Connect with us

свет

Пазари на капитал: охрабрувачки влез во новата година

објавено

на

Најследените берзански индекси влегоа во новата година со позитивни движења и ја прекинаа тринеделната негативна серија. На почетокот од минатата недела на берзите доминираше црвената боја, но во петокот оптимизам разбудија податоците од американскиот пазар на труд кои покажаа успорување на растот на платите. Ова е важен показател што укажува дека инфлациските притисоци во САД се намалуваат, а и декемвриските бројки за инфлација во Европа беа пониски од прогнозираните.

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Најследените берзански индекси влегоа во новата година со позитивни движења и ја прекинаа тринеделната негативна серија. На почетокот од минатата недела на берзите доминираше црвената боја, но во петокот оптимизам разбудија податоците од американскиот пазар на труд кои покажаа успорување на растот на платите. Ова е важен показател што укажува дека инфлациските притисоци во САД се намалуваат, а и декемвриските бројки за инфлација во Европа беа пониски од прогнозираните.

Растот на платите во САД забави во декември

Од друга страна, американскиот пазар на труд останува многу силен и покрај заканата од рецесија и вестите за отпуштања од повеќе технолошки компании. Стапката на невработеност се врати на историски најниско ниво од 3,5%. Комбинацијата на податоци за истовремениот понизок раст на платите и невработеноста, инвеститорите на финансиските пазари ја толкуваа како знак дека растот на цените може да се ублажи со меко приземјување на економијата, односно без подлабока рецесија. Американската економија создаде 4,5 милиони работни места изминатата година, што е втор најголем број во историјата. Во нормални услови, ова би била охрабрувачка бројка, но во моментов малку повисоката стапка на невработеност благотворно би се одразила на економијата, бидејќи дополнително би ги намалила инфлаторните притисоци. Американската централна банка, ФЕД, предвидува дека невработеноста ќе се зголеми на 4,6% до крајот на оваа година поради повисоките каматни стапки и успорувањето на економската активност. ФЕД го објави и записникот од декемврискиот состанок, каде основната порака останува позната. Рестриктивниот став на монетарната политика ќе треба да се задржи се додека економските податоци јасно не покажат дека инфлацијата трајно се враќа на целта од 2%.

Стапката на инфлација во еврозоната за декември изнесуваше 9,2%

Тоа е уште попозитивна недела за главните европски берзи, кои добија крила благодарение на фактот за пад на базичната стапка на инфлација под 10%, по 2 месеци. Во еврозоната, цените беа за 9,2% повисоки на годишна основа, мерени со индексот на CPI. Причината за пониската стапка од прогнозите и минатите мерења се наоѓа во пониските цени на енергијата, додека базичната стапка на инфлација продолжува да расте – за декември изнесуваше 5,2% што е за 0,2% повисока отколку во ноември. Затоа е прерано да се објави дека врвот на инфлацијата во Европа е достигнат, бидејќи евентуалниот повторен скок на цените на енергијата брзо би ја влошил сликата. Исто така, историјата не учи дека инфлацијата често не расте линеарно, туку брановидно. Показателите за PMI на менаџерите за набавка исто така беа малку поохрабрувачки од ноемвриските, кои покажуваат контракција на економската активност во еврозоната за декември, но климата е подобрена во споредба со минатиот месец.

Кина ги отвори границите по речиси 3 години

Индексите на пазарите во развој продолжија да растат, позитивните ефекти од отворањето на економијата продолжуваат да ги поттикнуваат кинеските акции. Инвеститорите позитивно реагираа и на веста дека официјален Пекинг планира да преземе дополнителни мерки за ублажување на кризата во секторот на недвижности. Сето ова, сепак, засега не се одразува на кинеските економски показатели. Индексите на менаџерите за набавка за декември укажуваат на нагласена контракција на економијата, но се подобруваат долгорочните прогнози за економските движења за втората по големина светска економија. По речиси три години, отворањето на границите на Кина ќе влијае на целата светска економија, меѓународниот сообраќај значително ќе се зголеми, туристичките дестинации популарни кај Кинезите ќе просперираат, а корист ќе имаат компаниите што извезуваат во Кина. Сепак, главната грижа е влијанието на инфлацијата. Зголемувањето на побарувачката може брзо да доведе до обновен пораст на цената на нафтата и другите енергетски производи.

Позитивно и на пазарот на обврзници

Сознанието дека растот на месечните плати во САД успори за 0,3% во декември, исто така, имаше многу корисен ефект врз пазарот на обврзници. Знаците за намалување на инфлациските притисоци ги зајакнуваат надежите за помалку затегната монетарна политика и последователен пораст на цените на обврзниците. Бараниот принос (обратно пропорционален на движењата на цената на обврзниците) на 10-годишната американска државна обврзница падна од 3,88% на 3,57% во првата недела од новата година. Доларот и еврото исто така остануваат релативно стабилни на ниво од околу 1,07 долари за евро.

Совети за инвеститорите

Макроекономските податоци, со исклучок на инфлацијата, се влошуваат. Но, бидејќи пазарот на трудот останува многу силен, шпекулациите за идната монетарна политика остануваат многу широки. Промената на политиката на централните банки и покрај нивната различна реторика, останува фактор на пазарите на капитал. Ликвидноста останува добра и му дава поддршка на пазарот, но за нагорно движење ќе бидат потребни нови и пред се пооптимистички информации.

Се ближи периодот на објавување резултати за последниот квартал од 2022 година, а пред се прогнозите за 2023 година, што може да биде извор на оптимизам или песимизам.  Забрзаното влошување на макроекономските податоци и брзото лизгање кон рецесија, ќе го потресе пазарот. Отворањето на Кина дава надеж, но влошувањето на кинеските податоци од друга страна покажува дека оваа рецесија на развиените пазари нема да можеме да ја решиме на ист начин како во 2008 година, со растот на кинеската економија.

Акциите, со оглед на сите предизвици и очекуваните промени, не се евтини, но одредени сегменти на пазарот сè уште нудат можности, бидејќи иднината или очекувањата на инвеститорите за тоа како треба да изгледа иднината се менуваат многу брзо.

Препорачуваме да се задржи долгорочен пристап со периодични зголемувања на инвестициите, што се покажа дека дава добар одговор и најдобар резултат во услови на поголема нестабилност и привремена неизвесност. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите.

економија19 часа ago

Дознајте зошто е важна техничката анализа – вебинар на Инвест Поинт на 20 јуни

економија20 часа ago

По две децении повторно домашен менаџер на чело на Пивара Скопје

регион1 ден ago

Акционерите на Заваровалница Триглав ќе добијат дивиденда од 2,5 евра бруто по акција

македонија1 ден ago

Словаците ќе бидат меѓу најчестите туристи во Македонија

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија5 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија1 недела ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

македонија1 недела ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија1 недела ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија1 недела ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

свет1 недела ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?