Connect with us

економија

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

Финансиски пазар: Како работеше домашната осигурителната индустрија во пандемија

објавено

на

Кризата со Ковид-19 ја намали мобилноста, патувањата, а со тоа и бројот на полиси од некои класи осигурување, како што се зелена карта, автомобилска одговорност и патничко осигурување. Ова негативно се одрази на портфолиото на осигурителната индустрија во Македонија, каде што 60% од премијата отпаѓа на осигурување на моторните возила. После повеќегодишен континуиран раст на вкупната осигурителна премија во државава, во 2020 г. е забележан пад од 4,89% на 10,07 милијарди денари (околу 164 милиони евра), покажуваат податоците на Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Падот е речиси идентичен и кај неживотното осигурување, 4,88%, на 8,33 милијарди денари бруто полисирана премија, и 4,93% кај животното осигурување, со премија од 1,74 милијарди денари.

Помалиот број на продадени нови и половни автомобили поради кризата, неможноста поради ковид – рестрикциите за патувања во Грција и другите земји каде што најчесто заминуваат на одмор или викенди македонските граѓани што следствено носи и многу помалку зелени картони за патување – сето тоа предизвика пад на бруто полисираната премија во класата осигурување на моторни возила во 2020 година, којашто учествува со 60% во вкупното осигурително портфолио на економијата.

Кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата не го одмина ниту осигурителниот сектор минатата година, па после повеќегодишен континуиран раст на вкупната осигурителна премија во државава, во 2020 г. е забележан пад од 4,89% на 10,07 милијарди денари (околу 164 милиони евра), покажуваат податоците на Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Падот е речиси идентичен и кај неживотното осигурување, 4,88%, на 8,33 милијарди денари бруто полисирана премија, и 4,93% кај животното осигурување, со премија од 1,74 милијарди денари.

„Овој пад е сосема очекуван бидејќи поради пандемијата и намалената мобилност, односно ограничувањата во движењето и пред сѐ во патувањата, се намалија приходите од некои класи осигурување, како што се зелена карта, автомобилска одговорност и патничко осигурување.“, кажа главниот извршен директор на Халк Осигурување, Суат Инан, во неодамнешното интервју за Капитал.  Сепак, според него, во целина осигурителниот бизнис не беше силно погоден како некои други сектори во државата.

„Морам да споменам дека додека кај некои сектори, како овие што ги споменав има намалување на бруто полисираната премија, кај други има зголемување. Пред сè кај класите здравствено осигурување и осигурување имот, што покажува дека во услови на опасност, каква што е пандемијата, се зголеми свесноста на граѓаните за грижа за здравјето и имотот, односно обезбедување соодветна заштита од несакани ризици.“, додаде Инан.

Во одделните класи кај неживотно осигурување, кај осигурувањето на моторни возила, коешто зафаќа најголем дел во целото осигурително портфолио во државава, или речиси 60%, се забележува пад на премијата од 8,41%, на 4,96 милијарди денари. Помалиот број на продадени нови и половни автомобили поради кризата, неможноста поради ковид – рестрикциите за патувања во Грција и другите земји каде што најчесто заминуваат на одмор или викенди македонските граѓани што следствено носи и многу помалку зелени картони за патување – сето тоа предизвика пад на бруто полисираната премија во класата осигурување на моторни возила во 2020 година.

При тоа, во рамки на оваа класа, во делот на автоодговорноста, што е задолжително осигурување на возила, падот е 9,63%, на 4,14 милијарди денари, додека кај каско осигурувањето (околу 16,6% од вкупното осигурување на моторни возила) падот е 1,73%.

Пад во бруто полисираната премија има и кај класата осигурување од општа одговорност, од 6,6%, на 212 милиони денари, а оваа класа зафаќа само 2,55% во вкупното портфолио на осигурителната индустрија.

Кај неживотните имотни осигурувања, коишто вкупно зафаќаат 22,3% во целосното осигурително портфолио на економијата, се забележува раст на премијата во 2020 година од речиси 5%, на 8,32 милијарди денари (околу 30 милиони евра), при што осигурувањето од пожар и други опасности има раст на премијата од 2,21%, додека останатите имотни осигурувања бележат раст од 7%.

Како што вели главниот извршен директор на Триглав осигурување Ѓорѓе Војновиќ во интервјуто за Капитал, имотното осигурување сè уште има голем потенцијал за раст, со оглед на големиот број се уште неосигурени станови, куќи, викендички, но и деловни објекти, итн.

„ Работиме на промена на  перцепцијата на луѓето дека осигурувањето чини многу и дека не можат да си го дозволат. Би сакал да ја искористам оваа прилика и да ги уверам сите дека континуирано работиме на прилагодување на нашите производи на можностите и на потребите на клиентите. Истото може да се каже и за имотното осигурување. Домот е местото каде започнува нашата приказна и една минута е доволна го промени нашиот живот од корен. Да донесеме правилна одлука и да го заштитиме она што ни е најважно.“, рече Војновиќ.

Патувања нема, нема ни туристички осигурувања

Од осигурителната индустрија сметаат  дека свеста за прашања како што се здравството, пристапот до здравствени услуги и предноста на приватните полиси за здравствено осигурување нема да изгуби на важност во наредните години. Напротив, ќе продолжи да расте со засилено темпо бидејќи граѓаните во услови на криза сфатија колку е важно да се има квалитетно здравствено осигурување. Во 2018 година во оваа класа осигурување на ниво на секторот беше реализирана бруто полисирана премија од 2 милиони евра, во 2019 од 3 милиони евра, а ланската година таа изнесуваше преку 4  милиони евра.

Кај останатите класи од неживотното осигурување, падот е 3,37%, на 1,29 милијарди денари,при што огромен пад од 65,4% бележи туристичката помош, што е и разбирливо со оглед н фактот дека македонските граѓани во 2020 година патуваа значително помалку од вообичаеното поради карантините и затвореноста на голем број земји во светот среде пандемијата. Кај осигурувањето од незгода, од друга страна, има раст на премијата од 7,8%.

Во делот, пак, на бруто исплатените штети, нивниот вкупен износ во 2020 година изнесува 4,01 милијарди денари или за 0,63% помалку во однос на 2019 година. На неживотното осигурување отпаѓаат 3,57 милијарди денари (58 милиони евра), што е за 3,13% помалку од годината претходно, додека кај животното осигурување износот е за речиси 26% повисок, и изнесува 440 милиони денари (7,2 милиони евра).

Овој висок процент на пораст кај бруто исплатените штети кај животното осигурување не треба да зачудува, затоа што последниве неколку години практично е се’ поголем бројот на исплатите што ги вршат компаниите за животно осигурување по истекот на договорот за полиса на луѓето што склучуваа вакви договори пред 10, 15 години и сл. Овој тип на осигурување кај себе го има елементот и на заштеда, поточно, акумулирана сума на сметката на осигуреникот што се исплатува на крајот заедно со приносот остварен за договорениот период доколку претходно не е настанат штетен настан, односно смрт на осигуреникот.

Животното осигурување како релативно нова категорија на осигурителен продукт со 15-тина години развој во земјава, бележеше исклучително високи стапки на раст со години наназад, што е и разбирливо, со оглед на огромниот простор што стоеше „неистапкан“ на македонскиот пазар. Со тек на време, оваа класа на незадолжително осигурување го зголеми значително својот удел во вкупното осигурителна премија во државата, на околу 17%, но како што вели директорката на Кроациа Осигурување Живот, Маја Станковска – Костова, простор за раст се’ уште постои, особено ако се споредиме со ситуацијата во земји од регионов, како Хрватска или Словенија, каде што овој удел е 25% и 29% респективно.

„Сите финансиски советници го препорачуваат животното осигурување како основна потреба. Тоа придонесува за мир дека твоите блиски ќе бидат финансиски згрижени ако се случат некои немили настани и обезбедува план за остварување на идните цели и планови. Добар дел од македонските граѓани уште не се опфатени со западниот консумеризам. Ние уште мислиме на иднината на нашите деца, на внуците и штедиме за нив наместо да трошиме сè за тековните потреби. Македонците знаат да живеат под своите можности, а за да ја обезбедат иднината на своите деца. Тоа е една доблест што ја имаат релативно конзервативните општества како нашето. Затоа наша задача и одговорност се да ги едуцираме граѓаните за опцијата што ја имаат со инвестирање во сигурноста за себе и за нивните најмили преку животното осигурување.“, вели Станковска – Костова.

Кај неживотните осигурувања, кај осигурувањето на моторни возила има пад на бруто исплатените штети од 9,17% (10,85% кај каско и 8,73% кај задолжителното од автоодговорност), додека кај осигурувањата од општа одговорност има пад на бруто исплатените штети од 58%. Кај осигурувањето на имотот од пожар и други опасности, во 2020 имало за 9,37% поголема исплата на штети, додека кај останатите имотни осигурувања порастот е значителни 42,2% на 440 милиони денари. Овој висок процент, според познавачите на осигурителниот пазар, се должи веројатно на некоја поголема сума исплатена во бизнис секторот лани  поради претрпена штета, кражба на пари од банкарска експозитура и сл.

Кој е кој на пазарот

Да го проанализираме сега малку пазарот од аспект на учество на поединечните осигурителни компании. Минатата година заврши со Триглав осигурување повторно како компанија со најголем пазарен удел во неживотното осигурување, според висината на бруто полисираната премија.

Триглав осигурување има 13,5% пад на премијата во 2020 година, но и покрај тоа ја задржува челната позиција со 1,23 милијарди денари, пред Еуролинк со 964 милиони и пад на премијата од 4,9%, а на трето место е Македонија Виена Иншуранс Груп со 863 милиони денари и пад од 7%.

Директорот на Триглав, Војновиќ, истакнува дека континуираната  водечка позиција на пазарот на неживотно осигурување, којашто ја задржаа и во 2020-та година, и покрај намалениот обем на осигурување, го потврдува квалитетот на услугите што ги нуди компанијата.

„Според неревидираните резултати, адекватноста на капиталот, како индикатор за заштитеноста на компанијата од капитални ризици, како и техничките резерви на компанијата, за покривање на идните обврски од осигурување, во 2020-та година беа зголемени, споредено со претходната година, што дополнително укажува дека Триглав, во услови на несигурност, предизвикани од пандемијата, работеше стабилно и сигурно.“, вели Војновиќ.

Најголем раст на бруто полисираната премија  во 2020 година има Халк Осигурување, од 57%, на 822 милиони денари, со што за кусо време од почнувањето со работа на македонскиот пазар, стигна на шестото место според пазарниот удел. Според директорот на компанијата Суат Инан, 2019 година ја завршиле со пазарна концентрација од 4,6%, а 2020 со без малку 10% пазарен удел.

„Промените кои ги наметна корона кризата нѐ натераа да се реорганизираме и адаптираме на новите услови, а резултатите покажуваат дека во тоа бевме успешни. Во период кога беше намален човечкиот контакт, веднаш пристапивме кон модификација на приодите ориентирани кон клиентите, покажувајќи истовремено дека во вакви тешки времиња треба да бидеме солидарни со нашите клиенти. Па така, за нашите клиенти, корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување, овозможивме бесплатно тестирање за Ковид-19 во која било приватна лабораторија. Истовремено на клиентите им понудивме попусти и зголемување на бројот на рати, меѓу кои и дополнителни 2 месеци на покритието за каско осигурување, што беа и први осигурителни понуди во секторот поврзани со Ковид-19. Со ова поставивме и норми на осигурителниот пазарот, што потоа како пракса ги следеа и други компании, далеку повеќе етаблирани на осигурителниот пазар.“, вели Инан.

Во делот на животното осигурување, пак, ситуацијата на пазарот е следна: водечката позиција на крајот од 2020 година се уште ја држи Кроациа Живот, со 37,6%, пред Граве, со 30,7%, но Кроациа има пад во однос на 2019 кога имала 44%, додека Граве има минимален раст во однос на годината претходно, кога држела 29,9% од пазарот. Винер живот има раст од 15,9% на 17,5%, Уника живот од 8% на 10,5%, додека Триглав Живот има раст од 2,03% на 3,6%.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација