македонија
Панел-дискусија на Универзитет Американ Колеџ Скопје: пет ЕУ амбасадори во разговор со студентите на УАКС

Настанот е дел од големата паневропска иницијатива „Конференција за иднината на Европа“ во која за првпат можност за учество добиваат и македонските граѓани, односно студентите од УАКС, преку поддршката од унгарското претседателство на Вишеградската група.
Денеска со почеток во 11 часот, на Универзитетот Американ Колеџ Скопје се организира панел-дискусија на тема „Иднината на Европа – еден поглед од земја-кандидат за членство во ЕУ“.
На панелот ќе земат учество пет амбасадори од Вишеградската група – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, како и амбасадорот на Словенија, земја актуелен претседавач со Европката унија, акредитирани во Република Северна Македонија.
Настанот е дел од големата паневропска иницијатива „Конференција за иднината на Европа“ во која за првпат можност за учество добиваат и македонските граѓани, односно студентите од УАКС, преку поддршката од унгарското претседателство на Вишеградската група.
Имајќи предвид дека по приемот на Хрватска, процесот на проширувањето на Европската Унија доживеа забавување, прашањето за приемот на Република Северна Македонија останува актуелно. Сепак, земјите на Западен Балкан имаат силна перспектива како членки и суштински е важно да се слушнат мислењата на нивните граѓани во однос на иднината на Европа и што тие очекуваат од европските институции, бидејќи тие сепак ќе станат дел од Европската унија.
Токму прашањето за тоа какви се мислењата и очекувањата од Европската унија е повод за средба на која петте амбасадори ќе ги претстават своите ставови, по што свои мислења и идеи ќе изложат и студентите од Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Програмата е организирана од страна на унгарското претседателство на Вишеградската група и УАКС со цел да се истакне важноста на процесот на проширување и да се вклучат граѓаните од земјите на Западен Балкан, посебно младите, во процесот на креирање на иднината на Европа.
Настанот се организира според епидемиолошките мерки за заштита. Поради ограничениот број на учесници, настанот може да се проследи и онлајн на платформата Webex: https://uacs.webex.com/uacs/j.php?MTID=m80bf77731959d248891777e758016a97