Connect with us

економија

Плаќањата преку мобилен телефон двојно побројни лани

Пандемијата ги сврти македонските потрошувачи кон дигиталните услуги

објавено

на

Во четвртиот квартал од 2020 продолжува трендот на пораст на бројот на плаќања извршени со мобилен телефон во Македонија, и достигнува 105%. Плаќањата со платежните картички од страна на граѓаните во трговијата во земјата,  имаат раст и кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 34% и 29%, соодветно, покажува статистката на Народната банка.

Плаќањата со платежните картички од страна на граѓаните во трговијата во земјата, во четвртиот квартал од 2020 година, забележаа значителен годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 34% и 29%, соодветно, вели статистиката на Народната банка. Високиот годишен раст на бројот на плаќањата на граѓаните во трговијата е пред сè резултат на исклучителниот пораст на бројот на плаќањата со платежни картички на местата на продажба на интернет, којшто во последниот квартал од 2020 година изнесуваше 153% и притоа беше двојно повисок од годишниот раст во истиот квартал од 2019 година (71%).

Овие трендови во земјава ги потврдува и директорот на глобалната компанија за работа со картички Visa, Владимир Ѓорѓевиќ, во интервјуто за Капитал.

„Македонија бележи добри резултати во сегментот за дигитални плаќања. Бесконтактните опфаќаат скоро 60 проценти од сите Visa трансакции што се случуваат лице в лице. На светско ниво, оваа бројка е 43 проценти, а кога зборуваме за земјите од ЕУ, тоа е околу 80 проценти. Податоците потврдуваат дека потрошувачите сакаат секојдневните, рутински активности како што е плаќањата да ги извршуваат едноставно, безбедно и со минимално потрошено време.“, вели Ѓорѓевиќ.

Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба од страна на граѓаните, во последниот квартал од 2020 година беше остварен годишен раст од 22%, што укажува на стабилна и непроменета состојба во растот па плаќањата со платежните картички на физичките места на продажба, во споредба со годишниот раст остварен во последниот квартал од 2019 година.

Од друга страна, негативното влијание на пандемијата е изразено кај плаќањата на граѓаните со користење на инструментот кредитни трансфери, коишто забележаа годишен пад од 3% кај вредноста на трансакциите, односно умерен годишен раст од 1,8% кај бројот на трансакциите.

Банкарските мобилни апликации сè почесто се користат

Менувањето на навиките на граѓаните, во услови на ограничено движење заради пандемијата, придонесе за висок годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 145%, како и на кредитните трансфери иницирани по електронски пат од 31%, во текот на целата 2020 година.

Од почнувањето на ковид-кризата па наваму, во услови на потреба од заштита на јавното здравје, изолација и социјална дистанца, граѓаните сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронските кредитни трансфери иницирани од страна на граѓаните, во последниот квартал од 2020 година, се зголемил за значителни 39,5% на годишна основа, што е трипати повеќе во споредба со годишниот раст во истиот квартал во 2019 година (11,8%). 

За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле

мобилните апликации, што укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање. 

Како и во изминатиот период во услови на пандемија, продолжува трендот на пораст на бројот на плаќања извршени со мобилен телефон,а во последниот квартал од 2020 година достигнува 105%.

„Мобилното искуство како прво и најважно во обезбедувањето дигитални услуги станува сè побарано во доменот на платната индустрија. Ако знаеме дека скоро четвртина од времето во текот на денот поминуваме користејќи мобилен телефон, очекувам дека во наредниот период ќе бидеме сведоци на зголемена миграција кон плаќање со паметни уреди.“, вели Владимир Ѓорѓевиќ од Visa.

Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е исто така многу повисок од годишниот раст остварен во четвртиот квартал од 2019 година, којшто изнесуваше 42,6%. Покрај тоа, во четвртиот квартал од 2020 година, иако послабо во однос на употребата на мобилните апликации, продолжува и растот на употребата на компјутерите за извршување плаќања во земјата од страна на граѓаните. 

Поконкретно, кај овие плаќања, во четвртиот квартал од 2020 година се забележува висок годишен раст од 18,3%, којшто е повисок за четирипати од годишниот раст во четвртиот квартал од 2019 година, којшто изнесуваше 4,7%.

Од друга страна, условите коишто ги наметна пандемијата на ковид-19 придонесоа за  менување на навиките на граѓаните и во однос на иницирањето кредитни трансфери на хартија, при што бројот на кредитните трансфери иницирани на овој начин забележа годишен пад од 14% во четвртиот квартал од 2020, наспроти годишниот раст во истиот квартал во 2019 година, од 12,3%.

Менувањето на навиките на граѓаните, во услови на ограничено движење заради пандемијата, придонесе за висок годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 145%, како и на кредитните трансфери иницирани по електронски пат од 31%, во текот на целата 2020 година.

Македонските граѓани онлајн најмногу купуваат облека и спортска опрема

Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба од страна на граѓаните, во последниот квартал од 2020 година беше остварен годишен раст од 22%, што укажува на стабилна и непроменета состојба во растот па плаќањата со платежните картички на физичките места на продажба, во споредба со годишниот раст остварен во последниот квартал од 2019 година.

Што се однесува на плаќањето преку интернет, македонските е – купувачи како и европските, онлајн најмногу купуваат облека и спортска опрема, покажа анализата што ја направи неодамна Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија – АЕТМ. За време на Ковид кризата и понатаму оваа категорија е најкупувана онлајн со малку намалена динамика.

Значително намалување како резултат на COVID-19 секако имаат категориите хотелско и друго сместување, билети за настани, други аранжмани за патување. Најголемо зголемување на онлајн купување има кај храна или производи за секојдневна употреба. Значајно се променети и навиките за плаќање сметки онлајн за електрична енергија, вода и телекомуникациски услуги.

„Онлајн нарачките под влијание на COVID-19 се зголемиле, но главното прашање е што по завршување на кризата, дали е – купувачите ќе продолжат со исто темпо. Од испитаниците, 76% се изјасниле дека ќе продолжат со исто темпо да купуваат онлајн. Главна мотивација за онлајн купување е пониската цена и бесплатна достава, а дополнителни причини се заштедата на време, потоа флексибилност да купуваат било кога, било од каде, а секако и во време на COVID-19 поголема безбедност за здравјето.“, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

Заклучокот на анализата на АЕТМ е дека е – трговијата и понатаму бележи континуиран раст во земјава, но ниското ниво на дигитални вештини го забавува  дополнителниот развој на е – трговијата.

Исто така, препораката до бизнисите е  дека дигиталната комуникациска стратегија на брендовите мора да се адаптира во време на криза, исто како што е значајно да се адаптираат начинот на работење, на продажба, на производство, е – трговците треба да го прилагодат и начинот на комуникација односно да го адаптираат тонот и пораките кон јавноста согласно фазите во кризата.

Од АЕТМ велат дека онлајн безбедноста и заштитата на потрошувачите се клучни за раст – со што се покажува дека работата на е – трговците е директно контролирана од меѓународните картични организации и може да се смета за сигурна и безбедна.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија1 ден ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Фасхион4 дена ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

економија5 дена ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

економија6 дена ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

коментари6 дена ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија6 дена ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

банки1 недела ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија2 недели ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

коментари6 дена ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

банки1 недела ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

економија1 недела ago

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

економија6 дена ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија6 дена ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија5 дена ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

македонија1 ден ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Фасхион4 дена ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг