Connect with us

менаџмент / маркетинг

Партнерства што споија сосема различни компании

Стратегии

објавено

на

Со цел да ги искористат потенцијалите, да лансираат нови производи и да освојат нови пазари, овие бизниси решија да бидат доста креативни.

Стратешките партнерства се секогаш паметен начин да се креира побрз раст на бизнисот и да се прошири на нови пазари. Уште попаметно е да се размислува малку и надвор од конвенционалните рамки или од она што е очекувано како потенцијал. За да се креираат целосно нови производи, да се одржат вработените среќни, или да се постигнат амбициозни долгорочни цели, се исплати да се биде креативен околу тоа со кого се здружувате, па дури и да се погледне прилично подалеку од сферата на вашата сопствена индустрија.

Inc.com посочува четири пара на компании што во последно време имаат посегнато надвор од своите сектори за да изградат  взаемно корисни партнерства.

Meta и EssilorLuxottica

Шефот на Facebook, Марк Закерберг, ги претставува паметните очила развиени во партнерство со Ray-Ban.

На 28 октомври Facebook официјално објави дека ќе се реорганизира под новата мајка компанија, Meta. Но, прво ѝ понуди на јавноста да ѕирне во Metaverse – планираната социјална мрежа темелена на виртуелна и засилена реалност (virtual and augmented reality)  – околу месец дена претходно, со лансирањето на Ray-Ban Stories, линија на хај-тек очила  и очила за сонце, развиени во партнерство со компанијата мајка на Ray-Ban, EssilorLuxottica.

Секој пар од овие очила доаѓа со вградена камера, микрофон, и асортиман на звучници, со што им овозможува на корисниците да прават фотографии и снимаат кратки видеа за социјалните медиуми.

Да се поттикне желба кај потрошувачите за паметни очила е голем предизвик, особено после неуспехот на Google Glass, паметните очила на другиот технолошки гигант, коишто пред неколку години беа најавувани со голема помпа.

Ваков тип на производ што консументите треба да го носат и како моден детаљ,  не треба само да е новитет, туку мора да го има и соодветниот „кул“ фактор. Тука дојде до израз партнерството со Luxottica. Гигантот во областа на очилата ја искористи својата сила во модата и дизајнот, за да ја надополни експертизата на Meta во софтверските решенија и потрошувачките искуства.
„Ако сакаме технологијата на AR (augmented reality) да биде искористена и овој тип очила да станат меинстрим продукт, мора да се случат овој тип на партнерства“, вели Анкит Брамбат, главен проект менаџер на Meta Reality Labs.

Bumble и Delicious Hospitality Group

Bumble Brew е новиот фенси кафе  и вински бар што компанијата Bumble, којашто стои зад популарната апликација за љубовни состаноци и вмрежување го отвори во партнерство со Delicious Hospitality Group, њујоршка компанија која менаџира неколку ексклузивни ресторани.

Bubmle, компанијата што стои зад популарната апликација за љубовни состаноци и вмрежување, долго беше заинтересирана за изградба на офлајн простори каде што нејзините корисници може да се среќаваат. Првиот потфат од овој тип се случи во 2017 година, кога никна привремениот простор за дружење во квартот Сохо во Менхетн, наречен Bumble Hive NYC. Годинава, компанијата објави дека ќе отвори постојан објект само неколку блока подалеку: Кафе и вински бар наречен Bumble Brew.

Проектот е лансиран во партнерство со Delicious Hospitality Group, компанија што е сопственик на повеќе ексклузивни ресторани во Њујорк и околината, како што се Pasquale Jones и Charlie Bird.
„Со оглед на тоа што Bumble Brew е екстензија на нашиот бренд Bumble Hive, креирањето на простор во партнерство со Delicious Hospitality Group беше само наш природен следен чекор“, вели Џулија Смит Колфилд, шеф за бренд партнерства во Bumble.
„Тие не само што се одговорни за група на високо ценети ресторани и бизниси, туку ние долго време им се восхитувавме на нивните уникатни идеи за партнерства и out-of-the-box начин на размислување.“ Delicious Hospitality Group е одговорна за секојдневното функционирање на кафе барот, којшто беше отворен на 21 октомври годинава.

Microsoft и Code Republic

Софтверскиот гигант Microsoft и дизајнерите на луксузни чанти Code Republic се здружија за да направат чанти, футроли и останати додатоци за продуктите од линијата Surface на Microsoft

Фирмата за дизајн на луксузни чанти Code Republic го лансираше своето партнерство со технолошкиот гигант откако еден висок менаџер на Microsoft посетил нивна продавница во Австралија, во 2019 година. Code Republic со седиште во Њујорк, веќе имала дизајнирано чанта – футрола за еден од таблетите Microsoft Surface, но посетата на продавницата предизвикала ентузијазам кај менаџерот за поцврста соработка, односно развој на цела линија луксузни додатоци за уредите на Microsoft. Денес, Code Republic нуди чанти и футроли за сите димензии на Surface продуктите.

„Ако ги погледнете чантите за лаптопи, таблети и сл., мнозинството од нив, за жал, се дизајнирани имајќи го на ум првенствено машкиот потрошувач“, вели основачот и шеф на Code Republic, Антеа Роуан.
„А, ако го погледнете пазарот на рачни чанти, ништо не е дизајнирано специјално за технолошки уреди – не само од аспект на џебови и функционалност, туку дури ниту издржливоста и трајноста не се запазени.“
Роуан вели дека чантите се добро прифатени од жените професионалци на коишто веќе им е здодеано од користење на чанти креирани за мажи. Продуктите развиени за Microsoft сега заземаат околу половина од целиот бизнис на Code Republic.

&Pizza и Lyft

Вработените на синџирот на пицерии &Pizza со седиште во Вашингтон, добија можност со големи попусти или бесплатно да се возат до дома со возилата од платформата Lyft. Започна со превоз во раните утрински часови, затоа што голем број од нивните  продавници работат до 4 часот наутро.

Мајкл Ласторија, директор и основач на &Pizza, е познат по своите залагања за подобар третман на работниците и повисоки минимални плати. Во 2019 година тој лансираше храбра иницијатива во партнерство со платформата за превоз Lyft, со цел да им помогне на своите вработени нудејќи им бесплатен превоз или превоз со голем попуст.

„Започна со превоз во доцните ноќни часови, затоа што голем број од нашите продавници работат до 4 часот наутро“, вели Ласторија. “Тоа значи дека некои вработени си одат во 5 или 5:30 часот дома. Нема метро, воз, а автобуските линии се многу ограничени. Па така ние почнавме да го решаваме проблемот на нашите вработени за тоа како да се вратат дома безбедно.“

Ова партнерство стана веднаш голем хит кај вработените, но неговото значење особено се зголеми за време на пандемијата. Ласторија вели дека оваа политика придонесе голем дел од вработените да останат на работа.
„За време на пандемијата поминавме низ две рунди на финансирање и растевме. Луѓето што останаа да работат за нас, како и новите вработени дадоа се’ од себе, и  ние испорачавме резултати.“

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал