Connect with us

свет

Повеќе од еден милион корисници го напуштиле Твитер откако Илон Маск го презеде

објавено

на

Фирмата  Бот Сентинел (Bot Sentinel), којашто следи невообичаено однесување на Твитер анализирајќи преку 3 милиони профили и нивните дневни активности, смета дека околу 880 илјади профили се деактивирани и уште 497 илјади се суспендирани помеѓу 27 октомври и 1 ноември. Тоа е повеќе од двојно зголемување од вообичаената бројка, пишува MIT Technology Review.

Откако на 27 октомври почна ерата на владеењето на Илон Маск со Твитер (Twitter), означена симболично со неговиот твит “птицата е ослободена“, голем број корисници на социјалната мрежа се заканија дека ќе ја напуштат, незадоволни од новата сопственичка структура.

Отсекогаш имало корисници што се заканувале дека ќе го напуштат Твитер, и потоа не го правеле тоа-  но новите податоци укажуваат дека значителен број од корисниците  овој пат навистина ја напуштиле платформата.

Фирмата  Бот Сентинел (Bot Sentinel), којашто следи невообичаено однесување на Твитер анализирајќи преку 3 милиони профили и нивните дневни активности, смета дека околу 880 илјади профили се деактивирани и уште 497 илјади се суспендирани помеѓу 27 октомври и 1 ноември. Тоа е повеќе од двојно зголемување од вообичаената бројка, пишува MIT Technology Review.

 „Забележавме голем раст на бројот на луѓе што ги деактивирале своите профили, а исто така и на оние што ги суспендирале“, изјави Кристофер Боузи, основач на Бот Сентинел.

Раст на бројот на деактивирани или суспендирани профили

Во Бот Сентинел дошле до овие бројки гледајќи го уделот на корисници меѓу оние што ги анализираат, а коишто ги деактивирале своите профили или ги суспендирале по преземањето на Твитер од страна на Маск. Потоа го примениле тој процент на вкупната корисничка база на Твитер, која во моментов изнесува 237 милиони дневно активни корисници.

Од 27 октомври до 1 ноември, Бот Сентинел открил дека 11.535 профили коишто ги надзирале се деактивирани – што значи дека некој одлучил да ја затвори својата сметка (account). Дополнителни 6.824 се суспендирани, што се случува кога Твитер проактивно отстранува сметки поради неактивност, неавтентичност или кршење на правилата на мрежата. Тоа е отприлика 0,59% од сметките/профилите што Бот Сентинел ги следи.

Во неделата пред Маск да го купи Твитер, само 5.958 сметки биле деактивирани или суспендирани, што укажува на зголемување на падот на бројот на сметките за 208% во деновите по преземањето на Твитер од Маск.

„Веруваме дека зголемувањето на деактивирањето е резултат на тоа што луѓето се вознемирени поради купувањето на Твитер од Маск и решија да ги деактивираат своите сметки во знак на протест“, вели Боузи.

Маноел Рибеиро, професор  на  EPFL Лозана во Швајцарија, кој ги проучува интернет заедниците и влијанието на политиките и алгоритмите за модерирање на социјалните мрежи врз овие групи, се согласува со овие проценки. „Се чини дека навистина има обиди од многумина да мигрираат на други платформи“, вели тој.

Враќање на демократијата или на говорот на омраза?

Вашингтон Пост веќе излезе со неколку познати имиња од американската јавна сцена коишто најавиле дека ќе го напуштат Твитер или тоа веќе го сториле. Меѓу нив се продуцентката Шонда Рајмс, актерката Теа Леони, пејачката Тони Бракстон и др. Писателот Стивен Кинг пак, кој што има речиси седум милиони следбеници на Твитер, се заканил дека ќе си оди од мрежата доколку навистина му наплатат 20 долари за верификација на својот статус на платформата. Претходно Илон Маск најави дека сака да наплаќа претплата од 8 долари месечно за продуктот на Твитер наречен Twitter Blue, и дека само тие што ќе плаќаат ќе може да имаат сината ознака на своите профили којашто потврдува дека сметката е верификувана.

Меѓутоа, не сите корисници што си заминуваат од Твитер, го прават тоа поради најавите за плаќање претплата. На многумина не им се допаѓаат намерите што Маск многупати ги спомна досега, дека ќе ја врати слободата и демократијата на Твитер, односно ќе реактивира профили како оној на Доналд Трамп, и некои други ликови од политиката, шоу бизнисот, новинарството итн., коишто биле отстранети поради своите наводно екстремни ставови. Противниците на овие намери на новиот сопственик се плашат дека на тој начин на мрежата ќе се зголеми навредливата содржина, говорот на омраза и дезинформациите.

Други пак, особено припадниците на политичката десница, ги поздравуваат овие напори на Маск, со оглед дека со години наназад републиканските политичари и нивни следбеници тврдат дека социјалните мрежи ги цензурираат конзервативците.

Во меѓувреме Маск почна со реорганизација на Твитер, па веднаш откако седна во управувачката фотелја, подели откази на десетина топ менаџери, а за денеска се најавени откази на голем број вработени во компанијата.

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки1 ден ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас