Connect with us

македонија

Пазарот пораснал за 15% во 2021 – вкупно уплатени 190 милиони евра за полиси во животно и неживотно осигурување

Осигурителниот сектор го надмина шокот од ковид-пандемијата

објавено

на

Вкупната сума на бруто полисираната премија, односно вредноста на полисите што граѓаните, фирмите и институциите ги уплатиле за осигурување – животно и неживотно – лани изнесувала без малку 190 милиони евра, што е за 15% повеќе од 2020 година, кога секторот беше страшно погоден од ковид – кризата. Според Агенцијата за супервизија на осигурувањето, значајно зголемен интерес има кај осигурувањето имот, патничкото осигурување, приватното здравствено осигурување, осигурувањето од финансиски загуби, осигурување од општа одговорност и кај задолжителното автомобилска осигурување.

Граѓани, фирми и институции вложија 9,63 милијарди денари (околу 157 милиони евра) во неживотни осигурувања минатата година. Продажбата (бруто полисирана премија – БПП) на осигурителни услуги во овој период порасна за 15,65 отсто (21,2  милиони евра) во споредба со истиот период во 2020 година, покажуваат прелиминарните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Податоците покажуваат дека продажбата на осигурителни продукти од палетата на 18 класи неживотно осигурувања во целост го надмина шокот што во 2020 година го предизвика здравствената пандемија на вирусот COVID -19.

„Овие бројки се навистина позитивни во споредба со застојот во 2020, така што лани иако немаше некоја голема промена на општата состојба, сепак граѓаните покажале волја и свесност за осигурувањето. Кон оваа тенденција многу придонесува и банко-осигурувањето, што, исто така, доживува подем. Финансиските услуги, банкарските и осигурителните веќе извесно време работат заедно и ги прошируваат можностите на пазарот. Актуелната социо-економска ситуација дополнително го поттикнува развојот на заеднички производи. Така што, банко-осигурување дефинитивно ќе се развива а со посебен фокус на CPI – credit protection insurance производи. Овие производи се издвоени како перспективни во финансиските услуги и иновативни, така што создаваат многу можности за развој“, кажа во неодамнешното интервју за Капитал, директорот на Кроација неживот, Александар Манев.

Сепак, тој истакна дека како економија далеку  сме од врвот во осигурителниот пазар и имаме  можности за уште поголем раст.

„Меѓутоа потребни се извесни системски и регулаторни интервенции како и едукација.“, вели Манев.

За бројот на склучени договори за осигурување за цела  2021 се’ уште не се објавени официјалните податоци од АСО, но гледано според бројките за првите девет месеци, кога имаше  зголемување  за 32 отсто и надмина 1,13 милиони, и вкупните бројки за цела 2021 година ќе бидат во таа насока.

Инаку, крајот на 2021 година со најголема БПП го дочека Триглав, 1,33 милијарди денари (21,7 милиони евра), што е раст од 8,22% во однос на 2020 година. Следи Еурлинк со БПП од 18,3 милиони евра (+16,7%), Уника со 16,6 милиони евра (+ 23,75), итн. Најголем раст на БПП минатата година имала компанијата Кроација неживот, од 45,5%, на без малку 11 милиони евра.

Според АСО, значајно зголемен интерес има кај осигурувањето имот, патничкото осигурување, приватното здравствено осигурување, осигурувањето од финансиски загуби, осигурување од општа одговорност и кај задолжителното автомобилска осигурување.

Солиден раст на продажбата има во најголемата доброволна класа – осигурувањето имот. Бројот на склучени договори за осигурување имот за првите девет месеци (за цела година се уште не се објавени податоците) надмина 107.000, а нивната вредност надмина 1,85 милијарди денари (30 милиони евра). Тоа е за 22 отсто (5,4 милиони евра) поголема продажба од истиот период лани.

Од индустријата очекуваат овој тренд на пораст да се задржи и во 2022 година.

„Генерално, очекувањата за 2022 година се позитивни, односно се очекува зголемено ниво на премија и наплата, иако неизвесноста која ја предизвикува пандемијата од Ковид 19 може негативно да влијае на резултатите. И покрај тоа, Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува да ја одржи водечката позиција на пазарот и да ја задржи профитабилноста и сигурноста во работењето. Планираната премија во 2022 година изнесува 1.495 милијарди денари , односно раст од околу 10% во однос на 2021 година. Добивката исто така се очекува да се движи во нагорна линија и да достигне 41,5 милиони денари  во 2022 година.“, велат од Триглав осигурување во нивниот коментар на финансискиот резултат доставен до Берзата.

Сепак, напомнуваат дека работењето во осигурителниот сектор се одвива во отежнати макроекономски услови, а истовремено може да се очекува заострена конкуренција на осигурителниот пазар и неповолно финансиско опкружување за остварување на принос од финансиските вложувања.

Бум на приватното здравствено осигурување

Најбрзо растечки осигурителен производ и лани  било  приватното здравствено осигурување. Десет осигурителни компании од продажба на вакви полиси инкасирале 35 отсто повеќе од истиот период во 2020. Продажбата достигна 300 милиони денари (4,9 милиони евра). Бројот на договори за приватно здравствено осигурување порасна за 42 отсто, а склучени се над 12.800 договори.

Вложувањата во полиси кои осигуруваат од општа одговорност пораснале за 27 отсто и за првите девет месеци од нив компаниите наплатиле 200,5 милиони денари (3,26 милиони евра). Склучени се 39.000 договори за осигурување што е за 15 отсто подобро од 2020.

Осигурувањето од финансиски загуби, иако мала класа во структурата на доброволни осигурувања, во 2021 книжи раст од 10 отсто на вредноста на продадени полиси која надмина 1 милион евра.

Очекувано, поради олабавување на рестриктивните здравствени мерки, лани  имаше голем раст на продажба на патничко осигурување. Осигурителните компании за неживот продале 216.000 полиси за патничко осигурување, двојно повеќе од истиот период 2020 година. Од тоа инкасирале 118 милиони денари (1,9 милиони евра) или 92 отсто повеќе од 2020.

Задолжителната автомобилска одговорност и понатаму останува класа со најголемо учество во вкупната продажба. За првите девет месеци се склучени 490.000 договори за осигурување, а нивната вредност е 3,68 милијарди денари (59,9 милиони евра). Продажбата на овие полиси е зголемена за 20 отсто во однос на 2020 година.

Износот на исплатени штети повисок за 14% во 2021

На страната на исплатените штети, минатата година граѓани, фирми, здруженија и државни институции наплатија над 4 милијарди денари (66,2 милиони евра) од осигурителните компании за настаните штети покриени со неживотно осигурување. Вкупниот износ на исплатени штети (бруто исплатени штети –  БИШ) минатата година е повисок за 14 отсто (8,2 мил. евра) во споредба со 2020 година. Лани се исплатени речиси 80.000 пријавени штети, покажуваат официјалните податоци на АСО.

За пријавени штети врз осигурен имот осигуреници лани наплатиле 13 отсто повеќе од 2020 година. Сите 11 осигурителни компании за неживотно осигурување за штети врз осигурен имот лани исплатиле 710 милиони денари (11,5 мил. евра). Друштвата за осигурување лани исплатиле речиси 9.000 оштетни побарувања на своите осигуреници. За осигурен имот на физички лица се исплатени вкупно 316 милиони денари (над 5 мил. евра), а на правни лица 394 милиони денари (6,4 милиони евра).

Кај најбрзо растечката класа – приватно здравствено осигурување, исплатата на штети го следи растот на продажба на осигурителни полиси. За минатата година девет осигурителни компании исплатиле 211 милиони денари (3,4 милиони евра). Тоа е двојно повеќе од износот на штети што го исплатиле во претходната 2020 година во која поради здравствената пандемија и почна да расте популарноста на оваа доброволна осигурителна класа.

Кај осигурувањето од незгода ( најмасовна класа на доброволно осигурување кое покрива речиси 700.000 осигуреници) лани се исплатени штети во вкупна вредност од 434 милиони денари (7мил.евра).  А тоа е за 8 отсто повеќе од претходната година.

За штети врз каско осигурени возила осигуреници наплатиле 507 милиони денари (8,2 милиони евра) или 4 отсто повеќе од 2020 година.

Од помалку застапените класи на доброволно неживотно осигурување импозантен раст на исплатени штети бележат три осигурителни класи. Исплатените штети за карго осигурување се зголемени за 7 пати во однос на 2020 година), а речиси е удвоен износот на исплати за осигурени штети од финансиски загуби. Кај осигурувањето кредити се исплатени 3,75 милиони денари (61.000 евра) додека во 2020 година немало исплати.

Само патничкото осигурување со пад на исплатените штети, поради ковид кризата

Патничкото осигурување е единствената класа во која лани износот на вкупно исплатени штети е понизок во однос на 2020 година. Сите 11 осигурителни друштва исплатиле 40 милиони денари (0,65 милиони евра) што е за 15 отсто помалку од 2020 година.

Во најголемата класа – осигурување од автомобилска одговорност 11 компании лани исплатиле 2,1 милијарди денари (34,2 милиони евра) за речиси 30.000 пријавени штети. Износот на исплатени штети лани е за 12 отсто повисок од претходната година.

Во вкупниот износ на исплатени штети лани АДОР „Македонија“и „Еуролинк“ учествуваат со по 362 милиони денари (6 милиони евра), „Триглав“ со 570 милиони денари (9,2 милиони евра), „Сава“ со 463 милиони денари (7,5 милиони евра), „Евроинс“ со 396 милиони денари (6,4 милиони евра), а „Винер“ со 341 милиони денари (5,5 милиони евра). „Граве Неживот“ лани исплатила 142 милиони денари (2,3 милиони евра), „Уника“ платила 408 милиони денари (6,6 милиони евра), „Осигурителна полиса“ 261 милиони денари (4,2 милиони евра), „Халк Осигурување“ исплатиле 512 милиони денари (8,3 милиони евра),  а „Кроација Осигурување – неживот“ 250 милиони денари (4,1 милиони евра).


И животното осигурување со двоцифрен раст

Раст на бруто полисираната премија бележи и секторот на животното осигурување, којшто 2021 ја заврши со вкупна БПП од нешто над 2 милијарди денари (32,5 милиони евра), што е раст од 15%.

Бруто исплатените штети во овој сектор бележат раст од дури 36,2% на 9,7 милиони евра, но според познавачите на пазарот тоа се должи и на фактот што полека почнуваат да истекуваат периодите на договорените полиси помеѓу клиентите и компаниите (склучени на пример пред 10 или 15 години), при што осигурениците почнуваат да ги наплаќаат акумулираните суми, со оглед на тоа што животното осигурување има своја специфика. За разлика од неживотното, доколку не настане штета во периодот додека трае полисата, корисникот на крајот може да наплати сума во вид на заштеда.
Во овој сектор, пазарен лидер е Кроација живот, со БПП од 11,2 милиони евра во 2021, пред Граве со 8,4 милиони евра, Винер живот со 5,7 милиони евра, Уника живот со 4 милиони и Триглав живот со 3,2 милиони евра.

Најголем раст кај БПП има Триглав живот, од 215,9%, пред Уника живот со 35,4%, додека само Граве има пад на БПП од 3%. 

банки17 часа ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“

економија17 часа ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

македонија20 часа ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

регион21 час ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

економија3 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

банки4 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

свет6 дена ago

Автомобилската индустрија се граба за литиум – поскапен е 700% за две години

економија6 дена ago

Македонската берза ќе ја одржи својата 21-ва Годишна конференција на 23 септември во Охрид

економија7 дена ago

„Брако“ со 74 нови вработувања во првите шест месеци

економија1 недела ago

Инфлацијата во јули 16% на годишно ниво – најмногу поскапеле храната и транспортот, за речиси 25%

свет6 дена ago

Автомобилската индустрија се граба за литиум – поскапен е 700% за две години

економија3 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

економија7 дена ago

„Брако“ со 74 нови вработувања во првите шест месеци

економија6 дена ago

Македонската берза ќе ја одржи својата 21-ва Годишна конференција на 23 септември во Охрид

банки4 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

регион21 час ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

економија17 часа ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

македонија20 часа ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

банки17 часа ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“