Connect with us

македонија

Пет главни теми во фокусот на 4. Годишна конференција за е-трговија

објавено

на

„Висококвалитетната програма е клучна за успешна конференција, вложивме многу напор за создавање одлична програма која ќе биде презентирана од 28 искусни говорници кои доаѓаат од десет земји. Секоја година внимателно ја одбираме темата на конференцијата во зависност од развојот на е-трговијата и потребите на индустријата.“, вели Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ, којашто е организатор на конференцијата.

Уште само две недели нѐ делат од најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која повторно на едно место ќе обедини повеќе од 28 домашни и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

Во фокусот на конференцијата годинава се теми кои се внимателно избрани за да одговорат на потребите на индустријата. Конференцијата ќе биде одлично место за да се научи и дознае повеќе за дигитализацијата и дигиталната нација, безбедните и иновативни е-плаќања, влијанието на COVID-19 врз е-трговијата, но исто така  новите трендови во дигиталниот маркетинг, како и улогата на жените во дигиталниот свет и е-трговијата.

Овие пет главни теми ќе бидат претставени во тринаесет презентации, еден неформален разговор и три панел сесии.

– „Висококвалитетната програма е клучна за успешна конференција, вложивме многу напор за создавање одлична програма која ќе биде презентирана од 28 искусни говорници кои доаѓаат од десет земји. Секоја година внимателно ја одбираме темата на конференцијата во зависност од развојот на е-трговијата и потребите на индустријата. Темата оваа година го е “E-commerce: Ready, Set, Grow!”. COVID-19 условите и зголемената побарувачка за е-трговија направи компаниите да се адаптираат на новите услови со цел да го одржат нивниот бизнис. Денес компаниите се поподготвени (READY) и поставени (SET) за раст на нивниот бизнис (GROW) со побрзо темпо.“ – вели д-р Нина Ангеловска, престседaтел на Асоцијацијата за е-трговија која е организатор на конференцијата .

Конференцијата ќе започне со дигитализација и приказната наречена „Сакаме дигитална нација“ бидејќи тоа е предуслов за развој на е-трговијата, како составен дел на дигиталната економија. Потоа ќе се зборува за „COVID-19 поттикот на е-трговијата“ во С. Македонија, но и во Европа и публиката ќе има можност да слушне примери за влијанието и стратегиите преземени од два големи бренда. Следно, конференцијата ќе се осврне на „Безбедните и иновативни електронски плаќања“ и ќе се зборува за „триаголникот“ на доверба, технологија и регулатива, како и за новите трендови и иновации во е-плаќањето.

За време на четвртата тема „Како и зошто поголема вклученост на жените?“, присутните ќе имаат можност да го слушнат искуството на три моќни жени кои се на водечки позиции и создаваат одлични перформанси за нивните компании.

Петтата тема, која всушност преставува половина од целата програма е посветена на “Дигитален маркетинг и новите трендови”, на која преку шест презентации еминентните експерти ќе ги споделат со присутните своите сознанија, совети и трикови од оваа област, но и искуствата од водечките регионални пазари за тоа што функционира, а што не кога станува збор за маркетинг алатки и тактики.

Традиционално, конференцијата ќе заврши со гејмификација, квиз натпревар со вредни награди за победниците, проследено со коктел забава спонзорирана од златните спонзори.

Сето ова ќе биде презентирано од еминентни светски експерти кои специјално за конференцијата доаѓаат во Скопје, меѓу кои Константин Костадинов – Раководител на продажба за Централна и Југоисточна Европа во Вибер (Rakuten Viber), Срѓан Прокиќ, Раководител за е-трговија во AirSerbiа,  Анна Горка, Spotify партнер директор во Httpool и многу други говорници.

Од домашните говорници, своето искуство на конференцијата ќе го пренесат Нина Ангеловска – Претседател @ Асоцијација за е-трговија на Македонија, Коста Петров – Директор на Фонд за иновации и технолошки развој, Филомена Пљаковска Аспровска, Главен директор и Претседател на управниот одбор во КаСис АД Скопје, Амбасадор за. С.Македонија во European Women Payments Network (EWPN), Борче Ѓорѓески, Раководител на Контакт центар за клиенти во А1 Македонија, Милкица Геринска, Менаџер за е-трговија во Пивара Скопје АД, Војдан Карапетковски, Извршен Директор во КАРА 5 и други.

Конференцијата годинава ќе се одржи во хибриден формат, односно учесниците ќе имаат можност да одберат дали преферираат учество на конференцијата со физичко присуство, со следење на сите актуелни протоколи против ширење на пандемијата, или пак да ја следат конференцијата преку интернет, од удобноста на својот дом или на работно место.

Билетите ќе бидат достапни во продажба уште една недела или до исполнување на предвидените места согласно Ковид протоколите за физичко присуство. Во соработка со Mastercard како генерален партнер на АЕТМ кој ја дели визијата за креирање на подобра клима за е-трговија овозможена е специјална цена од 99 евра на билетот за физичко присуство за 10 е-трговци со користење на купон кодот mastercard4eshops при купување на карта на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/ , каде што се достапни повеќе информации за картите и останати детали поврзани со конференцијата.

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор