Connect with us

македонија

Погледнете го „Дениција“, првиот македонски Swatch, дизајниран од Зоран Кардула

објавено

на

Дениција е првиот часовник од специјалната едиција „Своч на Кирилица“, која Божиновски ја реализира по повод триесетгодишнината од независноста.

„Божиновски часовници и накит“ со гордост го претставува првиот македонски дизајниран Swatch, кој е дел од платформата „СВОЧ НА КИРИЛИЦА“, потпишан од македонскиот дизајнер и илустратор Зоран Кардула.

„Првата буква од креативната азбука која ја започнавме со оваа платформа, по повод триесетгодишнината од независноста ја издвоивме за познатиот македонски дизајнер и илустратор Зоран Кардула. Првиот дизајн му го доверивме на Кардула како еден од најзначајните илустратори кој го одбележува ова наше време“, објаснуваат од „Божиновски часовници и накит“.

Часовникот е дизајниран со мотив од познатата едиција „Жени“ на авторот и симболично го доби името Дениција, инспирирани од загадочната  и бескрајна љубов која ја опејува еден од најзначајните македонски писатели, Петре М. Андреевски. Име кое асоцира на изгрејсонце, на ѕвездата Деница, на светлина, плодност, убавина, но и на нашата татковина.

Доколку сакате да го погледнете часовникот во живо истиот е веќе изложен во бутикот на „Божиновски часовници и накит“ на ул. Македонија но и во сите продажни места на Божиновски.

Дениција е првиот часовник од специјалната едиција „Своч на Кирилица“, која Божиновски ја реализира по повод триесетгодишнината од независноста. Сите часовници кои ќе бидат издадени ќе имаат колекционерска вредност и ќе бидат достапни во ограничена симболична количина од 30 парчиња, а продажбата ќе се одвива преку аукција на 16.12. Средствата собрани од наддавањето ќе се употребат за формирање на фондација која ќе се грижи и стипендира млади креативци од Македонија.

„Веб страна Своч на кирилица покрај информациите за проектот и секој нов часовник, претставува и платформа каде  уметниците, дизајнерите и воопшто сите креативци можат да предложат дизајн а ние ќе ги контактираме оние чие решенија ќе бидат доволна провокација за да станат потенцијални решенија за следниот часовникот“, објаснуваат од Божиновски.

Платформата „Своч на Кирлица“ има за цел да ги мобилизира и поддржи креативците од Македонија и преку нивната креативна енергија, да го обои времето кое доаѓа со повеќе шаренило, среќни и убави моменти.

„Целта ни е да имаме една затворена приказна, да создадеме уникатна колекција на часовници користејќи го креативниот потенцијал на нашата земја, а заедно со нашите ценети клиенти симболично да дадеме поддршка за поттикнување на креативноста кај младите, преку реализирањето на оваа уникатна колекција на Swatch часовници. Воедно ја потенцираме посебноста на овој проект, кој како долгорочна замисла за афирмирање на креативци во една земја е единствен во светот.“, објаснуваат од Божиновски.

Ексклузивна можност за купување на часовниците преку аукција  имаат членовите на „Лојалната програма“ на Божиновски, а средствата собрани од аукциите ќе бидат донирани за поддршка на младите македонски уметници. Сите кои ќе станат горди сопственици на ова лимитирано издание наречено Дениција, ќе добијат подарок од Божиновски – вредносен ваучер од 5.000 ден, за учество при купување на  лимитираната уметничка слика – со истиот мотив  од познатиот илустратор Зоран Кардула.

Повеќе за целиот проект и создавањето на Дениција на интервјуто со првиот човек на Божиновски.

македонија2 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија2 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија4 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки4 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија4 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост