Connect with us

менаџмент / маркетинг

Пет модели за успех на пазарот

Бизнис know how

објавено

на

Секој модел на работење има свои предности и недостатоци, како и специфичности во однос на конкуренцијата на пазарот. Потребно е постојано да се слуша ритамот на пазарот, да се следи однесувањето на купувачите и клиентите, и да се има на ум дека на пазарот денес победуваат оние кои се брзи и прилагодливи, што им дава шанса и на малите бизниси да ги остварат своите цели, а на претприемачите така да ги остварат своите соништа.

Станува посебно тешко на пазарот да се понуди нешто ново, нешто поинакво и посебно. Многу фирми постојано водат битка со промените, а потрошувачите се помалку се заинтересирани за комуникација која не е инспиративна  или која во основа нема приказна која поттикнува емоции.

Купувачите и клиентите се фокус на секое работење, а секоја организација треба да донесе одлука со кои сегменти на купувачи и клиенти сака да се занимава. Иако поимот таргетирање или избор на целниот таргет веќе одамна ни има влезено во уво, многу се уште размислуваат за сериозноста на таа стратегија на сегментација.
Во соработка со купувачите и клиентите, организациите пронаоѓаат начини да воспостават односи, да понудат разни производи и услуги, да осмислат специфилни дустрибуциски канали и да осмислат нови извори на заработка.

Секој модел на работење подразбира различни економски предуслови. Но, клучно е организациите и менаџментот да ги разберат за да можат непречено да го развиваат бизнисот и да го освојуваат пазарот.
Кај малите бизнисмени тоа е особено важно, бидејќи е клучно својот бизнис да не го водат само со емоции и инспирации. Ако ги познаваат бизнис моделите, тоа ќе им помогне да си го олеснат работењето, полесно да ги препознаваат ситуациите во пракса и да знаат како да реагираат на одредени предизвици на пазарот.

Иновативен производ или услуга

Клучно: Познавањето на бизнис моделите го олеснува работењето

Некои организации се одлучуваат за иновативен производ или услуга, кои имаат нови карактеристики и задоволуваат специфични потреби на пазарот. Тука станува збор за талент, креативност и сила да се спротивстават на вообичаениот начин на размислување. Малите претприемачи можат да влезат на пазарот користејќи го овој модел на работење, а основата е фокус на квалитетни вработени или основачи, и вложување во креативно размислување.
Во овој случај производот или услугата зборуваат сами за себе, со својата иновативност и единственост на пазарот. Клучно е да се знае дека во првата фаза многу ќе се заинтересираат за таквите производи и услуги, медиумите веројатно ќе објават интересни приказни, но клучно е да се поднесе предизвикот за развој на таков бизнис  и да се имплементира квалитетна стратегија за развој, со цел бизнисот да успее и на подолгорочен план.

Однос со пазарот

Одредени организации одлучуваат да достигнат што поголем број на купувачи и клиенти, фокусирајќи се на односите на пазарот. Цел на таквото работење е проширување на што поголем пазарен сегмент фокусирајќи се на давање на на дополнителни услуги каде купувачот станува центар на работењето. Во тој случај, клучно е да се истражи однесувањето на потрошувачите, да се дознае на кој начин размислуваат, како дознаваат за производите и услугите, како се одлучуваат за одредена категорија на производи и услуги, и на кој начин очекуваат дека понудувачите ќе се однесуваат кон нив. За успешни односи со клиентите, клучна е понудата која ќе ги задоволи купувачите повеќе отколку што очекувале дека може да добијат од продавачите.

Ниски цени

Поголемите играчи на пазарот се одлучуваат на производство или понуда на поголеми количини на производи и услуги, а заради постигнување на цени оп единица производ или услуга. Во таква битка на пазарот, тешко можат да се впуштат малите играчи бидејќи фокусот на работење е на намалување на трошоците и на зголемување на ефикасноста. Малите бизнисмени често мислат дека можат да успеат со многу ниски цени, борејќи се на пазарот со другите мали и големи играчи. За успех на моделот на ниски цени клучна е големата количина на продадени производи и услуги, што малите бизниси често не можат да го постигнат. Со намалување на цените, едноставно останува премала заработка од која не може да се вложува во развој на работењето ии некакви иновации, заради што често се случува производот или услугата кон купувачите да остане на ниско ниво.

Единствени различни производи

Некои организации се фокусираат  на продажба на поголем број на единствени различни производи во помали количини. Станува збор за понуда на специфични производи за кои нема голема побарувачка, но вкупната продажба на такви проивзоди може да резултира со успех на пазарот. Ваквото работење овозможува на фирмите полесно да управуваат со залихите, но клучно е да имате платформа преку која специфичните производи ќе можат да допрат до доволен број на заинтересирани поединци заради специфичната содржина на понудата. Со оглед на тоа дека станува збор за артикли кои можат да заинтересираат само специфична клиентела, клучно е да се вложи повеќе во маркетиншки комуникации со цел понудата успешно да се приближи до специфичните корисници. Ако организацијата не успее со маркетиншките активности, тешко е да се очекува дека овој бизнис модел ќе успее.

Бесплатни услуги

Во некои фирми деловната политика е таква што на купувачите им се овозможуваат бесплатни услуги и ги спојуваат со дополнителни содржини или услуги кои не им се наплаќаат. Во овој модел фирмите користат големи бази на податоци и заинтересирани клиенти кои консумираат бесплатна содржина или услуги и им овозможуваат дополнителни погодности или понуда. Таквата дополнителна услуга ја прифаќа и плаќа само околу 10% од вкупниот број на учесници кои ги користат бесплатните содржини. Клучно е понудата да се приближи до што поголем број на корисници, а нејзиниот квалитет континуирано да се подобрува. Кај бесплатната понуда, се случува често да се случи омаловажување на понудата, бидејќи корисниците ретко го ценат она што е постојано достапно во бесплатен облик. Затоа, самиот квалитет на содржината и понудата на фирмите кои ќе го одберат овој модел. можат да им донесат раст на корисниците, а со самото тоа и зголемување на приходите од оние кои би се одлучиле да платат дополнителна услуга.

Секој модел на работење има свои предности и недостатоци, како и специфичности во однос на конкуренцијата на пазарот. Потребно е постојано да се слуша ритамот на пазарот, да се следи однесувањето на купувачите и клиентите, и да се има на ум дека на пазарот денес победуваат оние кои се брзи и прилагодливи, што им дава шанса и на малите бизниси да ги остварат своите цели, а на претприемачите така да ги остварат своите соништа.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка