Connect with us

македонија

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

Иницијатива на Амчам и Конект во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“
Најдобри практики за корпоративна филантропија

објавено

на

Фото: Министерство за здравство

Комерцијална банка влезе меѓу шесте најдобри практики за корпоративна филантропија поради своите бројни и вредни донации за подобрување на квалитетот на јавното здравство за време на пандемијата и по неа.

Да се ​​биде општествено одговорна организација за време и по глобалната пандемија било императив за Комерцијална банка, а не само редовна пракса. Општествената одговорност на Банката во овој период била насочена кон поддршка на јавниот здравствен систем, кој го презеде најголемиот товар во борбата со последиците од Ковид-19 и грижата за здравјето на граѓаните.

Енергијата и средствата на банката биле насочени не само кон реализација на деловните планови и цели, туку и кон одржување на здравјето на нејзините вработени и клиенти, што, според менаџментот, е убедливо највредното нешто што го имаат. Највисок приоритет било да се обезбеди поддршка за македонското јавно здравство и со тоа да се инвестира во најважното нешто  што може да го има едно општество.

„Во Комерцијална банка веруваме дека одговорноста, одржливоста и хуманоста се вредностите кои ќе придонесат за надминување на актуелните кризи и за трасирање на нова траекторија по која ќе чекориме со нови искуства и со многу нови предизвици“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Реномираниот магазин „Глобал Фајнанс“ и додели на Комерцијална банка АД Скопје Признание за истакнато кризно лидерство во 2020 година, што дојде како резултат на максималните напори на Банката да одговори на потребите и да им помогне на своите клиенти во услови на пандемија, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството.

Значајни донации во време на пандемијата

Заштитата на здравјето и спасувањето животи за време на пандемија, која е без преседан во поновата историја, беше најтешката задача за јавниот здравствен систем.

Обезбедувањето итна финансиска помош и медицински материјали од страна на Комерцијална банка значело шанса за живот за многу граѓани. Истовремено, за јавните здравствени работници тоа значело помош за зачувување на нивното здравје и полесно згрижување на бројни пациенти.

Донацијата на возила за итна медицинска помош била од големо значење за давање итна медицинска помош и спасување човечки животи. Застарените возила во медицинските центри во Скопје, Неготино и во Охрид биле долгогодишен проблем и не дозволувале соодветна и итна грижа за пациентите.

Комерцијална банка во 2020 година донираше две амбулантни возила, 280 концентратори на кислород, неинвазивни вентилациони маски и 7.120 тестови за Ковид-19 во вкупен износ од 20.700.855 денари (околу 336.600 евра), медицински маски за лице во вредност од 1.198.750 денари, обезбеди финансиска помош – донација во износ од 6.150.000 денари за потребите на Министерството за здравство и дополнителни 8.220.000 денари за вработените на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија. Вкупната поддршка од Банката за здравствените работници во 2020 година достигна 590.000 евра.

Дополнително во 2021 година, Банката донираше возило за итна медицинска помош на ЈЗУ Здравствен дом Неготино во вредност од над 2.000.000 денари и обезбеди 30 мерачи на проток на кислород за кислородна поддршка за јавните здравствени установи во вредност од 156.780 денари.

Комерцијална банка во 2022 година придонесе со уште една донација, овој пат во чест на одбележувањето на Меѓународната недела на медицинските сестри изразувајќи благодарност и почит за нивната посветеност и ангажираност во спасувањето човечки животи во борбата против вирусот Ковид-19.

Комерцијална банка е особено горда на својата донација за целосно реновирање на Одделот за кардиологија и ревматологија при Универзитетската клиника за детски болести со цел да обезбеди подобра здравствена грижа за децата и помагање кога тие минуваат низ сериозни и непријатни моменти во нивниот живот.

Продолжувајќи со својата мисија за значително подобрување на условите во јавниот здравствен систем, Комерцијална банка во 2023 година целосно го реновираше Одделот за кардиологија и ревматологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје со донација вредна 5.000.000 денари. Благодарение на оваа донација од Комерцијална банка, Одделот во рекордно време доби целосно нов и модерен внатрешен дизајн, нови кревети, санитарни јазли и шкафови.

„Сакам да изразам голема благодарност до Комерцијална банка и до Управниот одбор на Банката, кои одговарајќи на нашето барање за донација наменета за реновирање на Кардиолошко – ревматолошкиот оддел на Детската болница, изразија безрезервна подготвеност да помогнат во насока на подобрување условите за хоспитализација и лекување на нашите млади пациенти Одделението доби сосема нова средина која ќе овозможи безбеден и удобен престој на хоспитализираните деца, ефикасни услови за работа, како и стандарди за хумано функционирање на сите внатрешни одделенија“, изјави проф. д-р. Стојка Нацева Фуштиќ, в.д. директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје.

На Одделот за кардиологија и ревматологија дневно се лекуваат 25 деца, а годишно се третираат 4.620 деца. За нив и нивните семејства престојот и лекувањето во оваа клиника значи голем животен предизвик и затоа секое олеснување и подобрување на условите за лекување е од големо значење. Комерцијална банка е особено горда што со својот придонес им овозможи на младите пациенти да се чувствуваат поудобно и повесело во болничките соби, како и медицинскиот персонал полесно и поефикасно да ги извршува своите обврски во борбата за подобрување на здравјето на децата.

„Нашата мисија со оваа донација беше да помогнеме застарениот Оддел да добие нов лик и нови услови кои на пациентите ќе им помогнат полесно да го прифатат медицинскиот третман и ќе им ја дадат потребната енергија и оптимизам за побрзо надминување на сите предизвици. Сепак, искрено посакувам ниедно дете да не мора да влезе низ оваа врата во иднина“, истакна д-р Штериева.

Грижата за подобро здравје на граѓаните останува врвен приоритет

Во меѓувреме се отворија многу дебати на глобално ниво бидејќи истовремено се решаваат економски, социјални, здравствени и политички кризи. Но, без сомнение, сметаат во Банката, сегашните инпути ќе доведат до решенија во кои главната улога ќе ја има одржливоста. И сето тоа би било неодржливо без посветеност на личната и корпоративната општествена одговорност.

„По справувањето со пандемијата, продолживме со извонредните придонеси за јавното здравје со цел да помогнеме во подобрување на грижата за секој пациент – обезбедување квалитетна средина за престој на пациентот и услови за максимална грижа и внимание од страна на медицинскиот персонал. Нашата мисија со овие донации е да им помогнеме на секторите за јавно здравје да добијат нови и подобрени услови кои ќе им помогнат на пациентите полесно да го прифатат медицинскиот третман и ќе им ја дадат потребната енергија и оптимизам за побрзо надминување на сите предизвици. Грижата за подобро здравје на граѓаните треба да биде врвен приоритет на секоја институција во општеството, а Комерцијална банка како општествено одговорна компанија останува верна на својата заложба да помага на јавното здравство за да можеме заедно и полесно да постигнеме подобро општество за сите“, вели д-р Штериева.

Имајќи ги предвид состојбите во јавното здравство и важноста на услугите за здравјето на граѓаните, кои во актуелната повеќегодишна економска криза имаат сериозни тешкотии во обезбедувањето на потребните здравствени услуги и третмани, Комерцијална банка како докажан поддржувач на јавното здравство останува доследна на својата стратегија да придонесе за понатамошно подобрување на условите во јавниот здравствен систем. Согласно Корпоративната стратегија на Банката и Стратегијата за општествена одговорност 2022-2026 година, Комерцијална банка и во наредниот период планира донации за подобар јавен здравствен систем за сите граѓани, кои ќе се реализираат врз основа на плановите на Банката и потребите на државните здравствени установи.

економија8 часа ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија1 ден ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија6 дена ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија6 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија6 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија6 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%