Connect with us

технологии / компании

Паметни градови: преку технологија до подобар живот

објавено

на

Според проценките на ОН, до 2050 година, преку 68% од светската популација ќе живее во големи градови, што придонесува за зголемено загадување на воздухот и неекономично трошење на ресурсите. Како одговор на овие модерни предизвици, а со помош на технологијата, создаден е концептот на паметни градови.

Паметните градови се дигитализирани поврзани градови коишто имаат за цел да ги оптимизираат ресурсите, да придонесат кон здрава и одржлива околина и да го унапредат урбаното живеење. Начинот на кој еден град станува паметен е преку менување и подобрување на целосниот еко-систем, почнувајќи од институционалната, преку физичката и социјалната, па сè до економската инфраструктура.

Паметни градови во Македонија

За развојот на паметни градови потребна е врвна инфраструктура и најсовремена технологија. Тие се базирани на платформа на која може да се додаваат нови решенија и апликации. Македонски Телеком досега ја имплементираше оваа технологија во Скопје, а паметно осветлување беше обезбедено во четири помали општини во Македонија, со план за постојано ширење. Развојот на паметните градови е најдобар пример за тоа како технологијата се користи за подобар живот на граѓаните. Придобивките се многубројни, како на пример: заштеда на електрична енергија и трошоци за осветлување, подобра инфраструктура, ефикасно управување со трошоци и ресурси, следење во реално време, побезбедни улици, регулиран сообраќај и паркирање, намалување на емисијата на штетни гасови итн.

Интернет на нештата

Клучната технологија за создавање паметен град е „Интернет на нештата“ (Internet of Things). Со помош на оваа технологија се создава платформа на која се поставуваат сите функционалности и апликации за паметен град. Штом ќе се постави, платформата нуди голем потенцијал и многу можности. Трендовите на IoT сугерираат дека до 2025 година бројот на поврзани уреди ширум светот ќе се зголеми на 75 милијарди, што ќе го надгради концептот на „Паметно живеење“ каков што го знаеме досега. 

5G ќе го отклучи потенцијалот на паметните градови

Со доаѓањето на мрежата на петтата генерација, паметните градови ќе го достигнат својот вистински потенцијал. Со оглед на тоа што 5G ќе овозможи развој на Интернет на нештата, технологија на која се темелат паметните градови, овие две технологии ќе бидат постојано поврзани. Последниот мрежен стандард од петтата генерација е веќе тука; Македонски Телеком покри поголем дел од градовите, а во 2022 година се очекуваат и првите 5G услуги. 5G ќе овозможи информациите да се пренесуваат и следат во реално време, со што подобро ќе се одржува инфраструктурата и ќе може веднаш да се реагира штом ќе се појават предизвици. Исто така, ќе се зголеми бројот на паметни сензори затоа што 5G овозможува огромен број на поврзани сензори коишто комуницираат без притоа нивниот број да влијае врз брзината или латенцијата.

Алатка за борбата против климатските промени Освен што ќе продонесе за вистински развој на паметните градови, 5G, заедно со паметните сензори, Cloudтехнологијата и Вештачката интелигенција, ќе влијаат во насока на намалување на емитувањето на штетните гасови, на енергетска ефикасност, ефикасно користење на природните ресурси, подобрување на производството на храна, обновување на  биодиверзитетот и др. Овие технологии ќе бидат алатка што ќе ни помогне во борбата со климатските промени и ќе ни овозможи да живееме во самоодржливи средини во хармонија со природата.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал