технологии / компании
Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?
Е – трговија и Ковид – 19
објавено
на
автор:
Игор Петровски
Поради рестриктивните мерки кои државите ги преземаа за затворање на економиите во борба против пандемијата, потрошувачите беа на некој начин принудени да ги променат навиките и да се свртат повеќе кон е – купување и е – услуги. Сепак, останува неизвесно дали овие промени ќе бидат долготрајни. Брзата адаптација да се биде онлајн предизвикана од пандемијата на Ковид – 19 беше клучна за многу трговци да опстанат, особено поради намалениот промет во физичките продавници. Како одговор на предизвикот бројни компании се адаптираа и отворија нов канал за продажба кој им помогна да се справат со ударот и да го ублажат падот, други ја искористија можноста и постигнаа троцифрени бројки на раст, трети кои не успеаја да се адаптираат или кои доаѓаат од погодените сектори забележат значителен пад. Овие согледувања, меѓу, другото беа клучните теми за коишто се дискутираше на овогодишната, трета по ред, Конференција за е – трговија, во организација на македонската Асоцијација за е – трговија (АЕТМ).

Ковид – 19 несомнено го забрза растот на е – трговијата на глобално ниво, што овозможи некои земји за шест месеци да го достигнат проектираното ниво на раст за 2022-2023 година. Поради рестриктивните мерки кои државите ги преземаа за затворање на економиите потрошувачите беа на некој начин принудени да ги променат навиките и да се свртат повеќе кон е – купување и е – услуги. Сепак, останува неизвесно дали овие промени ќе бидат долготрајни.
Брзата адаптација да се биде онлајн беше клучна за многу трговци да опстанат, особено поради намалениот промет во физичките продавници. Како одговор на предизвикот бројни компании се адаптираа и отворија нов канал за продажба кој им помогна да се справат со ударот и да го ублажат падот, други ја искористија можноста и постигнаа троцифрени бројки на раст, трети кои не успеаја да се адаптираат или кои доаѓаат од погодените сектори забележат значителен пад. Овие согледувања, меѓу, другото беа клучните теми за коишто се дискутираше на овогодишната, трета по ред, Конференција за е-трговија, во организација на македонската Асоцијација за е-трговија (АЕТМ).

И оваа година, конференцијата, сега реализирана онлајн поради добро познатите причини во врска со пандемијата, беше место каде што сите присутни, а имаше преку 300, можеа да ги прошират своите знаења во областа на е – трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски чинители во екосистемот на е – трговијата.

Конференцијата изобилуваше со богата дводневна програма која се состоеше од повеќе од 30 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои го пренесоа своето искуство и знаење преку презентации, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со интернет продажба, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е -трговијата.
„Ова е исклучително време за е – трговијата, а исклучителните времиња бараат исклучителна трансформација. Жално е што овие околности се предизвикани од глобалната пандемија која однесе многу жртви и предизвика огромна штета за светската економија, но во исто време кризата остави пред нас предизвици за коишто токму денеска и утре ќе зборуваме. Третата годишна конференција за е – трговија претставува уникатна прилика да се добијат совети за раст и развој на бизнисот и да се слушне од прва рака искуството од реномираните меѓународни и домашни експерти со користење на електронска трговија, како и да се дознаат начините за зголемување на онлајн безбедноста, збогатување на корисничкото искуство во периодот на глобалната пандемија и можностите кои ги нуди меѓуграничната е – трговија.” рече д-р Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ, и самата познат претприемач во областа на е – бизнисот, ко – основач на платформата за групни попусти Grouper.mk.

Ниското ниво на дигитални вештини го кочи побрзиот развој на е – трговијата
Таа ги презентираше наодите од анализата што ја направија во АЕТМ, со наслов „Напредокот на е – трговијата во период 2017-2019 година со посебен осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е – трговијата во 2020 година”.
Анализата е направена со достапните податоци од НБРСМ и со примарно истражување, спроведени прашалници на македонските е – продавачи и е – купувачи со цел да се согледа дали и како е – продавачите ги искористиле можностите, како одговориле на предизвиците и се прилагодиле на пандемијата, како и влијанието на COVID-19 врз однесувањето и навиките на е – купувачите. Бројките покажуваат дека македонските граѓани за првите шест месеци од 2020 година направиле 4,3 милијарди денари со платежни картички кон домашните интернет продавници и растот во првите шест месеци споредено со истиот период 2019 година изнесува 113%.
Растот во вредноста на онлајн трансакциите секако бил придружен со раст на издадени платежни картички. Бројот на издадени платежни картички во јуни изнесува 2.124.359, а значајно е да се спомне дека најголем раст е забележан во јуни месец кога се издадени 275.556 платежни картички. Во јуни 2020 година имало 1.223 виртуелни места на продажба што преставува раст од 20% во однос на декември 2019 година. Особено во вториот квартал е забележителен пораст на виртуелните места на продажба.
„ Резултатите од спроведениот прашалник од е – трговците даваат одговори, за предизвиците со кои се среќаваат во онлајн продажбата, за потенцијалот и степенот на искористеност на можностите создадени со COVID-19, како и придобивките од дигитализацијата. Како најголем предизвик за е – трговците се истакнува ниското ниво на дигитални вештини кај населението. Согледувањата од прашалникот и презентираните студии на случај укажува дека најмногу го искористиле потенцијалот оние компании кои го антиципирале значењето на дигитализацијата, односно кои во минатиот период уште пред пандемијата работеле на подготовки за иновирање и трансформација.“, вели претседателката на АЕТМ, Ангеловска.
Македонските е -купувачи како и европските онлајн најмногу купуваат облека и спортска опрема. За време на Ковид кризата и понатаму оваа категорија е најкупувана онлајн со малку намалена динамика. Значително намалување како резултат на COVID-19 секако имаат категориите хотелско и друго сместување, билети за настани, други аранжмани за патување. Најголемо зголемување на онлајн купување има кај храна или производи за секојдневна употреба. Значајно се променети и навиките за плаќање сметки онлајн за електрична енергија, вода и телекомуникациски услуги.
„Онлајн нарачките под влијание на COVID-19 се зголемиле, но главното прашање е што по завршување на кризата, дали е – купувачите ќе продолжат со исто темпо. 76% од испитаниците се изјасниле дека ќе продолжат со исто темпо да купуваат онлајн. Главна мотивација за онлајн купување е пониската цена и бесплатна достава, а дополнителни причини се заштедата на време, потоа флексибилност да купуваат било кога, било од каде, а секако и во време на COVID-19 поголема безбедност за здравјето.“, додава Ангеловска.

Плејада на квалитетни панелисти и говорници на третата Годишна конференција за е – трговија

Годинава агендата на Конференцијата за е- трговија броеше пет панел дискусии со искусни говорници од најразлични области од екосистемот на е – трговијата. Се опфатија теми како, на пример, колку се користи потенцијалот на е – трговијата од страна на македонските е – трговци; преземањето на екстра чекори од страна на компаниите за достава; значењето и начините за зголемување на онлајн безбедноста и заштитата на потрошувачите; отклучување на потенцијалот на е – трговијата во Западен Балкан, како и за инклузивна дигитална економија преку претставување на инспиративните приказни на жените амбасадори за е – трговија на УНКТАД кои што споделија нивни искуства и предизвици. Овој панел беше организиран во соработка со УНКТАД и истиот го модерираше Торбјорн Фрериксон, шеф на одделот за ИКТ на УНКТАД.
Помеѓу реномираните странски говорници беа Јориј Абрахам, извршен директор на европската Ecommerce Foundation, Барбара Сеса, која е раководител на дигитални производи за широка потрошувачка за Европа во Mastercard, Патрик Колинс, основач на Prospect Labs, алатката за автоматизација за LinkedIn и Хауард Кингстон кој што е маркетинг експерт и “хакер за раст”. Тука беа и две УНКТАД амбасадорки за “E – трговија за жени” Хелианти Хилман, сопственичка на веб платформа за органски прехранбени производи од Индонезија и Назанин Данешвар, директор на веб платформа за групно купување од Иран кои што зборуваа на панел дискусија насловенa “E-trade for Women: Get Empowered & Inspired”.
На панелот “Отклучување на потенцијалот на е – трговијата во Западен Балкан” дискутираа Зорана Милидраг од Србија, директор за глобална е – трговија во Sport Vision, Мергим Чахани, основач на платформа за е – трговија во Косово и Албанија, Сенита Слипац, основач на онлајн платформа за купување и продажба на рачно изработени и оригинални производи во Босна и Херцеговина и Горан Димитријевиќ, маркет директор за Централна и Југоисточна Европа во Artmie LTD, основана во Словачка.
Помеѓу домашните говорници на панел дискусиите се наоѓаа претставници на компании за е – трговија (Драгана Ѓокиќ од Grouper.mk, Драган Јосифовски од Paket.mk, и Роберт Тодоровски од Kliknijadi.mk), претставници од компаниите за достава (Симона Лошкова од ДХЛ и Игор Гешовски од Eco Logistic), претставници од финансиски институции (Филомена Аспровска Пљаковска од Касис АД Скопје, Анастас Докоски од Халк Банк и Марија Петковска од НЛБ Банка), а на панелот за искористување за можностите во време на COVID-19 зборуваа и Иво Стојановски од A1 Македонија и Андреа Чапаровски од Sport M. Исто така учество зедоа и владини претставници од Царинската Управа на РСМ (Златко Ветеровски, помошник директор и Офелија Бајо, началник на одделението за царински и даночни постапки). Свои презентации одржаа и Никола Спасов, кој што е директор и сопственик на Агенција Рејтинг, Дамјан Дано кој е ко-основач на IWM Network и Јана Дурнева од Philip Morris International.
Прочитај Уште...
-
Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани
-
Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи
-
Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“
-
Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава
-
10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија
-
„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година



Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

Македонската економија на среден и долг рок (2)

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Македонската економија на среден и долг рок (2)
