Connect with us

политика

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

Дворски игри на најмоќните луѓе во ЕУ

објавено

на

Шарл Мишел, сѐ уште актуелниот претседател на Европскиот совет,  наводно  им ја претставил идејата на лидерите на ЕУ дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис треба да ја преземе функцијата на Фон дер Лајен, изјавија за Политико пет анонимни европски дипломати и официјални лица. Досега, шансите се во корист на Фон дер Лајен, но тоа не го спречило Мишел да се обиде да го истурка заговорот против неа.

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет,  смислил најнов план за соборување на Урсула фон дер Лајен од функцијата претседател на Европската комисија, најважното извршно тело на Европската унија.

Мишел наводно  им ја претставил идејата на лидерите на ЕУ дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис треба да ја преземе функцијата на Фон дер Лајен, изјавија за Политико пет анонимни европски дипломати и официјални лица. Досега, шансите се во корист на Фон дер Лајен, но тоа не го спречило Мишел да се обиде да го истурка заговорот против неа.

Дипломатите и официјалните лица го нарекоа уште еден очајнички обид да се собори Фон дер Лајен.

Покрај тоа, Мишел наводно зад затворени врати сугерирал дека данската премиерка Мете Фредериксен би можела да биде подобар претседател на Европскиот совет од поранешниот португалски премиер Антонио Коста, кој е префериран од Фон дер Лајен и чие име најчесто се споменува во контекст на преземање на функцијата на Мишел.

„Уште еднаш, ова се лажни вести и лаги. Претседателот се консултираше со сите лидери поединечно за процесот на поделба на функциите. Претседателот не спомна конкретни имиња во оваа фаза“, рече Екатерина Кејсинг, портпаролка на Шарл Мишел.

Конфликтот кулминираше при посетата на Ердоган

Мишел е задолжен за водење на политичкиот договор меѓу европските лидери за назначувањето челници  на Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент и надворешнополитичкиот огранок на ЕУ по европските избори. „Нема улога за Мишел во овој процес, освен во неговата глава“, тврди еден дипломат ЕУ дипломат.

Во деновите по изборите, меѓу 27-те шефови на држави и влади се појави консензус дека Фон дер Лајен треба да добие втор мандат, а Коста да биде новиот претседател на Европскиот совет. Добриот личен однос меѓу двајцата помогна во ова особено по годините на конфликт меѓу Мишел и Фон дер Лајен.

Нивната „војна“ кулминираше за време на посетата на Анкара во 2021 година, кога Мишел го грабна единственото слободно столче за време на фотосесијата и седна до турскиот претседател Ердоган, додека Фон дер Лајен мораше да седи на блискиот кауч. Аферата стана позната како „Софагејт“, а Фон дер Лејен го обвини Мишел за сексизам.

Мишел го турка Мицотакис, но тој наводно не е заинтересиран

И покрај тоа, Мишел продолжува да нуди алтернативи на Фон дер Лајен во неговите подготвителни разговори со лидерите на ЕУ, во ликот на грчкиот премиер Мицотакис, како и некои други, засега неименувани кандидати. Мицотакис, пак, досега ја отфрлаше можноста за преземање на некои од најважните функции во Брисел. „Тој цврсто стои зад кандидатурата на Фон дер Лајен“, велат грчки извори. Танасис Баколас, генералниот секретар на Европската народна партија од којашто доаѓа Фон дер Лајен, кој исто така е Грк, го нарече „апсолутно смешно“ сценариото во кое Мицотакис или Фредериксен ќе ги преземат главните улоги.

Некои од официјалните лица тврдат дека постојаната потреба на Мишел за одмазда е во спротивност со надежите на ЕУ лидерите за брз договор. Откако Европската народна партија на Фон дер Лајен излезе како убедлив победник на европските избори, таа беше јасен фаворит за место во Комисијата. Бирократите во бриселскиот меур се чинеше дека во најголем дел се согласуваат.

Континуираните обиди на Мишел да го поткопа вториот мандат за Фон дер Лајен го ослабнаа секој кредибилитет во преговорите што Мишел ги напушти, додаваат дипломати и официјални лица. Според информациите, Мишел се стреми и кон функцијата висок комесар за надворешна политика на ЕУ, која во моментов ја извршува Шпанецот Жозеп Борел, со мотив на чиста одмазда.

Нивната „војна“ кулминираше за време на посетата на Анкара во 2021 година, кога Мишел го грабна единственото слободно столче за време на фотосесијата и седна до турскиот претседател Ердоган, додека Фон дер Лајен мораше да седи на блискиот кауч. Аферата стана позната како „Софагејт“, а Фон дер Лејен го обвини Мишел за сексизам.

После Софагејт, Динергејт

Европските земји веќе се спротивставија на претходните обиди на Мишел да ја смени Фон дер Лајен, како што беше одложувањето на процесот на распределување на највисоките функции во ЕУ до крајот на летото и обидот да ја исфрли претседателката  од неформалниот Европски совет на 17 јуни.

Европската комисија соопшти дека Фон дер Лајен сè уште не добила покана за вечерата на лидерите оваа недела. „Повторното именување на Фон дер Лајен досега е целосно неконтроверзно, така што сите го гледаат ова како што е, што значи,  детска одмазда. По Софагејт, сега добиваме Динергејт. Бедно. “, рече друг дипломат од ЕУ.

Шестмината дипломати се согласија дека Мишел треба да се држи настрана од организирање на преостанатите состаноци на лидерите на ЕУ и да им ја препушти таа работа на шефовите на држави и влади.

Секоја од трите главни политички семејства, „народњаците„, социјалистите и либералите, именуваа двајца водачи како нивни политички преговарачи за време на тие разговори. „Партиите и лидерите меѓусебно ќе се договорат за ова“, заклучуваат дипломатите.

македонија5 часа ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија5 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци