Connect with us

македонија

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

Иницијатива на Амчам и Конект во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“
Најдобри практики за корпоративна филантропија

објавено

на

Своето место меѓу шесте најдобри корпоративни практики за филантропија, Пакомак, компанија за управување со пакување и отпад од пакување, го заслужи со промоција на паметниот систем за рециклирање на ваквиот тип отпад преку повратни вендинг машини и употреба на паметни телефони. Како бонус ефект од акцијата е можноста да се донира на СОС Детското село.

Пакомак е најстарата и најголемата компанија за управување со пакување и  отпад од пакување во земјава  во однос на регистрираните производители со  вкупниот отпад од пакување пуштен на пазарот (околу 42%). Компанијата е должна да воспостави соработка со локалните власти за систем за селекција на отпадот преку инвестирање во инфраструктура со поставување на канти и  контејнери за селекција на отпад, собирни пунктови, камиони, капацитети за рециклирање и споделување/финансирање на трошоците за собирање и транспорт. Обврзана е и да ја зголеми јавната свест кај граѓаните за потребата и придобивките од селекција и рециклирање на отпадот. Активностите на Пакомак се целосно финансирани од надоместоците што ги плаќаат регистрираните производители (индустријата).

Пакомак во последните неколку години веќе постави 1370 иглу контејнери за селекција на отпад од пакување на национално ниво. Проблемите со кои секојдневно се соочува Пакомак е собирањето на амбалажниот отпад од контејнерите за селекција на отпад  поради непрецизните информации кои во реално време ги имаат за нивната исполнетост со отпад од пакување од една страна, а од друга страна поради нивното позиционирање (локација ) во општините низ државата. Фреквенцијата на овие проблеми секојдневно се зголемува со зголемувањето на бројот на поставени контејнери за селекција на отпад на целата територија на Република Северна Македонија.

Често се случува специјализирани возила за празнење на овие контејнери да посетат контејнери за селекција на отпад кои се делумно полни со отпад од пакување или полните контејнери за селекција на отпад да не се посетат навремено поради непрецизни информации.Како резултат на ова, во Пакомак се соочуваат со незадоволни и обесхрабрени граѓани за селектирање на отпадот од пакување.

Во Македонија годишно се создаваат 110.000 тони отпад од пакување, од кои приближно 31.900 тони пластика (29%), 46.200 тони хартија (42%), 17.600 тони стакло (16%), 4.400 тони се алуминиум и  другиот феро-метали (4%) и 9.900 тони се композитни материјали и дрвен отпад (9%). Приближно повеќе од 65.000 тони отпад од пакување на годишно ниво се создаваат од домаќинствата и треба да се собираат во контејнери за селекција на: пластика, метал, стакло и хартија, како и во повратните вендинг  машини  за  ПЕТ шишиња и алуминиумски лименки.

Вие оставате лименки и шишиња, за возврат добивате парички, а може и да донирате за дечиња без родители

За да ги мотивира граѓаните кои не користат контејнери за селекција на отпад од пакување и да го спречи фрлањето ѓубре наоколу, Пакомак разви паметен систем со повратни вендинг машини, каде што пластичните ПЕТ шишиња и алуминиумските лименки може да се разменуваат со „зелени поени“ кои се акредитирани на корисничка сметка до која се пристапува преку апликацијата ЕcoMak.Овие зелени поени може да се користат за купување на производи моментално во маркетите на Тинекс,Стокомак и Веро каде што се поставени и самите вендинг машини.

Како дополнителна можност за вклучување на Пакомак во корпоративната филантропија, за граѓаните кои рециклираат во овие вендинг машини, овозможени се и ваучери за донација на средства во СОС Детското село. Граѓаните кои рециклираат во повратните вендинг машини имаат можност да донираат во СОС Детско село  ваучери од 10, 50, 100 и 200 денари. Целата сума што ја донираат корисниците преку апликацијата Еcоmak, Пакомак ја уплаќа на СОС детското село како донација. На овој начин Пакомак ја применува филантропијата како практика во работењето. Со апликацијата Еcоmak и дигиталната технологија, Пакомак има преглед на вредноста на ваучерите и бројот на корисници кои избрале да донираат средства во СОС детското село.

„Планот на компанијата е во следните четири години низ целата земја да постави вакви вендинг машини кои ќе бидат достапни за сите граѓани. Имплементирањето на овој систем паралелно со контејнерите за селекција на отпад ќе го подобри собирањето на отпадот од пакување и ќе го намали ѓубрето и загадувањето на нашата животна средина од една страна, а од друга страна ќе создаде нови работни места.“, вели Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

Пакомак во моментов има инсталирано 28 повратни вендинг машини во маркетите и во иднина се планира поставување на 20-30 нови вендинг машини  годишно кои ќе бидат достапни за сите граѓани.

Од почетокот на овозможувањето на опцијата на апликацијата Еcоmak за донирање зелени поени  во СОС детското село, донирани се 13.390 денари од 161 корисник. Мрежата на корисници на апликацијата Еcomak се зголемува за 300 корисници неделно. Во моментов апликацијата Еcomak ја користат 15 236 корисници. Долгорочното планирање ќе обезбеди повеќе можности за донирање зелени поени, како во градинките, општините, здравствените домови со цел да се поттикнат граѓаните на филантропија како дел од животните навики.

Подобар живот преку дигитално следење и транспарентно управување со отпадот од пакување

Општа цел на проектот е подобрени услови за живот преку паметно, дигитално следење и транспарентно управување со отпадот од пакување.

Една придобивка е зголемена ефективност, ефикасност и транспарентност на системот за управување со отпад од пакување управуван од Пакомак.

Втората главна придобивка е повеќе граѓани и општини да се ангажираат во рециклирање со користење на паметната инфраструктура за отпад од пакување.

„Доколку  системот за управување со отпад од пакување се подобри преку употреба на дигитални технологии и ако се поттикне свеста за важноста на селекција и рециклирање на создадениот отпад од пакување кај граѓаните, а особено кај младите, тогаш се собира повеќе отпад од пакување на поефикасен начин,  што доведува до помалку рециклирачки материјал кој завршува на депониите или во природата и примарните ресурси се зачувани што придонесува за подобри услови за живот на граѓаните.“, објаснува Ивановски.

Зголемувањето на ефективноста и ефикасноста директно ќе ги зголеми собраните количини на отпад од пакување и ќе ги намали количините на отпад од пакување што би завршиле на депонија.

Комуникацијата и континуираното присуство на паметна инфраструктура ќе ги едуцира сите граѓани да се грижат за својата животна средина и да го пренесат знаењето на помладите генерации. Имплементацијата на новиот паметен систем за управување со отпадот од пакување ќе резултира со помалку отпад што се одлага во природата, помало загадување на воздухот и позадоволни граѓани.

„Со цел да ги поттикнеме граѓаните да донираат зелени поени  за СОС детското село, социјалните мрежи ни беа од голема помош. Со рекламирање на социјалните мрежи стигнавме до бројката на корисници на апликацијата Еcоmаk од околу 15.000. Ова е начин да се променат навиките на луѓето за филантропија, еколошка свест и селекција на отпад од пакување за чиста и здрава животна средина. Дигиталната комуникација станува дел од нашето секојдневие. На него Пакомак се прилагодува со воведувањето на системот Smart Waste management, особено кај младата популација, каде сега се создаваат навики за подобар и поквалитетен живот во иднина.“, истакнуваат од компанијата.

економија1 ден ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија2 дена ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија1 недела ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%