Connect with us

свет

Поголема доза оптимизам кај инвеститорите

Пазари на капитал

објавено

на

Изборите во САД донесоа пресврт, но очигледно очекувано е дека републиканскиот Сенат ќе претрпи релативно мали измени. Последното соопштение за 90% прелиминарна ефикасност на вакцината што ја развива Pfizer е најоптимистичката вест за вакцината до сега. Покрај тоа, резултатите за третиот квартал и предвидувањата за последниот квартал, како и изгледите за 2021 година се подобри од очекувањата за повеќето компании, така што инвеститорите со сите три информации настапуваат со поголема доза на оптимизам за иднината.

Генерали Инвестментс
(редакциска опрема Капитал)

Каков пресврт. Помина само една недела, а се случија многу повеќе настани отколку што се случија за половина година. Три моменти се совпаднаа и сите три беа многу позитивни за пазарот.

Пазарот дополнително го разгори последната вест дека вакцината Pfizer покажува 90% прелиминарна ефикасност. Со оглед на тоа дека FDA постави ограничување на забрзаниот процес на регистрација на ефикасност од 50%, податоците се одлични и сугерираат дека, доколку продолжи да покажува слична ефикасност, вакцината може да биде достапна уште во пролет

Изборите во САД донесоа пресврт, но очигледно очекувано е дека републиканскиот Сенат ќе претрпи релативно мали измени. Последното соопштение за 90% прелиминарна ефикасност на вакцината што ја развива Pfizer е најоптимистичката вест за вакцината до сега. Покрај тоа, резултатите за третиот квартал и предвидувањата за последниот квартал, како и изгледите за 2021 година се подобри од очекувањата за повеќето компании, така што инвеститорите со сите три информации настапуваат со поголема доза на оптимизам за иднината.

Но, да ги погледнеме првите две новости малку подетално. Изборите, кои сè уште не се завршени, бидејќи очекуваме судска битка, сè уште се потпираат силно во корист на Бајден. Според инвеститорите, ова носи нов ветер, особено во надворешната политика и ставовите кон светот, особено Кина и Европа. Од друга страна, Сенатот се чини останува во рацете на републиканците, иако изборите за 2 места се уште не’ чекаат во јануари, што сепак ќе внесе неизвесност. Конгресот останува во рацете на демократите, иако со значително намалена предност.

Сето ова сугерира дека веројатноста за даночни пријави на нивоа пред даночната реформа на Трамп, силната здравствена реформа и намалувањето на маржите, разбивањето на ИТ монополите и сл. е помалку веројатна. Продолжувањето на статус кво, инвеститорите го сметаат за најдобро можно сценарио и тие одговорија соодветно. Пазарот дополнително го разгори последната вест дека вакцината Pfizer покажува 90% прелиминарна ефикасност. Со оглед на тоа дека FDA постави ограничување на забрзаниот процес на регистрација на ефикасност од 50%, податоците се одлични и сугерираат дека, доколку продолжи да покажува слична ефикасност, вакцината може да биде достапна уште во пролет.

Технички, ќе треба многу подолго време за да се вакцинираат доволно луѓе, но пазарите веќе сфатија каков ќе биде светот по Ковид-19. Во овој момент, сепак, потребно е да се остане рационален, бидејќи се покажа дека оптимизмот бил претеран во неколку наврати во последните месеци. Пандемијата предизвикана од Ковид-19 се шири неконтролирано, сите бројки и заразени, хоспитализирани и мртви, се на рекордно ниво така што се соочуваме со многу тешка зима, како од економски, така и од потполно општествен аспект. Со овие пресврти во изминатата недела, прашањето за очекуваниот стимул донекаде се спушти во втор план, но останува фактот дека пазарот вклучува очекуван голем стимулативен пакет од сите поголеми централни банки и држави за да им помогне на деловните субјекти и на поединците да го поминат тешкиот пролетен период.

Портфолијата постојано да се прилагодуваат

Технолошката индустрија веројатно ќе достигне врв на краток рок со најавите за можна вакцина, особено акциите на FAANG (Facebook, Amazon, Apple, Netflix, Google), а вниманието ќе биде насочено малку повеќе кон другите сегменти на пазарот.

Пазарите останаа подолго во зелена зона во последната недела, а веста за првичниот успех на вакцината ги помеша картите. Победниците кои подобро би ја пребродиле корона кризата станаа губитници, бидејќи инвеститорите продаваа акции од компании кои се занимаваат со е-трговија и работа од дома и ги инвестираа средствата во досегашните губитници. Најголем раст е забележан кај најризичните акции на авиокомпаниите, туристичките и хотелските компании, енергијата итн.

Ротацијата од т.н. стар раст дефиниран од ИТ компаниите, во т.н. нов раст, односно компании што ќе растат во „повоени“ времиња е интензивна, брза и ненадејна. Факт е дека овие интензивни промени мора да се видат и во светло на големината на одделни компании и продажбата на мал удел на најголемите компании, од на пр. групацијата FAANG што ќе претставува голем прилив во акции на гореспоменатите ризични сегменти на пазарот. Следствено на ова, се очекуваат и големи промени. Но, ротацијата помеѓу индустриите е силно испреплетена со изборите. Сè што е поврзано со чиста енергија, продолжи силно да расте уште од предизборниот период, а од друга страна, стратешки гледано, се отвораат нови прашања во врска со компаниите кои дејствуваат во традиционалниот енергетски сектор.

Затоа, неопходно е да се разгледаат сите овие промени на пазарот со здрав разум. Реакцијата на потенцијалната вакцина кај ИТ компаниите беше логична и очекувана, бидејќи покрај тоа што се вложија пари во други сектори, тоа е и изговор за инвеститорите да го капитализираат дел од навистина високиот профит за оваа година. Од друга страна, мора да се запрашаме дали вакцината носи нови или различни трендови во некој од сегментите на економиите. Е-трговијата останува и ќе продолжи да расте, а во иднина ќе има повеќе работа од дома во секој случај. Затоа, овие големи промени не значат нужно промена на трендот, туку предупредување до инвеститорите кои се обложиле премногу во една или друга насока дека портфолијата треба постојано да се прилагодуваат. Диверзификацијата е важна и дисперзијата ги намалува флуктуациите. Но, ние се држиме до општата препорака дека диверзификацијата на портфолиото е неопходна.

Совети за инвеститорите

Да се олабави со технолошкиот сектор, и „заборавените“ индустрии се враќаат

Најновите деловни резултати во некои „заборавени“ индустрии се охрабрувачки и ако вакцината навистина се појави на пазарот во пролетта 2021 година, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од темел и ротацијата помеѓу индустриите ќе добие силна поддршка. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи валуации имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на очекуваниот стимулативен пакет, но структурата ќе има мали измени.

Конечно, старите препораки ќе претрпат мали измени. Американските избори се повеќе или помалку зад нас. Технолошката индустрија веројатно ќе достигне врв на краток рок со најавите за можна вакцина, особено акциите на FAANG (Facebook, Amazon, Apple, Netflix, Google, н.з.), а вниманието ќе биде насочено малку повеќе кон другите сегменти на пазарот.

На долг рок, акциите од технолошкиот сектор, е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но сепак се преценети, па инвеститорите ќе бидат малку попретпазливи и воздржани. Скапите обврзници и негативните приноси од банкарски производи продолжуваат да ги принудуваат инвестициите во акции, а поради позитивниот исход оваа недела, инвестирањето во акции станува малку полесно. Но, ние се држиме до општата препорака дека диверзификацијата на портфолиото е неопходна.

Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка како за обврзниците така и за акциите, а интересот на инвеститорите за акциите од технолошкиот сектор ќе продолжи да биде силен, но како што видовме со високи процени, претпазливоста не е излишна. Можностите надвор од технолошкиот сектор се уште поатрактивни од денешна гледна точка и главно се должат на значително пониските процени и промените во очекуваното идно работење на компаниите.

Најновите деловни резултати во некои „заборавени“ индустрии се охрабрувачки и ако вакцината навистина се појави на пазарот во пролетта 2021 година, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од темел и ротацијата помеѓу индустриите ќе добие силна поддршка. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи валуации имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на очекуваниот стимулативен пакет, но структурата ќе има мали измени.

Потребен е избалансиран пристап кон инвестициите со давање на поголемо учество на индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Ова вклучува здравствена заштита, лична потрошувачка и нега, технологија, но исто така и повеќе засегнатите индустрии, каде што сепак се гледа светло на крајот од тунелот. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума, истата треба да ја распределат во подолг временски период.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

банки17 часа ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“

економија17 часа ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

македонија20 часа ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

регион20 часа ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

економија3 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

банки4 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

свет6 дена ago

Автомобилската индустрија се граба за литиум – поскапен е 700% за две години

економија6 дена ago

Македонската берза ќе ја одржи својата 21-ва Годишна конференција на 23 септември во Охрид

економија7 дена ago

„Брако“ со 74 нови вработувања во првите шест месеци

економија1 недела ago

Инфлацијата во јули 16% на годишно ниво – најмногу поскапеле храната и транспортот, за речиси 25%