Connect with us

македонија

Пантелеон ГС им нуди на македонските професионалци да работат за американскиот пазар

објавено

на

Компанијата се придржува кон мотото „Нашите луѓе се нашиот бренд“, кое ја потенцира заложбата на компанијата да биде работно место во кое вработените ќе бидат задоволни, успешни, ќе напредуваат и ќе уживаат во работата.

Македонија е земја која често се споменува како голем извозник на квалитетен и образован кадар за земјите од Западна Европа и Северна Америка, поради што огромен број млади веќе по завршувањето на образованието размислуваат како да најдат работа во странство и да ја напуштат земјата. Во последните години, се отворија повеќе компании кои нудат аутсорсинг на домашен кадар за странските пазари, а притоа им отвораат шанси на заинтересираните македонски професионалци да работат за големи глобални компании и проекти. Една од нив е Пантелеон ГС, компанија која започна со работа во 2020 година и оттогаш бележи постојан раст на бројот на вработени и клиенти.

Кога во 2020 година започна како стартап компанија, Пантелеон ГС го одбра патот на квалитетна работа и обучување на способен кадар, со цел постојан раст и задоволување на високите барања на високопрофилните клиенти. Стратешката определба на компанијата да привлече и да вработи амбициозни млади професионалци се покажува како успешна одлука за сите страни, бидејќи а) тие добиваат квалитетен кадар; 2) создаваат повеќе работни места, што резултира во повеќе можности за домашните професионалци; 3) клиентите добиваат квалитетен и обучен кадар.

Токму во овој поглед, Пантелеон ГС се разликува од повеќето компании на нашиот пазар. Наместо да им нуди на младите потенцијални вработени само шанса за преселба и работа во странство, Пантелеон ГС создава тим кој работи локално и придонесува кон локалната економија, а притоа добива можност да се надградува во текот на самата работа и да стекне значајни квалификации и искуство од работа со некои од најдобрите компании во индустријата.

Специфичната гранка на Пантелеон ГС ѝ овозможува да нуди аутсорсинг услуги каде се нудат само умствените капацитети и компаниските пракси, на тој начин задржувајќи ги вработените во рамки на Македонија, со што и директно придонесува кон домашната економија. Дополнително, искуството кое овие луѓе го стекнуваат при работата со странски професионалци е непроценливо, бидејќи отвора нов свет на знаења кои се едноставно различни од она што го знаеме и можат да бидат од корист во идните професионални ангажмани.

Компанијата се придржува кон мотото „Нашите луѓе се нашиот бренд“, кое ја потенцира заложбата на компанијата да биде работно место во кое вработените ќе бидат задоволни, успешни, ќе напредуваат и ќе уживаат во работата. Така, Пантелеон ГС не само што обезбедува нови и модерни физички простории за работа, низа на лични бенефити и услуги, туку се залага и финансиските пакети кои ги нуди да бидат компетитиви, па дури и натпросечни во поглед на индустријата.

„Се залагаме за отворена комуникација на сите нивоа во компанијата, преку политика на отворени врати, што на секој вработен му овозможува директен и непречен пристап до членовите на врвниот менаџмент на дневно ниво. Ова сметаме дека е особено важно за градење на квалитетна комуникација внатре во компанијата и одржување на долготрајни релации“, вели Влатко Палчевски, Административен Директор на Пантелеон ГС.

Често се соочуваме со дилеми околу работните можности достапни на домашниот пазар на труд, особено во поглед на перспективата и финансиската сигурност. Пантелеон ГС е една од ретките компании кои на македонска територија им овозможуваат на амбициозни професионалци да го пронајдат „својот повик“ и да се одлучат за кариера HYPERLINK “https://panteleongs.mk/career/” HYPERLINK “https://panteleongs.mk/career/” HYPERLINK “https://panteleongs.mk/career/” HYPERLINK “https://panteleongs.mk/career/” HYPERLINK “https://panteleongs.mk/career/” HYPERLINK “https://panteleongs.mk/career/” HYPERLINK “https://panteleongs.mk/career/” работејќи со финансиски компании за факторинг, лизинг, осигурување и финансирање, брокерска компанија, мрежа за продажба на возила, компанија за регрутација, маркетинг и многу други, со конкурентни и натпросечни финансиски примања. Намерата и целта на Пантелеон ГС е да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности кои ќе бидат трајни и да ја приближи Македонија кон најразвиените светски пазари.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал