Connect with us

економија

Помал економски раст, поголема “дупка“ во буџетот

Калкулации за ребаланс на буџетот

објавено

на

Властите мора да го преуредат буџетот за годинава имајќи ги предвид новите околности во коишто се најде економијата – намален економски раст кој според најновите прогнози на ММФ ќе биде околу 3,2%, и значително повисока стапка на инфлација која според оваа меѓународна финансиска институција ќе порасне до околу 6,9%. Во исто време, се проценува дека ќе се зголеми буџетскиот дефицит за околу 200 милиони евра односно 2 процентни поени, што значи дека од 4,3 % од БДП ќе порасне на околу 6,3% од БДП. Овој ребаланс ќе треба да ги опфати и договорените зголемувања на платите во образованието од 12% за да се продолжи со наставата по неколку дневниот штрајк на просветните работници. Според оценките на Фондот за време на Пролетните средби со Светска банка во Вашингтон, нарушувањата на глобалните синџири на добавување, како и повисоките цени на енергијата, храната и металите го поткопуваат закрепнувањето на економиите во пост – пандемискиот период. Согласно пролетните проекции на Фондот, растот на светскиот БДП од 6,1% во 2021 година ќе забави на 3,2% годинава. Овие очекувања во голема мерка се резултат на кризата во Украина и ефектите кои ги има истата во глобалните синџири на добавување.

Властите мора да го преуредат буџетот за годинава имајќи ги предвид новите околности во коишто се најде економијата – намален економски раст кој според најновите прогнози на ММФ ќе биде околу 3,2%, и значително повисока стапка на инфлација која според оваа меѓународна финансиска институција ќе порасне до околу 6,9%. Во исто време, се проценува дека ќе се зголеми буџетскиот дефицит за околу 200 милиони евра односно 2 процентни поени, што значи дека од 4,3 % од БДП ќе порасне на околу 6,3% од БДП.

Овој ребаланс ќе треба да ги опфати и договорените зголемувања на платите во образованието од 12% за да се продолжи со наставата по неколку дневниот штрајк на просветните работници.

ММФ оценува дека цела Европа ќе претрпи тешки економски последици и тоа во време кога закрепнувањето од пандемијата сè уште беше нецелосно. Новите прогнози за европската економија се исклучително важни за нас бидејќи над 85% од целиот извоз завршува на европскиот пазар.

„Големите зголемувања на цените на суровините и сложените нарушувања на понудата дополнително ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе ги намалат приходите на домаќинствата и профитот на фирмите. Според тоа, растот на БДП за 2022 година е намален за не помалку од 1 процентен поен во однос на прогнозите од јануари 2022 година во повеќето земји, при што се очекува многу поголемо намалување на производството во Русија и особено во Украина. Се предвидува дека инфлацијата ќе достигне повеќедецениско високо ниво во многу земји. А нови ризици се наѕираат од ескалација на војната и прекини на критичните текови на енергија“, проценува ММФ на Пролетните средби во Вашингтон.

Според оценките на Фондот, нарушувањата на глобалните синџири на добавување, како и повисоките цени на енергијата, храната и металите го поткопуваат закрепнувањето на економиите во пост – пандемискиот период. Согласно пролетните проекции на Фондот, растот на светскиот БДП од 6,1% во 2021 година ќе забави  на 3,2% годинава. Овие очекувања во голема мерка се резултат на кризата во Украина и ефектите кои ги има истата во глобалните синџири на добавување.

„Големите зголемувања на цените на суровините и сложените нарушувања на понудата дополнително ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе ги намалат приходите на домаќинствата и профитот на фирмите. Според тоа, растот на БДП за 2022 година е намален за не помалку од 1 процентен поен во однос на прогнозите од јануари 2022 година во повеќето земји, при што се очекува многу поголемо намалување на производството во Русија и особено во Украина. Се предвидува дека инфлацијата ќе достигне повеќедецениско високо ниво во многу земји. А нови ризици се наѕираат од ескалација на војната и прекини на критичните текови на енергија“, проценува ММФ на Пролетните средби во Вашингтон.

За креаторите на политиката во Европа, според ММФ главните предизвици се јасни: грижата за бегалците; помагање на ранливите домаќинства и фирми да се справат со повисоките трошоци за енергија; зајакнување на енергетската безбедност; и, во соработка со социјалните партнери, да се осигури дека очекувањата за платите и цените остануваат добро закотвени. Војната и нејзините последици, исто така, ќе придонесат за структурните предизвици со кои се соочува Европа по пандемијата.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, којшто учествуваше на годишните Пролетни средби на ММФ и Светска банка коишто секоја година се одржуваат во Вашингтон, оттаму најави дека се преговара за нова кредитна линија од ММФ, таканаречената Линијата за претпазливост и ликвидност. Станува збор за финансиски инструмент кој ММФ го доделува единствено на земји со здрава економија, кои имаат позитивни оценки за економските политики и очекувања дека тие ќе продолжат и во иднина, вклучително и макроекономска и финансиска стабилност. Веќе се појавија шпекулации околу висината на кредитната линија што ја бара Македонија, прво се зборуваше за 600 милиони долари, потоа за 900 милиони. Но, колку ќе добиеме, ќе се знае до крајот на неделава, откако нивниот тим ќе ја скенира состојбата и ќе оцени дали ги исполнуваме условите.

Во услови на глобални предизвици, кога како резултат на војната во Украина, растат ценовните притисоци, а се намалуваат очекувањата за раст на светската економија, според Бесими, овие средства ќе бидат значајна ликвидносна поддршка за нашата економија која има здрави перформанси. Со нив ќе се пружи поддршка за стопанството и граѓаните, односно ќе се насочат кон решавање на ценовната и енергетската криза, поддршка на стандардот на граѓаните и на економијата.

Македонија бара средства од ММФ од инструментот за претпазливост и ликвидност

Од Министерството за финансии, велат дека обезбедувањето на оваа линија е и во насока на заложбите на Владата за финансирање по најниски можни трошоци.

„Добрите економски политики и економската стабилност ја квалификуваат Република Северна Македонија за користење на инструментот на ММФ за претпазливост и ликвидност, којшто се доделува исклучиво на земјите со здрави економски фундаменти“ – ова беше истакнато на состанокот помеѓу првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд, директорката Кристалина Георгиева, министерот за финансии, Фатмир Бесими и гувернерката на Народна банка на Анита Ангеловска-Бежоска, што се одржа во рамки на Пролетните средби во Вашингтон. Ова е прва официјална средба помеѓу министер за финансии на земјава и директор на ММФ изминатите години, што ја покажува поддршката на оваа меѓународна институција за нашата земја.

Неделава, ММФ објави дека Георгиева пред Бордот на ММФ ќе го претстави барањето за користење на Линијата за претпазливост и ликвидност (Precautionary and Liquidity Line – PLL). Само земји со позитивни оцени од последната мисија на ММФ може да се квалификуваат за користење на овој инструмент. Дополнително, Фондот врши и оцена на стабилноста на економските политики што ги практикуваат Владата и монетарните власти, како и финансиската стабилност и статистичките податоци што се објавуваат.

„Добрите економски политики и економската стабилност ја квалификуваат Република Северна Македонија за користење на инструментот на ММФ за претпазливост и ликвидност, којшто се доделува исклучиво на земјите со здрави економски фундаменти“ – ова беше истакнато на состанокот помеѓу првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд, директорката Кристалина Георгиева, и  министерот за финансии, Фатмир Бесими

За време на средбите, министерот Бесими посочи дека фокусот на фискалната политика во претстојниот период ќе биде во насока на поддршка на стандардот на граѓаните и на стопанството, согласно предизвиците што ги наметнуваат ценовната и енергетската криза. На среден рок, определбата на Владата е насочена кон постигнување одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи.

За време на Пролетните средби Бесими најави дека ќе се направи реструктурирање на буџетот. Министерот истакна дека се уште не е дефинирана прераспределбата на средства, но едно е јасно, дека тие ќе се насочат за поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на предизвиците кои ги наметнуваат глобалните движења.

Конечните проекции за БДП за 2022 ќе се знаат по завршување на анализите на Министерството за финансии, на кои се уште се работи. Во новите проекции ќе се земат предвид и најновите пролетни проекции на ММФ, кои излегоа пред неколку дена.

Тој во рамки на Пролетните средби, имаше средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како потпретседателката на Светска банка Ана Бјерде и директорот на ММФ за Европа Алфред Камер, но и со Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, и високи претставници на Трезорот на САД. Во рамки на овие средби беше истакнато значењето на евроинтегративниот процес за понатамошниот развој на нашата земја, но и за стабилноста во регионот, како и за можноста за продлабочување на економската соработка и реализација на нови проекти во соработка со УСАИД и со Амбасадата на САД во земјава. Министерот на средбата со претставниците од Трезорот на САД ја истакна и важноста од потпишувањето на Договор за заедничка промоција и заштита на инвестициите, со којшто би се овозможило зголемување на приливот на странските директни инвестиции од САД во нашата држава.

Инфлацијата кон загрижувачки нивоа

Додека во земјава се уште нема нови проценки за годишната стапка на инфлација, а Заводот за статистика со неколку последователни месечни извештаи предупредува дека трошоците за живот нагло растат (8,8% во март, споредено со истиот месец лани), ММФ веќе излезе со своја проценка дека инфлацијата во земјава ќе достигне до 6,9%.

Од Народната банка за време на Пролетните средби, објаснија дека преку своите политики оваа институција дава соодветен одговор на тековните економски предизвици, предизвикани од продолжената пандемија и воениот конфликт во Украина.  Како последица на овие случувања присутен е продолжен и остар раст на глобалните цени на енергијата и храната, што делува на домашните цени и инфлациските очекувања.

„Од тие причини, Народната банка соодветно реагира со умерено зголемување на каматната стапка, со цел стабилизирање на инфлациските очекувања во домашната економија. За целиот овој период задржана е стабилноста на курсот на домашната валута, што со децении е сидро на стабилноста на домашната економија. На ваков начин, централната банка придонесува за одржување на макроекономската стабилност, во услови на последователни надворешни шокови“, пишува во соопштението од Народната банка.

И покрај глобалните предизвици, макроекономската стабилност и здравите економски фундаменти на нашата економија се задржани. Ова беше истакнато на состанокот кој со директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева го остварија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, во рамки на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, кои се одржаа во Вашингтон, САД.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, пак, истакна дека според него сега е достигнат максимумот на цените на прехранбените продукти.

„Моите предвидувања се дека не би требало да одат уште повисоко поради тоа што нема фактори кои би требало да поттикнат уште поголем раст“, оцени Битиќи.

Но, зголемувањето на трошоците за живот повеќе од растот на платите или пензиите, го нагризува животниот стандард на граѓаните.

„Тоа што е најважно е животниот стандард на населението и нивната куповна моќ. Јас велам и отворено дека ние чувствуваме и гледаме дека куповната моќ на граѓаните опаѓа, затоа што растат цените. Јас не сум од тие што велат и прават споредби дали постојните цени на прехранбените продукти се најниски во регионот, затоа што не треба да се споредува, бидејќи куповната моќ е различна во регионот. Тоа што е важно е што можеме ние да направиме. Фактот дека сме во слободна економија, секоја државна интервенција не е во согласност со пазарните правила. Но, и покрај тоа, ние направивме замрзнување на цените, замрзнување на маржата за добивка за одреден временски период, но и ова има лимити до кога може“, истакна Битиќи.

Инфлацијата е глобален феномен. Таа се задржува на високо ниво, како во еврозоната, така и во целиот свет. ММФ предупреди дека неотпорноста на економиите на идни шокови може да доведе до големи проблеми и дека инфлацијата трае подолго и зајакна повеќе од очекуваното поради прекините во синџирите на снабдување, неочекувано силната побарувачка за стоки и климатските шокови, кои се одразија на цените на храната, како и повисоките цени на енергијата, кои се двигател на инфлацијата.

Во повеќето развиени земји, инфлацијата е на нивоа невидени 14 години откако во екот на глобалната економска криза таа растеше со двоцифрени стапки. Исклучок не беше ниту Македонија.

Ова е нов тест и за политичарите и централните банкари коишто долго време пливаа во мирни води се додека пост ковид не се соочија со инфлација, а алатките на монетарната политика  во вид на мерки се можеби подзаборавени.

Постои причина за стравувањата од неконтролирано поскапување на стоките и услугите, а ни оддалеку не е само дека тоа „ја јаде заштедата“. Високата инфлација не е само уште еден алармантен показател – острата промена на вредноста на парите, која е мерна единица на економијата, значи дека на сите им станува потешко да планираат и да буџетираат. Најпластично објаснето, ако нешто произведувате, тргувате или консумирате, одеднаш сантиметри, литри или килограми почнуваат да се менуваат секој месец.

Таквата постојано висока инфлација неизбежно има психолошко влијание врз луѓето во управувањето со нивните лични финансии и бизниси. Тие обично ги зголемуваат инфлациските очекувања за иднината и постои ризик да ја свртат спиралата на индексирање на цените и платите, што е тешко да се прекине.

И тоа нè води до најголемата опасност. Инфлацијата наместо минлива, може да испадне дека штом се појави, преку разни канали продолжи да се прелева низ целото ткиво на целата економија – нешто што економистите го нарекуваат вкоренета инфлација.

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал