работодавачите, рече дека е презадоволен што е постигнат договор за минимална плата во износ од 62% од просечната плата.

„И не е само оваа придобивка денеска. Ќе добиеме и доследна примена на членот 8 од Законот за минимална плата, каде што се вели дека сите останати плати согласно законските коефициенти и колективните договори ќе се зголемат. Значи, придобивката од денешните преговори не е само зголемување на минималната плата, туку и зголемување на сите останати плати согласно колективните договори и законите. “, рече Димовски.

економија19 часа ago

Дознајте зошто е важна техничката анализа – вебинар на Инвест Поинт на 20 јуни

економија19 часа ago

По две децении повторно домашен менаџер на чело на Пивара Скопје

регион1 ден ago

Акционерите на Заваровалница Триглав ќе добијат дивиденда од 2,5 евра бруто по акција

македонија1 ден ago

Словаците ќе бидат меѓу најчестите туристи во Македонија

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија5 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија1 недела ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

македонија1 недела ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија1 недела ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија1 недела ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

свет1 недела ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?