Connect with us

start up

Пандемијата го зголеми четирикратно бројот на македонски стартапи што работат на решенија за здравствената заштита

објавено

на

Најзастапена индустрија во стартап екосистемот во Македонија  е софтвер за претпријатија со 24%, а најголем пораст бележи здравствената индустрија односно од 3% во 2016 година со скок на 12% во 2021 год, покажува второто обемно истражување на стартап сцената во земјава направено во последниве пет години, со наслов „Поврзување на македонскиот стартап екосистем 2021“ (Connecting Macedonian Startup Ecosystem 2021).

Анализата покажува дека кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и не е толку загрижувачка за стартапите и организациите кои ги поддржуваат. Имено за време на пандемијата 40% стартапи имале можност за раст и развој на бизнисот,  додека еден од три стартапи имаат забележано негативен ефект.

Во однос на возраста, податоците покажуваат дека 45% од стартапите се основани од лица од 28-35 години. Во Северна Македонија, еден од три стартапи е основан од страна на жена (66.6%), податок кој бележи навистина голем прогрес.

Истражувањето спроведено од страна на Стартап Македонија под покровителство на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) покажува дека над 70% од стартап компаниите во државата, во фазата на развој на бизнисот имаат потреба од дополнителни финансиски средства и токму тогаш најголема поддршка добиваат од страна на Фондот за иновации и технолошки и развој, покажува истражувањето спроведено од страна на Стартап Македонија под покровителство на ФИТР.

Анализата со која беа опфатени над 80 стартапи од Северна Македонија и повеќе од 28 организации за поддршка и инвеститори, покажува дека дури 62.7%, домашни стартапи аплицирале на повиците за кофинансирање, а 60% од нив, добиле финансиска помош од ФИТР. Претставниците на компаниите посочиле и дека Фондот им помогнал да препознаат каде треба да се подобрат и таа повратна информација е главно за пронаоѓање на соодветен пазар за производот.

„Истражувањето е од големо значење за државата бидејќи главната цел беше  да се мапира моменталната состојба на македонскиот стартап екосистем, да ги детектираме предизвиците со кои се соочуваат стартапите во фазите на развој, кои вештини им се потребни за напредок во бизнисот и на што треба да се фокусираат. Стартап компаниите сочинуваат над 50% од портфолиото на ФИТР и верувам дека иднината им припаѓа токму на нив. Во последните шест месеци направивме сериозни промени преку формирање на Национален Стартап совет, полесен начин за финансиска поддршка, квалитетно менторирање, пристап до дополнителни средства од најуспешните банки и серија други активности. Стартапите се главен двигател во една економија и сигурен сум дека работејќи заедно, наскоро ќе ја позиционираме Северна Македонија како центар за стартапи и иновации во регионот”, изјави Коста Петров, директор на ФИТР.

Според интервјуираните инвеститори и организации за поддршка во истражувањето, стартапите покажуваат изразени силни и слаби страни во некои области. Тие се навистина добри во фазата на развој на производ, но им недостасуваат суштинско знаење и вештини за да напредуваат во подоцнежните фази.

Соработката помеѓу стартапите и организациите кои ги поддржуваат бележи значително подобрување и треба да се задржи, бидејќи пред три години 50% од нив се соочувале со недостаток на соработка, а денес помалку од 15%. 

„Фрагментираност на стартап екосистемот беше една од најголемите забелешки во истражувањето во 2017 година. Сега слободно можам да кажам дека ова се надминува, бидејќи е зголемена комуникацијата и размената на информации помеѓу чинителите. Се бележи значителен развој во делот на понуди за поддршка на стартап компаниите, a за во иднина треба да се работи на подобрување и на законската регулатива која ќе олесни водење на бизнис од тука”, посочи Дејан Алексов, ко-основач на Стартап Македонија.

Во споредба со анализата спроведена во 2018 година кога 18,5% покажувале интерес за локалниот пазар, бројките покажуваат зголемен интерес односно 32%. Овој тренд е навистина позитивен имајќи предвид дека стартапите можат да внесат вистинска иновативност во домашната економија.

Заклучоците од спроведеното истражување велат дека стартапите најмногу треба да работат кон усовршување на продажните вештини за да ги зголемат приходите, да бидат поподготвени да инвестираат, односно да стекнат повеќе знаења како да го зголемат својот бизнис.

Од друга страна, потребно е поголемо учество на големите корпорации, бидејќи тие можат да го зголемат нивото на „know-how”, имаат подостапни мрежи и поголем капитал во екосистемот.

На 28-ми мај ќе се одржи Стартап Самит во организација на Стартап Македонија под покровителство на ФИТР, на кој ќе се идентификуваат и можностите за остварување на подобра соработка помеѓу стартапите и клучните страни на екосистемот.

Целосното истражување е достапно на следниот линк: https://fitr.mk/startap-istrazuvanje/

банки2 часа ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“

економија2 часа ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

македонија5 часа ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

регион5 часа ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

економија2 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

банки3 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

свет5 дена ago

Автомобилската индустрија се граба за литиум – поскапен е 700% за две години

економија5 дена ago

Македонската берза ќе ја одржи својата 21-ва Годишна конференција на 23 септември во Охрид

економија6 дена ago

„Брако“ со 74 нови вработувања во првите шест месеци

економија1 недела ago

Инфлацијата во јули 16% на годишно ниво – најмногу поскапеле храната и транспортот, за речиси 25%