Connect with us

економија

Пандемијата ја зголеми онлајн трговијата во Македонија за 141%

Кога на еден ќе му се стемни, на друг…

објавено

на

Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за впечатлив годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 141%, како и на кредитните трансфери иницирани по електронски пат од 28%, во текот на сите три квартали од 2020 година, покажуваат податоците од Народната банка. Сепак, ниското ниво на дигитални вештини го забавува дополнителниот раст и развој на е – трговијата, покажуваат анализите на Асоцијацијата за електронска трговија.

Ковид – 19 пандемијата несомнено го забрза растот на е – трговијата на глобално ниво, што овозможи некои земји за шест месеци да го достигнат проектираното ниво на раст за 2022-2023 година. Поради рестриктивните мерки кои државите ги преземаа за затворање на економиите потрошувачите беа на некој начин принудени да ги променат навиките и да се свртат повеќе кон е – купување и е – услуги. Сепак, останува неизвесно дали овие промени ќе бидат долготрајни.

Брзата адаптација да се биде онлајн беше клучна за многу трговци да опстанат, особено поради намалениот промет во физичките продавници. Како одговор на предизвикот бројни компании се адаптираа и отворија нов канал за продажба кој им помогна да се справат со ударот и да го ублажат падот, други ја искористија можноста и постигнаа троцифрени бројки на раст, трети кои не успеаја да се адаптираат или кои доаѓаат од погодените сектори забележат значителен пад.

Овие согледувања, меѓу, другото беа и клучните теми за коишто се дискутираше на овогодишната, трета по ред, Конференција за е -трговија, во организација на македонската Асоцијација за е – трговија (АЕТМ) што се одржа неодамна, целосно онлајн, поради познатите околности.

Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска, презентираше наоди од анализата што ја направија во асоцијацијата, „Напредокот на е – трговијата во период 2017-2019 година со посебен осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е – трговијата во 2020 година”.

Анализата е направена со достапните податоци од Народната банка и со примарно истражување, спроведени прашалници на македонските е – продавачи и е – купувачи со цел да се согледа дали и како е – продавачите ги искористиле можностите, како одговориле на предизвиците и се прилагодиле на пандемијата, како и влијанието на COVID-19 врз однесувањето и навиките на е – купувачите. Бројките покажуваат дека македонските граѓани  за првите шест месеци од 2020 година направиле 4,3 милијарди денари со платежни картички кон домашните интернет продавници и растот во првите шест месеци споредено со истиот период 2019 година изнесува 113%.

Онлајн најмногу се купува облека и спортска опрема

Растот во вредноста на онлајн трансакциите секако бил придружен со раст на издадени платежни картички. Бројот на издадени платежни картички во јуни изнесува 2.124.359, а значајно е да се спомне дека најголем раст е забележан во јуни месец кога се издадени 275.556 платежни картички. Во јуни 2020 година имало 1.223 виртуелни места на продажба што преставува раст од 20% во однос на декември 2019 година. Особено во вториот квартал е забележителен пораст на виртуелните места на продажба.

„Резултатите од спроведениот прашалник од е – трговците даваат одговори, за предизвиците со кои се среќаваат во онлајн продажбата, за потенцијалот и степенот на искористеност на можностите создадени со COVID-19, како и придобивките од дигитализацијата. Како најголем предизвик за е – трговците се истакнува ниското ниво на дигитални вештини кај населението. Согледувањата од прашалникот и презентираните студии на случај укажува дека најмногу го искористиле потенцијалот оние компании кои го антиципирале значењето на дигитализацијата, односно кои во минатиот период уште пред пандемијата работеле на подготовки за иновирање и трансформација.“, вели Ангеловска.

Македонските е -купувачи како и европските, онлајн најмногу купуваат облека и спортска опрема. За време на Ковид кризата и понатаму оваа категорија е најкупувана онлајн со малку намалена динамика. Значително намалување како резултат на COVID-19 секако имаат категориите хотелско и друго сместување, билети за настани, други аранжмани за патување. Најголемо зголемување на онлајн купување има кај храна или производи за секојдневна употреба. Значајно се променети и навиките за плаќање сметки онлајн за електрична енергија, вода и телекомуникациски услуги.

„Онлајн нарачките под влијание на COVID-19 се зголемиле, но главното прашање е што по завршување на кризата, дали е – купувачите ќе продолжат со исто темпо. Од испитаниците, 76% се изјасниле дека ќе продолжат со исто темпо да купуваат онлајн. Главна мотивација за онлајн купување е пониската цена и бесплатна достава, а дополнителни причини се заштедата на време, потоа флексибилност да купуваат било кога, било од каде, а секако и во време на COVID-19 поголема безбедност за здравјето.“, додава Ангеловска.

Заклучокот на анализата на АЕТМ е дека е – трговијата и понатаму бележи континуиран раст во земјава, но ниското ниво на дигитални вештини го забавува  дополнителниот развој на е – трговијата.

Исто така, препораката до бизнисите е  дека дигиталната комуникациска стратегија на брендовите мора да се адаптира во време на криза, исто како што е значајно да се адаптираат начинот на работење, на продажба, на производство, е – трговците треба да го прилагодат и начинот на комуникација односно да го адаптираат тонот и пораките кон јавноста согласно фазите во кризата.

Од АЕТМ велат дека онлајн безбедноста и заштитата на потрошувачите се клучни за раст – со што се покажува дека работата на е – трговците е директно контролирана од меѓународните картични организации и може да се смета за сигурна и безбедна.

Раст на бројот на плаќања преку интернет за 175%

Народната банка на РСМ, во своето најнов извештај за платежната статистика, заклучува исто така, дека граѓаните се’ повеќе ги користат придобивките од дигиталните канали за плаќање.

„Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за впечатлив годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 141%, како и на кредитните трансфери иницирани по електронски пат од 28%, во текот на сите три квартали од 2020 година.“, велат од Народната банка.

Плаќањата со платежните картички во трговијата во земјата во третиот квартал од 2020 година забележаа значителен годишен раст кај бројот и вредноста на остварените трансакции од 41% и 42%, соодветно. Притоа, забележлив е високиот годишен раст на бројот на плаќањата на граѓаните со платежни картички на местата на продажба на интернет, којшто во третиот квартал од оваа година изнесуваше 175% и е речиси петкратно повисок од годишниот раст во истиот квартал од минатaта година (37,7%). Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба, во третиот квартал од оваа година беше остварен годишен раст од 36,8%, којшто е значително повисок од годишниот раст во истиот квартал од минатата година (22,3%).

Од друга страна, негативно влијание на пандемијата е изразено кај плаќањата со користење на инструментот кредитни трансфери, коишто забележаа годишен пад од 4,4% кај бројот и од 4,9% кај вредноста на трансакциите. 

Сепак, од почнувањето на ковид – кризата па наваму, физичките лица сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери иницирани од страна на граѓаните во третиот квартал се зголемил за значителни 35,4% на годишна основа, што е речиси трипати повеќе во споредба со годишниот раст во истиот квартал во 2019 година (12,8%). 

За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации, што укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон забележително пораснал за значителни 84,2% на годишна основа. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е исто така многу повисок од годишниот раст остварен во третиот квартал од минатата година, којшто изнесуваше 49,3%. 

Покрај тоа, во третиот квартал од годинава продолжува и трендот на голема употреба на компјутерите за извршување плаќања во земјата од страна на граѓаните. Поконкретно, кај овие плаќања, во третиот квартал од оваа година се забележува висок годишен раст од 20,1%, којшто е повисок за четирипати од годишниот раст во третиот квартал од минатaта година, којшто изнесуваше 4,7%.

Од друга страна, условите коишто ги наметна пандемијата на ковид-19 придонесоа за забрзано менување на навиките на граѓаните и во однос на иницирањето кредитни трансфери на хартија, при што бројот на кредитните трансфери иницирани на овој начин забележа висок годишен пад од 34,4% во третиот квартал оваа година, наспроти годишниот раст во истиот квартал во минатата година, од 8,5%.

За што се користи интернетот?

Македонските граѓани се НАД  ЕУ просекот во користење интернет за:

  • Социјални мрежи 84% (ЕУ 65%)
  • Телефонирање 80% (ЕУ 60%)
  • Инстант пораки 86% (ЕУ 77%)

Македонските граѓани се ПОД ЕУ просекот во користење интернет за:

  • Барање и аплицирање за работа 11% (ЕУ 19%)
  • Продавање производи и услуги 6% (ЕУ 23%)
  • Е – банкарство 18% (ЕУ 66%)
  • Праќање и примање e – mail 58% (ЕУ 86%)

Извор: Анализа за напредокот на е – трговија,  АЕТМ

Профил на македонскиот  е – купувач

Што купува?
Облека  и спортска опрема (63%)
Електронска опрема (19%)
Хотелско и др. Сместување (10%)
Храна и производи за секојдневна употреба (9%)

Колку често?
Еднаш до два пати во 3 месеци

Колку троши?
50 евра просечно по нарачка

Од каде?
Најмногу од домашни е – трговци (69%)
Од Европа (21%) и од други земји (36%)

Извор: Анализа за напредокот на е – трговија,  АЕТМ

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал