Connect with us

економија

Педесетина фирми ќе добијат државна помош за нови инвестиции

објавено

на

Потпишани се нови договори со 38 компании и 10 анекси на веќе постоечки договори, со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра.

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, одржаа прес-конференција на која беа презентирани податоци поврзани со договорите за државна помош потпишани со компании кои аплицираа за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции за 2020 година.

Вицепремиерот Битиќи, кој се обрати преку видеоконференциска врска, потсети дека како дел од Планот за економски раст, во 2018 година беше донесен Законот за финансиска поддршка на инвестициите со кој се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија.

„Оваа година се потпишаа нови договори со 38 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра. Ова се финансиски средства кои компаниите ги вложуваат во инвестиции и развој како и стекнување конкурентска предност. Ова носи напредок и развој за нивните вработени, но во ова време на непредвидливост и светска криза, значи стабилност на нивните работни места и отворање на нови. Дополнително, ова се инвестиции кои компаниите ги прават во време на светска криза предизвикана од КОВИД-19. Токму затоа би сакал да ги поздравам одлуките на овие 48 компании, кои решија да реализираат нови инвестиции, со што ќе продолжи трендот на нивен раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите на домашниот, но уште поважно, на меѓународните пазари“, рече Битиќи на почетокот на своето обраќање.

Вицепремиерот нагласи дека кумулативно, од 2018 година до денеска, по овој Закон се потпишани 245 договори со компании. Во однос на компаниите кои потпишаа договори во 2020 година, вкупниот инвестициски циклус на 48-те компании изнесува 53,4 милиони евра, од кои 29,4 милиони евра се инвестиции на новите 38 компании, а во 2019 година, сите 48 компании, реализирале инвестиции од 17,5 милиони евра.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи: „Кумулативно, од 2018 година до денеска, по Законот за финансиска поддршка на инвестициите се потпишани 245 договори со компании.“

„Инвестициите направени во првата година, односно во 2019 година, донесоа нови 146 работни места во овие 38 компании кои оваа година потпишуваат нови договори, а планирано е овие компании, со комплетирање на бизнис плановите да вработат 498 лица. Ме радува регионалната распределба на инвестициите по градови, на компаниите кои аплицирале, ова е значајно за рамномерниот регионален развој и рамномерната дистрибуција на помош и поддршка. Осум од компаниите (или 21%) се од Скопје и општините кои гравитираат кон Скопје, додека останатите 30 (или 79%) се од останати градови или населени места, како што се Битола, Кочани, Струмица, Прилеп, Тетово, Гостивар, Велес, Куманово, Охрид, Струга, Штип, Боговиње, Виница, Делчево, Кавадарци и Неготино. Тоа значи дека се повеќе компании од помалите места, се развиваат, а тоа е одлична вест токму за граѓаните од тие места, да добиваат можност да работат во својот роден крај, да останат дома и да придонесуваат за развојот на компанијата и локалниот економски раст“, посочи Битиќи.

Во однос на големината на компаниите, вицепремиерот укажа дека најголемиот дел се мали фирми (до 50 вработени), вкупно 20 (или 53%), по што следуваат средни компании, вкупно 10 (или 26%), па 5 микро компании (13%) и најмалку се големите компании, само 3 (8%).

„Рамномерната регионална распределба на компаниите и структурата по големина покажуваат и докажуваат дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава подеднаква можност за сите компании во земјата, независно од нивната големина или местоположба. Единствено важно е компаниите да прават инвестиции во нивниот развој и конкурентска предност, да покажуваат успех во нивното работење и да не го намалуваат бројот на вработени со текот на годините. Економскиот развој, унапредување на конкурентноста на компаниите на домашниот и меѓународните пазари и подигнување на животниот стандард на вработените, останува врвен приоритет на Владата. Во овој момент фокусирани сме кон амортизирање и намалување на штетите предизвикани од коронавирусот и на спроведување на четвртиот сет на мерки со кои ќе ги поддржиме граѓаните и компаниите во овој тежок период, сепак паралелно мораме да работиме и на подолгорочно планирање и да бидеме подготвени за брз раст и развој на економијата по стабилизирање на состојбата со коронавирусот, односно во пост-ковид периодот. Инвестирајте и развивајте се, во државата имате партнер, Владата е тука да го поддржи и следи вашиот развој“, потенцираше вицепремиерот Битиќи во своето излагање.

Министерот за економија Крешник Бектеши нагласи дека му претставува задоволство што и покрај пандемијата која предизвика и економска криза, заедно со вицепремиерот Битиќи имаат можност да објават дека и оваа година Владата продолжува со поддршка на бизнисот и поддршка на домашните компании, коишто покрај се успеале да работат успешно во текот на претходната, но и во текот на оваа година.

„Кога го создадовме Планот за економски раст пред 3 години многу луѓе беа скептични дека овој План нема да даде резултати, нема да креира нови работни места, нема да имаат бенефит нашите компании, но нема да поттикне и раст на инвестициите. Но податоците во изминатите 3 години покажуваат дека со вакви планови, со ваква транспарентност, со ваква предвидност од страна на нашите компании ние успеавме да поддржиме како што кажа и вицепремиерот над 240 компании“, подвлече министерот.

Бектеши нагласи дека Владата и Министерството за економија, со цел да дополнително ги поттикнат компаниите да реализираат нови инвестиции објавија јавен повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост КОВИД-19 периодот, што практично може да го земеме како дополнително зајакнување на мерки за производни компании кои реализирале инвестиции во 2020 година, а за чија реализација се обезбедени дополнителни 20 милиони евра поддршка за компаниите.

Министерот за економија Крешник Бектеши:„Ќе ги олесниме критериумите за аплицирање за државна помош со цел поддршка на инвестициите.“

„Одлучивме оваа година дополнително да ги помогнеме нашите компании кои ќе имаат храброст да инвестираат во тек на ковид криза, но и пост-ковид кризата, значи и во 2021 година, со дополнителни 20 милиони евра. Што се однесува до процесот можам да ја информирам јавноста, а особено компаниите кои аплицирале дека е при крај евалуацијата на сите апликации и наредната недела ќе доставиме извештај од страна на Комисијата која е во склоп на Министерството за економија, до Владата на Северна Македонија, по што ќе продолжиме и со потпишување на нови договори за инвестиции кои што очекуваме да надминат 100 милиони евра во текот на 2020 година и 2021 година“, рече министерот Бектеши.

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Министерството за економија во тесна соработка со Канцеларијата на претседателот на Владата, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за финансии започнаа со изготвување на текст за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, имајќи ги во предвид критериумите кои се моментално во тој закон, со цел за да им се олесни аплицирањето на нашите домашни компании, за наредната година да можат да аплицираат. Измените ќе бидат во насока на олеснување на критериумите за компаниите кои што се однесуваат за намалување на бројот на вработени и намалување на приходите кои во моментот се предвидени како основни критериуми за да можат да се квалификуваат компаниите за аплицирање за мерки од ЗПФИ.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје