Connect with us

lifestyle

Пет важни совети за безбедни дигитални плаќања

објавено

на

Финансиските институции работат секојдневно за да ги развијат и подобруват системските решенија за да ги пресретнат и спречат кражбите на податоци и пари, но исто така има и неколку основни безбедносни препораки што секој корисник на дигитално плаќање може да ги користи и на тој начин да придонесе за спречување на злоупотреба.

Колку пати сте виделе примамливи реклами на социјалните медиуми или на интернет за нови производи, брендирани парчиња облека или услуги по ниски цени? Колку често размилувате за безбедноста на онлајн плаќањата? Колку пати ја читате политиката за приватност на веб страницата, условите за нарачки и сите белешки со мали букви, пред да ги внесете вашите лични податоци? Или тоа било причина за да се откажете од набавката.
Пандемијата од корона вирусот нѐ наведе повеќе од било кога на купување преку интернет и на дигитални начини на плаќање што заштедуваат време и придонесуваат за физичко дистанцирање. Финансиските институции работат секојдневно за да ги развијат и подобруват системските решенија за да ги пресретнат и спречат кражбите на податоци и пари, но исто така има и неколку основни безбедносни препораки што секој корисник на дигитално плаќање може да ги користи и на тој начин да придонесе за спречување на злоупотреба.

  1. Изберете веб страници со HTTPS протокол – Резултатите од истражувањето спроведено од Visa[1] помеѓу корисниците на социјални мрежи на регионот на ЈИЕ покажаа дека 40 проценти од испитаниците не знаат како да идентификуваат веб страница со безбедносна врска за плаќање. А, каква веб страница е тоа? Веб адреса со https префикс и видлива икона со катанец во името, дизајнирана да издржи навлегување на хакери и се препорачува како побезбедна при плаќање на интернет. Дополнителната автентификација, преку телефон или токен, постигнува уште поголем степен на заштита.
  2. Не ја споделувајте вашата сметка и информации од картичката со непознати – Ако добиете покана од непозната е-маил адреса за да ги споделите вашите лични информации, како што се банкарска сметка или детали за кредитна картичка, веројатно станува збор за обид за измама. Никогаш не ги откривајте вашите приватни информации на непознати.
  3. Користете повеќестепен метод на проверка – Веројатно сте слушнале за дигитални паричници и современи начини на плаќање кои не вклучуваат платежни картички. Користењето на сложена лозинка (големи и мали букви, броеви и специјални симболи) или биометрика спречува неовластен пристап и злоупотреба во случај на кражба или губење на уредот. Исто така, Visa развиVisa Secure програма која помага да го потврдите вашиот идентитет кога купувате преку интернет. Независно дали користите десктоп, телефон или друг дигитален уред, можеби ќе бидете водени преку дополнителна проверка за да го потврдите вашиот идендитет. Ова ќе му помогне на вашиот издавач да знае дека навистина сте вие и подобро ве штити од измама.
  4. Ажурирајте го софтверот и апликациите – Плаќањата преку интернет бараат внесување на доверливи информации што може да бидат пресретнати од вирусни програми. За да се избегнат несакани сценарија, препорачливо е редовно да ги ажурирате апликациите и софтверот што го користите, затоа што овие ажурирања содржат потребни делови кои помагаат да се заштити вашиот уред од вируси и хакери. Повеќето аликации автоматски ќе ве известат за новите верзии кога ќе бидат достапни за да бидат сигурни дека нема да не го оставите инсталирањето на надградбите за подоцна.
  5. Прегледајте ги комплетираните трансакции – Редовните проверки на состојбата на вашата сметка се исклучително важни, особено ако често вршите плаќања преку интернет. На тој начин, ќе забележите потенцијално сомнителни трансакции и ќе можете навремено да реагирате во координација со банката. Покрај тоа, повеќето банки нудат можност да се активираат и СМС известувања и да се добиваат информации во реално време за завршени трансакции, што е еден од наједноставните и најбезбедните начини да ги следите вашите трошоци и да забележете измама кај истите.
    Порастот на дигиталните плаќања оди заедно со порастот на компјутерскиот криминал и фактот дека Visa неодамна им помогна на финансиските институции да идентификуваат и спречат злоупотреба на 25 милијарди долари со употреба на вештачка интелигенција, тоа укажува на големината на предизвиците со кои се соочува екосистемот за плаќање на глобално ниво. Со усвојување на овие препораки, ќе придонесете за поодговорно и информирано однесување кога користите модерни технологии за плаќање и ќе се заштитите од потенцијална злоупотреба.
    [1]Visa, онлајн истражување помеѓу корисниците на социјалните мрежи во ЈИЕ, септември 2020

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија1 час ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија17 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација