Connect with us

start up

Петров: Наскоро државен инвестициски фонд – ќе вложува од 200.000 до 1,5 милиони евра во македонските стартапи

објавено

на

Денеска презентирани мерките за забрзан раст на домашниот стартап екосистем.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров на денешната прес конференција истакна дека визијата на ФИТР и генерално, Владата, е едноставна – позиционирање на Република Северна Македонија како регионален стартап хаб.
 
„Заедно со вицепремиерот Фатмир, со Бистра, Ѓорѓи, Анита, Стефан и Дејан, со чинителите на стартап екосистемот, со странските донатори и стопанските комори, за првпат седнавме на иста маса, и се запрашавме – што се е потребно сите ние да направиме, за да им овозможиме на македонските стартапи побрз развој, полесен пристап до финансии и полесен влез до глобални пазари.“, изјави Петров, директор на ФИТР и додаде дека во моментов се финализираат и деталите околу првиот државен Инвестициски фонд, преку кој, во македонските стартапи ќе се инвестираат од 200.000 до 1.5 милион евра.


Директорот Петров потсети и дека е во тек финална селекција на компаниите кои аплицираа на јавниот повик „Стартапувај 3“, преку кој ќе се поддржат македонските стартапи со 2 милиони евра, а преку повикот за комерцијализација на иновации кој е во тек, обезбедени се 8 милиони евра за домашните стартапи и иновативни компании да ги комерцијализираат своите производи и услуги.

Инаку, како што подвлече премиерот Зоран Заев на денешното претставување на сетот мерки за раст на стартап екосистемот, во портфолиото на Фондот за иновации и технолошки развој, само во последните три години, поддржани се 605 проекти преку кофинансирани грантови, со над 85 милиони евра вкупна инвестиција, што е навистина неспоредливо со периодот пред 2017 година, кога беа поддржани само 36 проекти и вкупна инвестиција од приближно 1,5 милиони евра.

„Од вкупните инвестиции заклучно со септември 2021 година, 56% односно околу 48 милиони евра се средства обезбедени од Фондот додека 37 милиони евра се сопствена инвестиција на компаниите што значи дека програмите на ФИТР поттикнаа значителен инвестициски циклус од страна на микро, малите и средните претпријатија. Охрабрува податокот дека 51% од портфолиото на Фондот се стартап компаниите, претежно основани од млади луѓе. Денес зборуваме за 326 поддржани стартап компании, во кои инвестиравме 18 милиони евра. Најголемиот дел од овие компании успешно работат не само на домашниот пазар туку и рамо до рамо со светски познатите брендови на глобалниот пазар.“, рече Заев.

македонија18 часа ago

„СОС Детско село“ доби 1,37 милиони денари собрани од продажбата на билети за настан организиран од РФМ

економија22 часа ago

Ковачевски: Работиме на тоа да нема поскапување на струјата, дури, во некои сегменти да има и поевтинување

македонија2 дена ago

Еко Логистик Сервис одбележа пет години работа на македонскиот пазар

македонија2 дена ago

“Година на нови можности“ – почна дводневната конференција во организација на Владата

економија2 дена ago

БРАКО ја испорача првата пратка возила во 2023 година

економија5 дена ago

ИТ компанијата Proxiad SEE отвори нова канцеларија во Скопје

свет5 дена ago

Франција и Шпанија се најпосетените светски дестинации

македонија5 дена ago

Создадовме автентично винско туристичко доживување во радовишкиот крај!

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Теорија, пракса и понекое пророштво

свет5 дена ago

Технолошките гиганти отпуштаат преку 50 илјади вработени

македонија5 дена ago

Создадовме автентично винско туристичко доживување во радовишкиот крај!

македонија1 недела ago

Европски квиз на пари по петти пат за македонските ученици

свет5 дена ago

Технолошките гиганти отпуштаат преку 50 илјади вработени

македонија1 недела ago

Во првите 9 месеци од 2022, со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 17.3 милијарди денари, со раст од 20%

интервју5 дена ago

Славица Кутиров: Со примена на новите сервиси и напредни технологии, дигиталната Царина станува реалност

свет5 дена ago

Франција и Шпанија се најпосетените светски дестинации

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Теорија, пракса и понекое пророштво

економија1 недела ago

Започна со работа реконструираната течна фарбара во БРАКО во Велес – инвестиција од 150 илјади евра

економија5 дена ago

Од специјалниот прилог „Брендови“: Како пандемијата и кризата ги променија бренд стратегиите?

регион5 дена ago

Во Хрватска пристигнуваат три светски хотелски брендови во исто време