Connect with us

економија

Паѓаат цените на енергијата, храната и металите

Светска економија: ниски инвестиции и раст, шпекулации и пад на реалните приходи

објавено

на

Расте загриженоста за идниот глобален економски раст. Така, најновиот извештај за американската економија, покажа дека вработеноста ослабела во октомври, додека платите пораснале помалку отколку во септември, што најавува слабеење на побарувачката. Ниту во ЕУ ситуацијата не е подобра. Иако стапката на инфлација паѓа, моментално е најниска во последните две години, лошата вест е што економијата слабее во третиот квартал. Да не испадне дека е лошо само на Запад, кинескиот PMI (purchasing managers index: индикатор на економските активности во кинескиот преработувачки сектор), за октомври е исто така 49,5 (а пазарот очекуваше цифра поголема од 50), што е пад од 50,2 во септември.

Цените на суровините на светските берзи паднаа во октомври. Цените на енергијата паднаа за 1,8 отсто, предводени од јагленот (-12,5 отсто) и нафтата (-3,4 отсто). Во истиот период цените на земјоделските производи паднаа за 1,5 отсто. Цените на храната паднаа за 1,7 отсто, предводени од маслата за јадење (-4,9 отсто) и житарките (-1,8 отсто), додека пијалаците и суровините постепено поевтинуваат за 0,8 отсто, односно 1,1 отсто.

 Цените на вештачките ѓубрива во тој период се зголемени за 2,7 отсто. Цените на металите паднаа за 2,7 отсто во октомври, предводени од никелот (-6,9 отсто), оловото (-5,3 отсто) и бакарот и калајот (-4,1 отсто). Благородните метали паднаа за 0,5 отсто.

 Пазарот ќе внимава оваа недела за какво било продолжување на падот на американскиот долар, кој падна за два отсто во петокот (овој текст е пишуван во вторник, 07.11, н.з.) од највисокото во средата, што беше најниско ниво во последните седум недели. Во клима на поголем апетит за ризик, доларот има тенденција да ја губи својата привлечност како безбедно засолниште. Движењето на доларот може да има големо влијание врз движењето на цените на берзанските стоки.

По агресивните зголемувања на каматните стапки во изминатата година и половина, американската централна банка, ФЕД, како и Велика Британија, минатата недела ги оставија каматните стапки непроменети. Со оглед на тоа што инфлацијата во западните земји постепено се намалува, на пазарите преовладуваше тезата дека циклусот на покачување на каматните стапки е завршен.

 Интересно е да се спомене дека пазарот верува дека не ФЕД, туку ЕЦБ прва ќе ја намали цената на парите во 2024 година, намалувајќи ги каматните стапки за 25 базични поени (0,25 процентни поени) веќе во април.

 Во исто време, расте загриженоста за идниот економски раст. Така, извештајот, објавен во петокот, покажа дека вработеноста во САД ослабела во октомври, додека платите пораснале помалку отколку во септември, што најавува слабеење на побарувачката.

Ниту во ЕУ ситуацијата не е подобра. Иако стапката на инфлација паѓа, моментално е најниска во последните две години, лошата вест е што економијата слабее во третиот квартал. Да не испадне дека е лошо само на Запад, кинескиот PMI (purchasing managers index: индикатор на економските активности во кинескиот преработувачки сектор), за октомври е исто така 49,5 (а пазарот очекуваше цифра поголема од 50), што е пад од 50,2 во септември.

Сето ова фрла сомнеж врз економското закрепнување на Кина, бидејќи бројката под 50 укажува на економска контракција, додека цифрата над 50 укажува на раст. Според последниот извештај на ОН за трговија и развој, глобалната економија сѐ повеќе се карактеризира со ниски инвестиции и низок раст, финансиски шпекулации, пад на реалните приходи, растечка социјална нееднаквост и зголемена доминација на големите мултинационални компании.

На почетокот на изминатава недела, европските фјучерси за природен гас паднаа за повеќе од четири отсто, на под 46 евра/мегаватчас, откако паднаа за 4,9 отсто минатата недела, поради невообичаеното топло време и речиси исполнетите капацитети за складирање на гас во западна Европа. Покрај тоа, загриженоста за прекините во снабдувањето со гас поради конфликтот меѓу Израел и Хамас е намалена.

Снабдувањето со нафта засега не е нарушено, и покрај војната на Израел со Хамас

На светските берзи цените на нафтата паднаа и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи не беше нарушена понудата од Блискиот Исток, а побарувачката може да падне поради слабоста на најголемите светски економии. На лондонскиот пазар, цената на барелот минатата недела падна за 6,2 отсто (на ниво под 85 долари/барел.), но на почетокот на новата недела цената порасна и се тргува на ниво над 86 долари/барел.

На американскиот пазар минатата недела цената на барел нафта падна за 5,9 отсто (на ниво од 80,5 долари/барел), но на почетокот на новата недела цената порасна и моментално се тргува на ниво нешто под 82 долари/ барел. Порастот на цените на почетокот на изминатава недела се должи на тоа што Саудиска Арабија и Русија потврдија дека ќе продолжат доброволно да го намалуваат производството на нафта до крајот на годината.

Иако се интензивира, конфликтот меѓу палестинската организација Хамас и Израел засега не го наруши снабдувањето со нафта од Блискиот Исток. Доколку конфликтот се прошири во тој регион, може да дојде до нарушување на снабдувањето со нафта, но тоа досега не е случај.

По агресивните зголемувања на каматните стапки во изминатата година и половина, американската централна банка, ФЕД, како и Велика Британија, минатата недела ги оставија каматните стапки непроменети. Со оглед на тоа што инфлацијата во западните земји постепено се намалува, на пазарите преовладуваше тезата дека циклусот на покачување на каматните стапки е завршен. Интересно е да се спомене дека пазарот верува дека не ФЕД, туку ЕЦБ прва ќе ја намали цената на парите во 2024 година, намалувајќи ги каматните стапки за 25 базични поени (0,25 процентни поени) веќе во април

 Освен војната, во фокусот на пазарот минатата недела беше и монетарната политика на главните централни банки. Со оглед на тоа што нема нови покачувања на каматните стапки и дека излегоа дополнителни макроекономски показатели кои укажуваат на забавување на растот на најголемите светски економии, како резултат на тоа цената на нафтата падна поради стравот од пад на побарувачката.

 На почетокот на новата недела, европските фјучерси за природен гас паднаа за повеќе од четири отсто, на под 46 евра/мегаватчас, откако паднаа за 4,9 отсто минатата недела, поради невообичаеното топло време и речиси исполнетите капацитети за складирање на гас во западна Европа. Покрај тоа, загриженоста за прекините во снабдувањето со гас поради конфликтот меѓу Израел и Хамас е намалена.

Понатаму, западна Европа се очекува да има поумерено време до средината на ноември, намалувајќи ја побарувачката за греење бидејќи се очекуваат потопли температури во многу делови на континентот.

Во однос на снабдувањето продолжија испораките на природен гас од Израел во Египет. И покрај ова, увозот на гас во Египет останува релативно низок, со 250 милиони кубни стапки дневно, наспроти вообичаените 800 милиони. Израел привремено го затвори своето подморско гасно поле Тамар поради конфликтот во Газа.

Шпекулантските фондови се обложуваат на пониски цени на храната

Оваа недела фокусот на агро-пазарите ќе биде главно околу извештајот WASDE во четврток, поради загриженоста дека тој би можел да биде последен во догледно време поради стравувањата од shut down  на владата во САД. Друго клучно влијание на пазарот ќе дојде од временските услови, особено во Бразил, каде сеидбата на пченка и соја сѐ повеќе се загрозени, и во Западна Европа, каде што постојаниот дожд не само што ја кочи сеидбата, туку и примената на останатите репроматеријали.  Во моментов, војната на Блискиот Исток ќе ја направи разликата кај житарките, додека за маслодајните семиња, главниот двигател на пазарот ќе бидат временските услови и логистиката во Јужна Америка.

На американскиот пазар минатата недела цената на барел нафта падна за 5,9 отсто (на ниво од 80,5 долари/барел), но на почетокот на новата недела цената порасна и моментално се тргува на ниво нешто под 82 долари/ барел. Порастот на цените на почетокот на изминатава недела се должи на тоа што Саудиска Арабија и Русија потврдија дека ќе продолжат доброволно да го намалуваат производството на нафта до крајот на годината.

 Хеџ фондовите и другите шпекуланти имаат најмали нето инвестиции во агро – фјучерси во изминатите три години. Тоа значи дека фондовите се обложуваат на пониски цени на пазарите како пченица, пченка, маслена репка, соја и свинско месо. Ќе видиме дали новото макро расположение и послабиот американски долар ќе ги поттикнат хеџ-фондовите да реинвестираат на овие пазари и да ги подигнат цените.

 Светскиот индекс на цените на храната на ФАО (Агенцијата за храна и земјоделство при ООН) падна за 0,7 поени во октомври, благодарение на надолниот тренд на цените на подиндексите на житарици, зеленчук и шеќер, објави во петокот ФАО. Индексот на цените на храната на ФАО (FFPI) во октомври во просек изнесуваше 120,6 поени, што е намалување за 0,5 отсто во однос на септември и за 10,9 отсто пониско од претходната година. Индексот на цените на житата во октомври е благо намален за 1 отсто во однос на септември, а за 17,9 отсто на годишно ниво.

 Фјучерсите за бакар се искачија над ознаката од 3,65 $/фунта (околу половина килограм) поради очекувањата за силна побарувачка и загриженоста за малата понуда. Пекинг соопшти дека ќе го прошири својот буџет оваа година за да позајми дополнителни еден трилион јени (околу 130 милијарди евра) за инвестиции во производството, да ја зголеми куповната активност за индустриски инпути и да ја намали загриженоста за слабата побарувачка поради  секторот на станбена изградба оптоварен со долгови.

 Во меѓувреме, новите податоци покажаа дека залихите на Шангајската фјучерс берза и Лондонската берза на метали  паднале за речиси 40 отсто во неделата што заврши на 27 октомври на 36,4 илјади тони. Оперативните проблеми во јужноамериканските рудници, исто така, под притисок на понудата во краток ги натераа Souther Copper, Teck и Anglo American да ги намалат прогнозите за производство на бакар за тековната година.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки7 дена ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи