Connect with us

македонија

Партнерство со бизнис секторот за зајакнување на вработливоста на младите во социјален ризик

Проект „ЗА Младите!“ на СОС Детско село

објавено

на

Од 2022 година СОС Детско село во соработка со бизнис секторот започна нов проект за поддршка на младите без родителска грижа и оние кои се во социјален ризик, проект кој  е активен на меѓународно ниво веќе 8 години и делува во повеќе од 47 земји, со вклучени над 14.000 млади.

Тргнувајќи од статистиката дека невработеноста кај младите помеѓу 15 и 29 години изнесува 40,3%, и дека 20,3% во земјата живеат под линијата на сиромаштија може да заклучиме дека за голем број млади осамостојувањето претставува сериозен предизвик.

Ако ова го пренесеме на младите без родителска грижа, кои многу рано се соочуваат со ситуацијата кога треба да се грижат сами за себе, ова претставува уште поголем предизвик. На овие млади луѓе им треба дополнителна поддршка во процесот на стекнување финансиска независност. Секако дека ултимативната цел е наоѓање пристојна работа како основен предуслов, но за да се постигне таа цел потребни се повеќе процеси кои ќе овозможат младите да ја напуштат грижата со сигурност во следните чекори во нивниот животен развој.

Во овој контекст, од 2022 година СОС Детско село започна нов проект за поддршка на младите без родителска грижа и оние кои се во социјален ризик, проект кој  е активен на меѓународно ниво веќе 8 години и делува во повеќе од 47 земји, со вклучени над 14.000 млади.

„Она што е одлика на проектот ‘ЗА младите!’ е уникатниот пристап  – соработката  со бизнис секторот за зајакнување на вработливоста на младите луѓе од социјален ризик и нивно  вклучување во светот на работата преку волонтерски активности на вработените од компаниите партнери на СОС Детско село на начин што компаниите овозможуваат услови за учество на своите вработени во оваа програма со цел споделување на нивните ресурси и знаење со младите.“, објаснува Силвија Брајовиќ од СОС Детско село. 

Целна група се млади од 16 до 23 години кои изгубиле или се во ризик да изгубат родителска грижа, при што процесот се одвива на начин што СОС Детско село прави проценка на развојните потреби  на младите и ги поврзува со компаниите што можат да овозможат соодветни активности за нивно подобрување преку различни начини – обуки, практиканство и менторство.

„Она што е важно во целиот овој процес е што покрај развојните придобивки за младите, вработените од компаниите партнери имаат можност да делуваат на поле каде најдобро ќе се искористат нивните знаења и вештини, а истовремено ќе знаат дека помагаат на една ранлива категорија млади. Истовремено компаниите, покрај нивната основна дејност, имаат можност да направат импакт во заедницата и да поддржат повеќе цели за одржливиот развој на локалната заедница.“, додава Брајовиќ.

Искуства и резултати

Во продолжение ги пренесуваме изјавите од компаниите/вработените кои земаа учество во овој проект со цел да споделиме изворни искуства и резултати.

Нептун како стратешки партнер на СОС Детско село се вклучи во проектот “ЗА младите!” водени од желбата на нивните вработени да се вклучат и да го пренесат своето знаење кон младите луѓе кои се во социјален ризик и им се потребни вештини за вработување. Волонтери вработени од различни сектори се вклучија во проектот преку обуки и менторства и помогнаа младите да добијат подобра иднина. Темите со кои што се запознаа младите беа поврзани со вежби за личен развој, разрешување на конфликти, техники за продажба, кариерно советување, административно работење, графички дизајн.

„Навистина е задоволство да се споделат искуства со младите, а уште поголемо е задоволството кога гледаме дека сме успеале да направиме барем мала позитивна промена кај нив. И оваа година продолжуваме со активности и со вклученост на поголем број на вработени-волонтери кои ќе одржуваат обуки на различни теми, кои се од интерес ЗА МЛАДИТЕ” – споделија одговорните за проектот од компанијата.

 Силвија Брајовиќ, СОС Детско село
„Она што е одлика на проектот ‘ЗА младите!’ е уникатниот пристап  – соработката  со бизнис секторот за зајакнување на вработливоста на младите луѓе од социјален ризик и нивно  вклучување во светот на работата преку волонтерски активности на вработените од компаниите партнери на СОС Детско село на начин што компаниите овозможуваат услови за учество на своите вработени во оваа програма со цел споделување на нивните ресурси и знаење со младите.“

„Бидејќи секој млад човек заслужува образование, вработување и успешна иднина, Комерцијална банка се вклучи во проектот ‘ЗА младите!’ на СОС Детско село за да им помогне на овие младинци да се вклучат во деловниот свет. Со огромно задоволство и силен ентузијазам вработените во Комерцијална банка им пренесоа знаење, вештини, информации и корисни совети на 30 младинци, со цел тие да го започнат своето полнолетство со потребното ниво на финансиско знаење, самодоверба и независност. Нашата мисија беше да ги подготвиме да ги направат првите чекори за успешно вработување – да направат соодветно CV, да се подготват за интервју за вработување, да се запознаат со основите на успешното управување со личните финансии, да се информираат за различните сектори што функционираат во Банката и да веруваат дека секогаш постојат компании и тимови каде што ќе може да се пронајдат и да бидат добредојдени“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, претседател на Координативното тело за општествена одговорност и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

ДХЛ како стратешки партнер на ‘ЗA Младите!’ на глобално ниво се вклучи во проектот преку локалната компанија на ДХЛ во Македонија.
“Едукацијата и животните вештини се главни фактори за младите во социјален ризик да дојдат до вработување. Токму глобалната програма на ДХЛ за едукација на млади GoTeach работи директно со СОС Детско село и проектот “ЗA Младите!”, за подобрување на вештините за вработливост.   Заедно  ќе делуваме кон остварување на  една цел – секое дете во социјален ризик да ги добие потребните вештини за самостоен живот ,  изјави генералниот директор на ДХЛ Македонија, г-дин Радослав Нановиќ.

Леорон Фондација како дел од Леорон Групацијата нуди еднакви можности за сите студенти од ранливите категории со цел да се намалат препреките произлезени од социјалната состојба на младите луѓе за тие да можат да го остварат својот сон.
“Проектот на СОС Детско село “ЗА Младите!” преставува идеална платформа за остварување на целите на нашата фондација при што  нашата поддршка се реализираше преку директно стипендирање на 5 млади луѓе во социјален ризик во текот на една академска година.  Остануваме отворени за понатамошна соработка во реализација на определбата –  секој млад човек да има шанса за посигурна иднина”, изјавија одговорните од фондацијата.

„Им благодариме на компаниите кои го препознаваат овој уникатен начин на поддршка на младите и земаат учество во овој проект преку различни активности, а воедно преку претходно споменатите позитивни примери да го инспирираме и поттикнеме остатокот од бизнис заедницата  да се приклучи кон проектот ‘ЗА Младите!’ и заеднички да креираме подобри услови за младите луѓе во Македонија.“, велат од СОС Детско село.

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки1 ден ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас