Connect with us

start up

Поддршката на македонскиот стартап екосистем ќе се одвива преку три столба

Националниот стартап совет донесе предлог мерки

објавено

на

Ќе се формираат центри за развој на стартапи, ќе  се подобрат условите за престој на дигитални номади, и ќе се создаде регистар на стартапи во Централниот регистар на државата. Предвидена е можност за  регистрација на нов тип на друштво, поедноставено друштво со ограничена одговорност (ПДОО), олеснување на процесот на ликвидација за стартап компании, зголемување на флексибилноста на условите за работа, дерегулација на работењето надвор од седиштето на друштвото (работа од дома). Во делот на пристап до финансии, покрај финансирањето од ФИТР, дополнително е овозможена поддршка со поволни кредити и од комерцијалните банки, но и Амазон веб сервиси, а се предлагаат олеснувања за влез на надворешни инвеститори, даночни олеснувања и ослободувања за инвеститорите, како и даночни олеснувања и ослободувања за стартапи.

Предлог мерките за забрзан раст на македонскиот стартап екосистем кои се дефинирани за прв пат во државава од Националниот стартап совет, беа презентирани денеска на заедничка прес конференција, на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров.

Премиерот Заев истакна дека во последните четири години, Владата покажа што значи да се биде партнер на македонскиот стартап екосистем. Премиерот подвлече дека во портфолиото на Фондот за иновации и технолошки развој, само во последните три години, поддржани се 605 проекти преку ко-финансирани грантови, со над 85 милиони евра вкупна инвестиција, што е навистина неспоредливо со периодот пред 2017 година, кога беа поддржани само 36 проекти и вкупна инвестиција од приближно 1,5 милиони евра.

„Од вкупните инвестиции заклучно со септември 2021 година, 56% односно околу 48 милиони евра се средства обезбедени од Фондот додека 37 милиони евра се сопствена инвестиција на компаниите што значи дека програмите на ФИТР поттикнаа значителен инвестициски циклус од страна на микро, малите и средните претпријатија. Охрабрува податокот дека 51% од портфолиото на Фондот се стартап компаниите, претежно основани од млади луѓе. Денес зборуваме за 326 поддржани стартап компании, во кои инвестиравме 18 милиони евра. Најголемиот дел од овие компании успешно работат не само на домашниот пазар туку и рамо до рамо со светски познатите брендови на глобалниот пазар.

Владата, со сите засегнати министерства и институции ќе даде реална поддршка. Ќе преземеме чекори за предлог-мерките од хартија да станат функционални со што полесно ќе се креираат политики и стратегии за развој на македонскиот стартап екосистем. Сите заедно ќе работиме на подобрување на регулативата за развој на иновациската дејност. Во свет којшто постојано се менува, заеднички ќе се бориме и за подобрување на условите за работа, затоа што ковид пандемијата ни покажа дека мораме да бидеме пофлексибилни, а работењето од дома за многу компании е новото нормално. Како Влада наша должност е да ги подобриме условите за пристап до финансии, за што се потребни даночни олеснувања и ослободувања за инвеститорите и стартапите“, посочи премиерот Зоран Заев.

Ќе се овозможи формирање на ПДОО – поедноставено друштво со ограничена одговорност

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој воедно е и претседател на Националниот стартап совет, ги презентираше деталите за трите столба од документот кои се однесуваат на стимулирање на развојот на екосистемот, подобрување на условите за работа за стартапите и подобрување на условите за пристап до финансии. Вицепремиерот информираше дека предлог-мерките се групирани во три столба: стимулирање на развојот на стартап екосистемот, подобрување на условите за работа и подобрување на условите за пристап до финансии.

„Првиот столб  – стимулирањето на развојот на стартап екосистемот е дефинитивно можно и имаме уште простор ова да се развива, иако направивме квантни скокови до сега. Заеднички утврдивме дека е потребно да се подобри регулативата за развој на иновациската дејност, да се креираат дополнителни, нови инструменти за поддршка на стартапите кои ќе бидат во тек со глобалните трендови, да се формираат Центри за развој на стартапи, да се подобрат условите за престој на дигитални номади, како и да се создаде регистар на стартапи во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Во однос на пакетот на мерки опфатени во вториот столб, кои би требало да ги подобрат условите за работа планирани се следни активности: Овозможување на регистрација на нов тип на друштво, поедноставено друштво со ограничена одговорност (ПДОО), олеснување на процесот на ликвидација за стартап компании, зголемување на флексибилноста на условите за работа, дерегулација на работењето надвор од седиштето на друштвото (работа од дома).

Пристапот до финансии е еден од најважните елементи за развој на секој проект, во овој дел навистина преку инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој, направивме сериозни исчекори, над 56% од  вкупната вредност на проектите се поддржува од средства од буџетот на ФИТР, а дополнително е овозможена поддршка со поволни кредити и од комерцијалните банки, но и Амазон веб сервиси, сепак согласни сме дека може и повеќе. Затоа во овој столб мерки предлагаме олеснувања за влез на надворешни инвеститори, даночни олеснувања и ослободувања за инвеститорите, даночни олеснувања и ослободувања за стартапи“, ги презентираше предлог мерките усвоени од Националниот стартап совет, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Државниот инвестициски фонд ќе вложува од 200.000 до 1,5 милиони евра во домашни стартапи

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров истакна дека нашата визија е едноставна – позиционирање на Република Северна Македонија како регионален стартап хаб.

„Заедно со вицепремиерот Фатмир, со Бистра, Ѓорѓи, Анита, Стефан и Дејан, со чинителите на стартап екосистемот, со странските донатори и стопанските комори, за првпат седнавме на иста маса, и се запрашавме – што се’ е потребно сите ние да направиме, за да им овозможиме на македонските стартапи побрз развој, полесен пристап до финансии и полесен влез до глобални пазари.“, изјави Петров, директор на ФИТР и додаде дека во моментов се финализираат и деталите околу првиот државен Инвестициски фонд, преку кој, во македонските стартапи ќе се инвестираат од 200.000 до 1.5 милион евра.

Петров потсети и дека е во тек финална селекција на компаниите кои аплицираа на јавниот повик„Стартапувај 3“, преку кој ќе се поддржат македонските стартапи со 2 милиони евра а преку повикот за комерцијализација на иновации кој е во тек, обезбедени се 8 милиони евра за домашните стартапи и иновативни компании да ги комерцијализираат своите производи и услуги.

економија23 минути ago

Расте животното осигурување поврзано со инвестициски фондови – регулаторот ги задолжи осигурителите за поквалитетно информирање на клиентите

свет37 минути ago

Европските берзи во зелено денеска, на Волстрит се очекува повторно раст на акциите

економија21 час ago

Колку е златото се’ уште безбедно прибежиште во турбулентни времиња?

економија22 часа ago

ЕБОР и Шпаркасе банка Македонија со нова кредитна линија за мали и средни бизниси

македонија4 дена ago

Македонија ги доби првите проценувачи со европски сертификат

свет4 дена ago

Денеска Путин ќе прогласи припојување на 15% украинска територија кон Русија

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Промените не треба само да се преживеат – треба да се напредува со нив

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Рекоа за…ризикот

македонија4 дена ago

Зошто е потребно знаење и вештини за големи податоци и бизнис аналитика?

економија4 дена ago

Во новите, посиромашни членки на ЕУ храната повеќе поскапува одошто во старите, богати

македонија6 дена ago

Највисоки плати во ИТ бизнисот во Македонија имаат дизајнерите на игри – и до 230 илјади денари месечно

интервју4 дена ago

Орхан Муртезани, директор на МЕПСО: Нè очекува доста тешка зима на енергетски план, но правиме сè за граѓаните и фирмите полесно да ја поминат

македонија4 дена ago

Зошто е потребно знаење и вештини за големи податоци и бизнис аналитика?

економија4 дена ago

Светската економија пред рецесија, Европа особено загрозена

интервју4 дена ago

д-р Силвана Мојсовска и д-р Златко Ветеровски: Македонските  компании мора да се подготват за новата ЕУ регулатива околу увозот на јаглеродно – интензивни производи

економија4 дена ago

Во новите, посиромашни членки на ЕУ храната повеќе поскапува одошто во старите, богати

македонија5 дена ago

Ознаката за доверба поттикнува донации од бизниси и граѓани

економија4 дена ago

Конференција на Македонска берза: Како да се развива пазарот на капитал среде енергетски шокови и  можна рецесија

економија4 дена ago

Искусните програмери во Македонија заработуваат и преку 180.000 денари

економија6 дена ago

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“