Connect with us

менаџмент / маркетинг

Пет начини како вработените може да процутат под женско лидерство

Кога шефот е од понежниот пол

објавено

на

Жените шефови знаат повеќе да се внесат во работата и да го мотивираат својот тим, подобро се грижат за развојот на вработените и знаат почесто да ги пофалат, за разлика од мажите. Прочитајте зошто е подобро да имате жена за раководител.

На прашањето дали повеќе би сакале да работат за маж или за жена, мнозинството Американци сепак избираат машки шеф, според Галуп.

„Како жена шеф, посакувам ова да не е вистина, но еве што ми дава надеж: Многу луѓе веројатно никогаш не работеле со жена шеф (додека 51,5% од менаџерските, професионалните и сродните позиции се жени, само 5,8% на позициите на извршни директори во компаниите S&P 500 се жени). Верувам дека вработените можат да напредуваат под водство на жена шеф како што јас напредував, а истражувањата го потврдуваат токму ова“, вели за Forbes Кристина Балдасаре, сопственик на маркетинг агенцијата Zebra Advertisement.

Нејзиното искуство вели, а пред основањето на сопствена компанија се погодило баш сите претпоставени да ѝ бидат жени, дека жените  шефови можат да бидат поангажирани и подобро да го поттикнат развојот на вработените. Според искуството и нејзината агенција, одржувањето отворена комуникација со моите вработени поттикнало позитивни односи и им помогнало во нивната кариера и личен развој.

Подолу се дадени пет причини што ги наведува Балдасаре поради кои вработените можат подобро да напредуваат предводени од женските лидери.

1.Жените шефови почесто даваат пофалби. Жените менаџери имаат 1,17 пати поголема веројатност да ги пофалат своите вработени барем еднаш неделно. Вработените со жени шефови изјавиле дека добиле признание или пофалби за добро завршената работа. Докажано е дека пофалбите на работното место доведуваат до подобрување на моралот и до подобри односи меѓу клиентот и бизнисот. Жените имаат тенденција да бидат комуникатори, а честите коментари гарантираат дека врската вработен-менаџер е отворена и пристапна за двете страни.

2.Жените шефови создаваат повеќе работни места за жените. Кај менаџерките, повеќе новосоздадени работни места најпрво се пополнуваат од жени. Процентот на жени на работа во САД се зголемил на 73,5 милиони, или 47% од работната сила, од 29% во 1945 година, според Бирото за статистика на трудот. Веројатно, жените вклучени работната сила промовираат повеќе можности за жените и малцинствата во споредба со нивните машки колеги. Не беше толку одамна кога многу малку жени беа вклучени во работната сила, така што жените на која било позиција (менаџерска, извршна или друга), сè уште прават преседан денес. Според едно истражување за родовата разновидност во менаџментот, „присуството на жени на корпоративни лидерски позиции може да ги подобри перформансите на фирмата“. Ова сознание ја нагласува важноста од создавање расадник на жени менаџери во компаниите, а не само ад хок да се доведуваат жени на врвни позиции

Жените како Шерил Сандберг, поранешната оперативна директорка на Facebook, сега Meta Platforms и Мариса Мајер, поранешна директорка во Google и Yahoo,  во лидерски улоги се толку значајна работа затоа што направија преседан. Благодарение на нивниот успех и на другите жени директорки, ќе стане сосема секојдневно да се гледаат жени како заземаат позиции на највисоко ниво  во политиката, технолошката индустрија и други области во кои историски доминираат мажи.

„Кога за прв пат ја започнав Zebra Advertisement со мојот сопруг, луѓето претпоставуваа дека јас сум таа што се бави со секретарската работа. Никогаш не прашаа која е мојата улога; треба да направиме преседан за да биде нормално жените да имаат било каква позиција што ќе ја изберат“.

3.Жените шефови се повеќе внесени во тоа што го работат. Според Business Insider, женските лидери се поангажирани од мажите. Извештајот на Галуп покажува дека под водство на жени менаџери, 35% од вработените жени се ангажирани и 29% од мажите се ангажирани, додека кај менаџерите мажи, 31% од вработените жени се ангажирани и 25% од вработените мажи.

Секој сака да биде дел од деловниот процес и тесно поврзан тим кој влече во иста насока ќе победи голем тим без групен идентитет. Типично, колку поголем ангажман има од менаџерската страна, толку подобро тимот работи заедно. Ова го прави тимот да чувствува дека е важно тоа што го прават, и не само за компанијата, туку и за менаџерот лично. Особено сега кога милениумците кои се постојано во потрага по некои цели се искачија на скалилата во кариерата низ индустриите, правењето нешто што е важно е клучен дел од речиси секоја работа.

„Лично, делам канцеларија со моите вработени. Често разговараме и се прашуваме за настани надвор од нашата работа, што ни помага да останеме поврзани и ангажирани еден со друг.“, вели сопственичката на Zebra Advertisement.

4.Жените шефови го поттикнуваат напредокот на вработените. Професионалците кои работат за жена шеф имаат 1,29 пати поголема веројатност да разговараат за нивниот напредок најмалку двапати годишно. Иако прегледите на перформансите се вообичаена практика кај повеќето бизниси, жените менаџери одат подалеку од самото оценување колку добро се извршени задачите. Тие разговараат за тоа како соодветниот вработен учи и што повеќе може да се направи и вработениот и менаџерот да ги постигнат целите на бизнисот.

Иако не можете буквално  да го контролирате или обезбедите  напредокот на вработените, може да ангажирате луѓе за кои верувате дека се способни да напредуваат со брзината што ви треба.

5.Жените шефови го поттикнуваат развојот на вработените. Додека машките менаџери се фокусираат на завршување на работата, жените шефови активно го поттикнуваат и развојот на вработените. Вработените кои имаат жена шеф имаат 1,26 пати поголема веројатност да бидат охрабрени да се развиваат отколку во тимовите со машки шеф, според извештајот на Галуп. Тоа не значи дека почесто ги унапредуваат вработените; тоа укажува дека женските лидери се грижат за личниот и кариерен развој на своите вработени. Дел од нивната работа е да обезбедат идни лидерски улоги во рамки на  нивните тимови. Женските лидери природно инвестираат повеќе време во напредокот на нивните вработени и имаат тенденција да го сфаќаат напредокот на вработените повеќе лично, но на позитивни начини.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет2 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг2 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа