Connect with us

економија

Пандемијата ја влошила наплатата на побарувањата

Бизнисите лани просечно наплатувале во рок од 110 дена

објавено

на

Просечниот период на наплата на побарувањата во земјава лани се продлабочил од 102 на 110 дена, покажуваат податоците од Централниот регистар. По одделни сектори, најкратки рокови за наплата има во дејностите трговија, транспорт, складирање и угостителство каде компаниите наплатуваат просечно за 89 дена, што е за 10 дена повеќе отколку во 2019 година. Потоа следува секторот информации и комуникации каде што просечно се наплатувало за 97 дена, во индустријата рокот за наплата просечно е 102 дена, 138 дена се чекало за наплата во секторот земјоделство, и дури 254 дена во градежништвото. Показателите кои што покажуваат каква е ликвидноста во бизнис секторот исто така покажуваат дека македонските фирми лани ималo помалку пари за нормално работење, иако властите и Народната банка преземаа низа мерки со коишто требаше да се ублажат последиците од корона – кризата. Од друга страна, евидентно е дека антикризните мерки во Европа дале резултат. Најновите показатели на шведската консултантска компанија Интрум за 2021 година покажуваат дека дури и во време на пандемија, европскиот просек на наплата на побарувањата помеѓу бизнисите се скратил за осум дена, од 60 на 52 дена, главно поради владината поддршка.

Компаниите лани во екот на корона кризата, ги наплатувале своите побарувања осум дена подоцна отколку годината претходно. Просечниот период на наплата на побарувањата во земјава лани се продлабочил од 102 на 110 дена, покажуваат податоците од Централниот регистар.

По одделни сектори, најкратки рокови за наплата има во дејностите трговија, транспорт, складирање и угостителство каде компаниите наплатуваат просечно за 89 дена, што е за 10 дена повеќе отколку во 2019 година. Потоа следува секторот информации и комуникации каде што просечно се наплатувало за 97 дена, во индустријата рокот за наплата просечно е 102 дена, 138 дена се чекало за наплата во секторот земјоделство, и дури 254 дена во градежништвото.

Според големината на компаниите, големите фирми наплатуваат најбрзо и тоа за три месеци, средните компании во просек за 106 дена, малите за 127 дена, додека пак ситуацијата е најлоша со кај микро фирмите кои чекаат во просек подолго од една година, односно 414 дена. 

Компаниите што работеле со добивка очекувано наплатувале побрзо отколку загубарите. Првите во просек за 102 дена, а другите за 162 дена.

Народната банка анализирајќи ги клучните показатели за ликвидноста на компаниите, меѓу кои и просечните рокови на наплата на побарувањата, констатира дека корпоративниот сектор ја завршил годината со стабилна ликвидносна позиција а придонес за тоа имале мерките што ги донесоа Народната банка и Владата како одговор на кризата за да го ублажат првичниот ликвидносен шок од пандемијата.

Показателите кои што покажуваат каква е ликвидноста во бизнис секторот покажуваат дека македонските фирми немаат доволно пари за нормално работење.

Коефициентот за тековна ликвидност кој што го изразува соодносот меѓу тековните средства и обврски, би требало да изнесува 2 (граница која според економистите гарантира дека тековните обврски ќе бидат платени навреме), според податоците од Извештајот за финансиската стабилност за 2020 година, изнесува 1,32 и е благо намален во споредба со годината претходно, за 0,02 процентни поени. По одделни сектори, овој показател е највисок во секторот информации и комуникации каде што изнесува 1,56, потоа во индустријата 1,43, па во трговија 1,39, додека пак најнизок е во градежништвото и тоа 1,16 и земјоделство, шумарство и рибарство каде што изнесува 0,82.

По големина на компаниите, кај големите компании тековната ликвидност изнесува 1,35, кај средните и кај малите фирми е 1,4 додека пак кај микро компаниите е најниска и изнесува само 0,87.

Најкратки рокови за наплата има во дејностите трговија, транспорт, складирање и угостителство каде компаниите во 2020 наплатувале просечно за 89 дена, што е за 10 дена повеќе отколку во 2019 година.

Логично, кај компаниите што лани оствариле добивка, тековната ликвидност е повисока и достигнува 1,51, додека пак кај загубарите е 0,87.

„Ликвидноста на корпоративниот сектор и натаму е скромна и е под нивото што теоретски се смета за задоволително, а и е нерамномерно распределена по одделни субјекти. Изложеноста на ликвидносниот ризик е најголема за микросубјектите, коишто имаат најниско ниво на моментна и тековна ликвидност, видливо под просекот на корпоративниот сектор. Во 2020 година, карактеристично е зголемено доцнење при наплатата на побарувањата и плаќањето на обврските, што доколку се задржи и во следниот период може да ја влоши ликвидносната позиција на корпоративниот сектор, особено по истекувањето на антикризните мерки. Евентуалното влошување на ликвидноста на корпоративниот сектор, може да се одрази врз неговата способност за намирување на обврските и да ги влоши изгледите за одржливоста на долгот на корпоративниот сектор на среден и долг рок“, пишува во последниот Извештај за финансиската стабилност на Народната банка.

Во Европа роковите за наплата се скратија

Најдолго за наплата во земјава лани се чекало во секторот градежништво, 254 дена.

Најновите показатели на шведската консултантска компанија Интрум за 2021 година покажуваат дека дури и во време на корона – криза, европскиот просек на наплата на побарувањата помеѓу бизнисите се скратил за осум дена, од 60 на 52 дена.

Наодите се засноваат на истражување на повеќе од 11.000 компании во 29 европски земји, спроведено помеѓу 25 јануари и 16 април 2021 година.

Консултантите на Интрум заклучуваат дека бизнисите се “помодрени“ од долгата истоштувачка криза предизвикана од пандемијата, но гладни за ново поглавје на раст.

„Во последните 12 месеци, Ковид-19 клекна многу европски бизниси, а директорите предвидуваат неизвесност за неколку години што доаѓаат. Сепак, без оглед на неизвесноста создадена од пандемијата, европските бизниси се повеќе ентузијасти за растот и иднината отколку што беа многу години“, пишува во Извештајот на Интрум за плаќањата во 2021.

Објаснуваат дека јазот во плаќањата се намалил поради владината поддршка – но прашање е колку долго ќе трае, односно како компаниите ќе ја одржат ликвидноста откако Владите ќе ги укинат антикризните мерки.

„Поддршката од државата, во комбинација со построгите услови за плаќање, ја поддржа ликвидноста и го намали платниот јаз во некои земји. Но, задоцнетите плаќања остануваат голема грижа. Ризикот од доцнење и неплаќање ќе расте бидејќи бизнисите ќе ги достигнат границите на ЕУ за државна помош и постепено се очекува да се повлече владината поддршка. Извршителите велат дека доцните плаќања го попречуваат растот и одржливоста; во некои земји повеќе од други“, констатираат од Интрум.

Очигледно е дека во некои делови на Европа, владината поддршка гарантира ликвидност и го намали јазот во плаќањето, но, според консултантите на Интрум, ова веројатно ги маскирало вистинските промени во однесувањето на плаќањето и несигурноста на некои бизниси.

„Како што фирмите поставуваат построги барања за плаќање и како што економска активност се рестартира, дури и компаниите коишто важат за здрави би можеле да се најдат себеси во ликвидносни предизвици. При управувањето со задоцнетите плаќања, бизнисите останаа прилично флексибилни, иако гледаме знаци дека компаниите се построги за условите за плаќање. Третина (35%) од испитаниците нудат ревидирани услови за плаќање и 29% нудат попуст како алтернатива. Двете алтернативи се рангираат на врвот во 2021 година. Од друга страна, секој петти не преговара за условите за плаќање“, пишува во Извештајот дополнувајќи дека се забележува намалување од 20% на оние коишто велат дека прифатиле подолги рокови за плаќање за да ги заштитат односите со клиентите.

Потресени од неизвесната економска позадина, компаниите поставуваат построги условите за плаќање заради зајакнување на нивното управување со готовина и конкурентна позиција. Ова е поместување од раните денови на кризата, кога задоволството на клиентите беше најважен приоритет. Во 2020 година, на пример, 69% од испитаниците рекле дека би прифатиле полоши услови за плаќање со цел да се заштитат односи со клиентите. Оваа година, процентот на оние што се спремни на тоа паднал на 49%.

Но, повеќето фирми, на еден или друг начин, одлучиле да бидат проактивни кон ликвидноста при што 59% рекле дека Ковид-19 ги ​​мотивирал подобро да го ублажат ризикот од задоцнети плаќања за нивниот бизнис.

Бизнисот се надева на ефикасни вакцини

Иако повеќето испитаници на Интрум очекуваат вакцината да има позитивно влијание врз нивните деловни перформанси – со тоа што раководителите на малите и средни претпријатија се поголеми оптимисти, околу половина од директорите што се соочуваат со намалени профити велат дека нема да се работи нормално пред 2022 или дури и 2023 година.

„Гледајќи ги регионалните разлики во очекувањата за пост – пандемиско закрепнување, има доста конзистентни одговори низ земјите во Европа, што може да биде изненадувачки со оглед на огромното влијанието на пандемијата во јужниот дел на Европа“, пишува во Извештајот на Интрум.

Многу директори низ Европа се оптимисти за иднината и вклучувањето на програмите за вакцини. За време на истражувањето односно пролетта 2021 година, близу три од четири од бизнисите во Европа рекле дека вакцините ќе имаат позитивно влијание врз нивните деловни перформанси.

Бизнисите во Холандија и Шпанија се најголеми оптимисти за позитивно влијание врз економиите од вакцините можеби поради важноста на туризмот и слободното движење на граѓаните како клучно за нивните економии, додека австриските и унгарските фирми се најмалку оптимисти дека имунизацијата ќе не врати во нормала.

Македонската влада поставува пократки рокови за плаќања во јавниот сектор

Со Предлог-измените на Законот за финансиска дисциплина што ги подготви Министерството за финансии се предвидува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Министерството за финансии од 60 на 30 дена и намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 на 60 дена.

Ќе се намалува рокот во кој јавниот сектор може да ги исплати обврските што ги има кон приватниот сектор. Со Предлог-измените на Законот за финансиска дисциплина што ги подготви Министерството за финансии се предвидува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Министерството за финансии од 60 на 30 дена и намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 на 60 дена.

Во Предлог-текстот на законот, којшто е објавен на ЕНЕР, се предлага започнувајќи од јануари 2023 година рокот за намирување на паричните обврски на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Министерството за финансии да изнесува 50 дена, од јануари 2024 година 40 дена и од јануари 2025 година да изнесува 30 дена. Додека, пак, рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се предлага започнувајќи од јануари 2023 година рокот за намирување на паричните обврски на овие субјекти да изнесува 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година да изнесува 60 дена.

Со измените се врши усогласување со роковите за исполнување на паричните обврски согласно Директивата за задоцнето плаќање.

Во актуелниот Закон за финансиска дисциплина е уредено дека во деловните трансакции меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор, кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник, не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена.

Исто така, со него се пропишува дека во деловна трансакција кога Фондот за здравствено осигурување на Македонија и корисниците на средства од Фондот, јавните здравствени установи и Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетските клиники, завод и ургентен центар се јавуваат како должници, не може да договорат рок за исполнување на паричната обврска подолг од 90 дена.

Законот за финансиска дисциплина е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите.

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите