Connect with us

економија

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

Колку станаа бизнисите посвесни за својата врска со заедницата

објавено

на

Се докажа дека општествената одговорност е неопходен дел од водењето успешен бизнис, а не дополнителна практика што е убаво да се има. Се докажа важноста на поврзаноста со заедницата и намалената зависност од глобални ланци. Трагањето по одржливи решенија стана посилен аргумент од базичната пазарна логика на најниска цена и се докажа дека одржливоста мора да е дел од водењето на сите бизнис процеси.

Настаните во нашето секојдневие се одвиваат како на брза лента. Секојдневно сме бомбардирани со вести за климатски катастрофи, социјална беда, војни, деструкција. Во исто време, вестите за луѓето кои го даваат својот придонес за светот да биде подобро место за живеење нè мотивираат да се надеваме на подобро утре. Со толку многу ресурси на дофат, корпорациите имаат силно влијание врз тоа како нашите општества ќе напредуваат. Сепак, корпорациите често се прикажуваат само како бесчувствителни  и жедни за профит организации. Колку  бизнисите всушност можат да бидат двигатели  за добро?

Пандемиската криза и проблемите што следеа потоа беа значаен катализатор за промена на парадигмата на корпоративната општествена одговорност на глобално ниво. Бизнисите се соочија со нови предизвици и притисоци, што ги натера на промена на своите процеси и пристапи. Тоа ги натера да размислуваат за својата одговорност и влијание врз вработените, заедницата и природата.

„Глобално пандемијата и кризата дадоа силна аргументација за значењето на одржливоста како принцип на водење одговорен бизнис“, истакнуваат во Конект, граѓанско здружение коешто веќе 15 години работи на проблематиката на општествена одговорност и одржлив развој.

„Се докажа дека општествената одговорност е неопходен дел од водењето успешен бизнис, а не дополнителна практика што е убаво да се има. Се докажа важноста на поврзаноста со заедницата и намалената зависност од глобални ланци. Трагањето по одржливи решенија стана посилен аргумент од базичната пазарна логика на најниска цена и се докажа дека одржливоста мора да е дел од водењето на сите бизнис процеси. “, вели Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

Пандемијата на дело ја покажа врската на бизнисите со општеството

Пандемијата несомнено го предочи и влијанието на човештвото и бизнисите врз природата. Сликите од враќањето на животните поради отсуството на луѓето предизвикано од локдауните остануваат врежани во меморијата, а глобалното затоплување веќе не феномен за којшто се спори дали и зошто постои. Пандемијата влијаеше и на зацртаниот глобален пат преку Агендата 2030 и Целите за одржлив развој кои го вградија и аспектот на нејзиното влијание поради дополнителното негативно влијание на најзагрозените луѓе во општествата.

Како што велат нашите соговорници, пандемијата на дело ја покажа врската на бизнисите со општеството. Особено релевантни станаа влијанијата на бизнисите врз човековите права – работничките права, правото на здравствена заштита, родовата рамноправност итн.

„Кај нас иако со години претходно се поставуваше прашањето за важноста на флексибилните работни пакети како дел од семејната одговорност и грижа за вработените и нивниот приватен товар (еднородителски семејства, грижа за членовите на семејствата, потреба од баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, попреченост, итн.), пандемијата направи флексибилните работни пакети (работење на далечина, флексибилно и клизно работно време, работа од дома, итн.) да станат неопходност. Така, практиката се постави и се докажа дека продуктивноста е возможна и во флексибилност. Цениме дека оваа е трајна промена и дека ќе се разбере суштината на овие мерки на одговорен работодавач.“, објаснува Кусиникова од Конект.

Во 2023 година, работата не е само работа. Од пандемијата наваму, луѓето масовно ги напуштаат работните места за да ги следат своите интереси и преференции за животниот стил. Тешко е да се најде добар работник, а талентот кој е лојален на вашата компанија е еден во милион. Кога вашата компанија има силна мисија и цел, ќе привлечете вредни вработени кои бараат повеќе од само плата. Социјално свесните компании го инспирираат и мотивираат нивниот тим, зголемувајќи го ангажманот на вработените, моралот, лојалноста и продуктивноста.

КОО е многу повеќе одошто збир на активности

Корпоративната општествена одговорност (КОО) е термин кој се користи повеќе децении. На почетокот, тоа било само плиток маркетиншки трик користен во компаниските соопштенија за одбележување на некаков ден за садење дрва и сл.  Денес, практиката на КОО бара многу повеќе од обичен збир на активности. КОО бара деловните практики да бидат ставени под лупа. Бизнисите мора да изградат рамка околу одговорноста и да бидат одговорни пред членовите на своите тимови, инвеститорите, јавноста и околината.

Поради технолошкиот развој  на медиумите, КОО сега е поважна од кога било. На интернет, лошите вести патуваат брзо, а добрите вести се малку и тешко се пробиваат покрај „конкуренцијата“. Луѓето се свесни за меѓусебната поврзаност на буквално сè и сфаќаат дека корпорациите играат витална улога во создавањето на правично и одржливо општество.

Кризата овозможи пред очи да се видат влијанијата што компаниите ги имаат врз животната средина, своите вработени, потрошувачите и заедницата. Кризите покажаа колку инкорпорираноста  на бизнисите во заедницата има значително влијание врз нив. Ориентацијата на локални добавувачи наместо глобални ланци бизнисите ги направи поотпорни. Лојалноста на потрошувачите и на вработените во времиња на криза се докажа за исклучително важен механизам на отпорност, кој не се гради преку ноќ, туку е резултат на добри пракси на грижа за вработените и градење доверба кај клиентите. Често практиките на општествена одговорност се клучни во овој домен.

Праксата на грижа за здравјето на вработените стана траен дел од многу корпорациски култури, што го покажа значењето на здрава работна сила за економијата. Компаниите треба да се проактивно вклучат во градење на здравствениот систем и да имаат пристап до здравствени услуги за своите вработени.

Енергетската криза покажа дека енергетската ефикасност не е само дополнителна добра практика туку насушна неопходност во водењето бизнис.

Компаниите што беа посветени на одржливост, односите со своите вработени, клиенти и локалните добавувачи и што вложуваа во заедницата беа поотпорни на кризата и успеаја да го издржат ударот. Генерално, овие пристапи и пракси можат да го направат бизнисот поотпорен на идни кризи и да имаат позитивно влијание на околината во кој бизнисот делува.

Во Македонија сè уште малку компании со јасен стратешки приод кон одржливоста

Ги прашавме во Конект, кога би направиле една генерална слика на развојот и имплементирањето на КОО стратегии кај македонските компании, како би ја оцениле ситуацијата сега.

„ Сѐ уште се реткост компаниите што имаат јасен стратешки приод кон одржливоста, општествената одговорност, корпоративната филантропија, ESG или во усогласувањето со развојните агенди.“, вели Виктор Мирчевски, програмски раководител во Конект.

Еден од аспектите во кои има напредок поради пандемиската криза е намалувањето на отпорот за воведување и примена на флексибилни работни модели, додава тој.

„Пандемијата докажа дека ефективноста е можна и при работа од дома, од далечина, онлајн или со флексибилно работно време. Од друга страна ова е важно за благосостојбата на вработените не само поради балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот, туку за намалување на родовиот јаз. Така, значајна можност е компаниите да ги унапредат своите практики преку стандардот Mamforce кој овозможува компаниите да ги намалат родовите бариери станувајќи работодавач што овозможува непречен кариерен и приватен напредок на вработените жени, мајки и оние што се грижат за членови од семејствата. “, објаснува Мирчевски.

Општествено одговорните бизниси имаат полојални потрошувачи

Во 2023 година, работата не е само работа. Од пандемијата наваму, луѓето масовно ги напуштаат работните места за да ги следат своите интереси и преференции за животниот стил. Тешко е да се најде добар работник, а талентот кој е лојален на вашата компанија е еден во милион. Кога вашата компанија има силна мисија и цел, ќе привлечете вредни вработени кои бараат повеќе од само плата. Социјално свесните компании го инспирираат и мотивираат нивниот тим, зголемувајќи го ангажманот на вработените, моралот, лојалноста и продуктивноста.

Според бизнис школата на Харвард, 93 отсто од анкетираните вработени во едно истражување веруваат дека бизнисите мора да покажат одговорно лидерство. Речиси 70 отсто од вработените рекле дека нема да работат во компанија која нема силна цел, а 60 отсто би прифатиле дури и помала плата за позиција во компанија со цел. Оваа статистика јасно покажува дека поединците сакаат да бидат дел од решението. Компаниите со силни иницијативи за КОО  ќе имаат  попосветена и позадоволна работна сила.

На истиот начин, потрошувачите сакаат да видат компании кои се грижат за општеството и животната средина – или, во најмала рака, да го ублажат нивното влијание. Над 70 отсто од Американците, на пример,  веруваат дека компаниите треба да вложат напори светот да го направат подобро место, додека 77 отсто од потрошувачите ќе бидат повеќе склони да купуваат од компании со одговорни политики. Што е уште поважно, 25 отсто од потрошувачите и 22 отсто од инвеститорите имаат нулта толеранција за компаниите со проблематична етика и практики.

Она што ова значи за компаниите е дека наместо да издаваат изјави за нивните возвишени идеали, тие треба да ги поткрепат своите теории со акција. Социјалното докажување е најголемата форма на органски маркетинг. Компаниите со висок стандард на одговорност и транспарентност ќе имаат корист од базата на клиенти која верува во нив и учествува во нивниот раст.

Конект како организација што спровела низа проекти досега од областа на имплементирање КОО стратегии, овозможува компаниите лесно да се вклучат во платформи што ќе овозможат да ги остварат своите цели за КОО  и ESG. „Клубот на одговорни бизниси“, освен едукација на компаниите членки и м овозможува активно да се вклучат во стручно обмислени програмски платформи што директно ќе влијаат на важни прашања за развој на нашите заедници. Од стратешка филантропија, преку корпоративно волонтирање, па се до вклучување во борбата против корупцијата, Клубот на одговорни бизниси ќе им овозможува на компаниите да го пронајдат својот фокус и здружено да делуваат на трајни промени.

економија2 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up5 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании5 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион5 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија5 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија5 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју5 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија5 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија5 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју5 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју5 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија5 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју5 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

македонија5 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија5 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

регион5 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија5 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

свет5 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании5 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up5 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор