Connect with us

економија

Поранешниот шеф на Федералните резерви на САД е меѓу тројцата добитници на Нобелова награда за економија

објавено

на

Тројца американски економисти – Бен Бернанке, Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг – се добитници на овогодинешната Нобелова награда за економија „за истражување на банките и финансиската криза“, објави Кралската шведска академија на науките.

Тројца американски економисти – Бен Бернанке, Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг – се добитници на овогодинешната Нобелова награда за економија „за истражување на банките и финансиската криза“, објави Кралската шведска академија на науките.

Наградата, формално позната како Sveriges Riksbank Prize for Economic Sciences во спомен на Алфред Нобел, е последна од овогодинешните Нобелови награди, а добитниците делат сума од 10 милиони шведски круни (околу 900 илјади долари).

Современото банкарско истражување објаснува зошто имаме банки, како да ги направиме помалку ранливи во криза и како нивниот неуспех ја влошува финансиската криза, се наведува во соопштението за медиумите.

Бернанке, Дајмонд и Дибвиг ги претставиле основите на истражувањето уште во 80-тите години на минатиот век.

Банките ги насочуваат заштедите во инвестиции, но во случај на неочекувани трошоци, штедачите сакаат веднаш да си ги добијат парите, а компаниите и граѓаните кои купиле стан или куќа сакаат да бидат сигурни дека нема да мора да ги враќаат кредитите пред истекот на рокот.

Нивната анализа, сепак, покажа дека банките се ранливи на гласините за неизбежен неуспех. Ако повеќе штедачи побрзаат да подигнат пари поради гласините, гласината може да се претвори во самоисполнувачко пророштво и банката да пропадне.

„Опасната динамика може да се спречи со државните програми за осигурување на депозити и државата во улога на последен извор на финансирање на банките“, се наведува во соопштението.

Дајмонд  покажа како банките се задолжени за  уште една општествено важна функција, заклучувајќи дека како посредници меѓу многу штедачи и кредитокорисници, тие се подобро опремени да ја проценат кредитната способност на должниците и да обезбедат дека заемите се користат за добри инвестиции.

Бен Бернанке, кој беше гувернер на американската централна банка од 2006 до 2014 година и ја водеше ФЕД токму во времето на големата финансиска криза, ја анализираше Големата депресија од 1930-тите, најлошата економска криза во модерната историја.

Неговото истражување меѓу другото покажа дека неуспехот на банките е одлучувачки фактор кој ја продлабочува и продолжува кризата. Колапсот на банките значеше и губење на вредни информации за кредитокорисниците, а создавањето нова база на податоци беше долгорочен процес.

Како резултат на тоа, способноста на општеството да ги канализира заштедите во продуктивни инвестиции е значително намалена, откри поранешниот гувернер на американската централна банка.

„Увидите на лауреатот ја подобрија нашата способност да избегнеме и сериозни кризи и скапи спасувачки пакети “, рече Торе Елингсен, претседател на Одборот за награда за економски науки.

Наградата за економија е основана во 1968 година по повод 300-годишнината од шведската централна банка. Потоа беше додадена на другите Нобелови награди кои се доделуваат од 1901 година според волјата на шведскиот индустријалец и пронаоѓач на динамитот, Алфред Нобел. Кандидатите ги избира Шведската кралска академија на науките, а правилата за избор на кандидати се пропишани во Статутот на Шведската народна банка.

Ова американско трио на тој начин им се придружува на ѕвездите како Пол Кругман и Милтон Фридман, кои се претходни добитници на оваа престижна награда.

Повеќето од претходните лауреати беа исто така од САД. Само две жени во историјата ја добиле Нобеловата награда за економија – Елинор Остром во 2009 година и Естер Дуфло во 2019 година.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас