Connect with us

свет

Портрет: Ангела Меркел – столбот на Европа!

Крај на една ера

објавено

на

Многу споредби и епитети добивала германската канцеларка Ангела Меркел за време на 15 години поминати како прв човек на германската (ама и европска) политика, но се чини дека ништо не ја опишува подобро нејзината политичка фигура и мисија, од освртот на колегите од „Тајм“, за кои таа е „канцеларката на слободарскиот свет“. Се ближи крајот на нејзиното владеење, но наследството што Меркел ќе го остави за германската, европска и светска политика е неспорно и особено значајно во услови на бурни процеси низ геополитиката.

Многу споредби и епитети добивала германската канцеларка Ангела Меркел за време на 15 години поминати како прв човек на германската (ама и европска) политика, но се чини дека ништо не ја опишува подобро нејзината политичка фигура и мисија, од освртот на колегите од „Тајм“, за кои таа е „канцеларката на слободарскиот свет“. Јасните позиции на Меркел и нејзината Германија на страната на демократијата во време кога светот е соочен со бура на идеолошки битки, а растот на илибералните тенденции е сеприсутен, сепак повлекуваат црта над сите нејзини други политички победи и во економијата и во сите други аспекти на германската и континентална политика

Популарноста, разнишана за време на бегалската криза, таа ја поврати за време на пандемијата на коронавирусот и сега како што пишуваат германските медиуми денес е поомилена од било кога. 

Меркел најави заминување во пензија по изборите во 2021 година, иако може да се слушнат повици за таа да се кандидира за уште еден мандат, поттикнати од довербата предизвикана од нејзиното стабилно справување со епидемијата Ковид-19 во Германија, каде што нивото на инфекција и смртноста останаа пониски од оние на повеќето европски земји членки.

Огромното мнозинство на Германците велат дека имаат доверба во нејзината стратегија за „поклон и танц“ за построги и полабави ограничувања засновани на зголемувањето или падот на нивото на инфекција, одлука што таа ја нарече „меѓу најтешките одлуки за моето време на функцијата“. Ќе остане запаметен нејзиниот говор од пред десетина дена кога со солзи во очите буквално го молеше германскиот народ да ги слуша препораките од здравствените власти. Емотивниот настап, нешто нетипично за неа, се чини дека ја постигна целта, па пофалби за односот и комуникацијата со граѓаните доби и од аналитичарите:

„Со својот возбудлив настап полн со емпатија, емоции, па дури и патетика, 66-годишната канцеларка покажа дека таа се бори за Германците! Меркел се бори против пандемијата и симболично за животите на илјадници стари луѓе. Таа се бори за иднината на својата земја. Таа се бори, бидејќи и покрај тешките преговори со покраинските премиери, директно им се обрати на луѓето кои и понатаму се собираат на дружба за да испијат традиционално греано вино. Таа навистина заслужува почит за моќниот впечаток што го остави.“ пишува Кристоф Штрак.

Ако коалиционите преговори и догодина се одолговлечат, Меркел може да го престигне и легендарниот канцелар Хелмут Кол според должината на владеењето (Конрад Аденауер веќе го надмина), оставајќи цела генерација млади Германци без сеќавање на друга канцеларка.

Аденауер остана запаметен по Вестбиндунг – закотвување на младата западногерманска република во трансатлантскиот сојуз. На другиот историски впечатлив канцелар Вили Брант (1969-74) ќе се сеќаваме по помирувањето со Источна Европа, паѓајќи на колена во Варшава со каење и барање прошка за злосторствата на фашизмот. Хелмут Кол ќе остане „таткото на германското обединување“ ама и еден од творците на еврозоната. Секој ја напушти функцијата спротивно на неговата волја и под сенка: Аденауер, затоа што се држеше премногу долго; Брант со наводи за шпионски афери, а Кол остана оцрнет од скандалот со партиските финансии. Тие и покрај тоа, сите тројца во политиката останаа запаметени како големи канцелари, но владеењето на Меркел, тежината што ја износи на грбот преку разни политички и економски потреси на земјата, континентот и светот и успехот да ја заокружи својата кариера без никаков голем личен скандал е за почит, како што е и самото владеење со три големи коалициски влади во еден микс на идеологии и дома и надвор. 

Најмоќниот европски лидер 

За многумина, прагматичната и непомирлива Меркел служеше како добредојдена противтежа на разните авторитарни лидери и популисти на глобалната политика – од Бразилецот Жаир Болсонаро, преку американскиот претседател Доналд Трамп, па се до Владимир Путин во Русија. Анкета на Центарот за истражување Пју минатиот месец покажа големи мнозинства во повеќето западни земји кои имаат „доверба во Меркел да ја направи вистинската работа во врска со светските работи“. 

Таа е вистински верник во трансатлантскиот сојуз, но сепак важи за против- тежа на американскиот претседател Доналд Трамп. Некои и забележуваат за нејзината неподготвеност да го признае и да му се спротивстави на руското и кинеското мешање во европскиот простор, но факт е дека нарушената кохезија со Западот и односите со САД, односно слабеењето на трансатлантската врска ја погоди и неа лично – ја ослаби ЕУ во тешки времиња

Таа е вистински верник во трансатлантскиот сојуз, но сепак се бореше да му се спротивстави и да се наметне како контра – тежа на американскиот претседател Доналд Трамп. Некои и забележуваат за нејзината неподготвеност да го признае и да му се спротивстави на руското и кинеското мешање во европскиот простор, но факт е дека нарушената кохезија со Западот и односите со САД, односно слабеењето на трансатлантската врска ја погоди и неа лично – ја ослаби ЕУ во тешки времиња.

Смелиот потег на Меркел од 2015 година да ги задржи германските граници отворени за повеќе од 1 милион баратели на азил, иако беше соочен со критики и тогаш и ја намали популарноста, се чини дека е она што ќе го утврди нејзиното наследство – таа застана зад цивилизациските вредности и хуманоста. Овој чин на хуманизам истовремено беше и најодговорната работа што можеше да се направи во моментот – Германија го презема притисокот врз многу послабите соседи. Повеќето од оние мигранти што дојдоа станаа интегрирани во општеството и дел од работната сила. 

Кантавторот Волф Биерман рече дека Меркел „му го покажа на светот пријателското лице на човечката рационалност“ кога решила да не користи „бодликава жица, палки, водени топови, митралези и тенкови за бркање илјадници очајни бегалци на германската граница“.

Додека многу Германци беа на ист став како Биерман, сепак стравувањата од прилив на имиграција, исто така, ја охрабрија новата крајно десничарска партија, Алтернатива за Германија (АфД) и дадоа ветер в грб на многу слични движења и политички идеологии, кои од прашањето за бегалците создадоа тема за наводни закани и сеење страв.

Тврдокорните европски лидери, како што е Унгарецот Виктор Орбан, ја обвинија за „морален империјализам“ со нејзиниот отворен став кон луѓето во неволја (што само потврдува дека и по пет години, Европската унија е далеку од унифицираната политика за темата за миграција).

Списанието „Тајм“ ја прогласи Меркел за „Личност на годината“ во 2015 година, нарекувајќи ја „најмоќниот европски лидер“, бидејќи помогна да ја води Европа низ грчкиот банкрот до бегалската криза, како одговор на ноемвриските напади во Париз. „Не еднаш или двапати, но трипати оваа година имаше причина да се прашуваме дали Европа може да продолжи да постои, не културолошки или географски, туку како историски експеримент во амбициозните државни занаети“, пишува списанието. 

За време на кризата во еврозоната, Берлин се залагаше за намалување на трошоците за возврат на меѓународните заеми за спасување на земјите со долг. Но, лутите демонстранти ја нарекоа „кралица на штедење“ во Европа и ја карикатурираа во нацистичка облека.

Меркел е нарекувана и како „канцеларка на климата“ оти силно го турка планот за обновлива енергија сега се соочува со масовно движење на млади гласачи што ја притискаат за да се осигури дека Германија ги исполнува своите климатски обврски.

Меркел е сега најстариот лидер на ЕУ и Г7, започна како современик на Џорџ Буш, Тони Блер и Жак Ширак кога стана најмладата – и прва жена – канцелар на Германија во 2005 година.

Кој ќе ја наследи?

Меркел се најде во центарот на вниманието со нејзиниот одговор на бегалската криза, кога ги отвори вратите на Германија, што за многумина беше чин на врвен хуманизам. Таа често посетува училишта и прифатни центри за бегалци, а притоа одвојува време и за селфи, како овде, во 2015 година, со сирискиот барател на азил Анас Модамани.

Тројца господа се во игра за наследник на Меркел – владејачката Христијанско – демократска унија ќе избере нов лидер во следните недели.
Меркел најави дека во септември следната година, по парламентарните избори, ќе ја напушти канцеларската позиција по 16 години, а прогнозите се дека ќе ја наследи некој од нејзината партија, токму најверојатно новиот лидер.
Според аналитичарите, има три најсериозни можни кандидати.

Првиот е Армин Лачет, премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија. Тој е долгогодишен истакнат партиски член.

Другиот е Фридрих Мерц, кој ја водеше пратеничката група ЦДУ во Бундестагот сè додека Меркел не го отстрани за да ја преземе партијата.


Третиот е Норберт Ретген , актуелен претседател на Комитетот за надворешни работи во Бундестагот. Тој беше министер за екологија кратко време, а мислењето во Германија е дека тој и е омилен на Меркел, особено што претходните двајца имаат нерасчистени сметки со канцеларката.

Поради пандемијата, сè уште не е познато дали партиската конвенција ќе се одржи преку Интернет или делегатите ќе се состанат во живо, но сигурно е дека датумот за тоа е одреден за средината на јануари.

Прогнозите засега не предвидуваат фаворити , бидејќи, според најновото истражување. Иако Мерц има 27 проценти поддршка, меѓу членовите на ЦДУ има дури 21 процент неопределени.

Која е Ангела Меркел?

Родена како Ангела Доротеа Каснер на 17 јули 1954 година во пристанишниот град Хамбург, таа е ќерка на лутерански духовник и наставник во училиште. Нејзиниот татко го пресели семејството во парохија во мал град во комунистичката Германска демократска република (ГДР) на исток. 

Како врвен студент, таа се истакна во математиката и рускиот јазик, што и помогна да го одржи дијалогот со другиот ветеран на светската сцена, Русинот Путин, кој беше офицер на КГБ во Дрезден кога падна Берлинскиот ѕид во 1989 година.

По падот на Берлинскиот ѕид, Меркел, која работеше во лабораторија за хемија, се приклучи на продемократска група која ќе се спои со демохристијаните на Кол. Протестант,  од Исток, подоцна ќе биде избрана за лидер на партија, каде што до тогаш доминираа западно-католичките челници. Меркел го задржа името на нејзиниот прв сопруг, со кого се омажи во 1977 година и се разведе пет години подоцна. Нејзиниот сегашен сопруг Јоахим Зауер е професор на Берлинскиот универзитет. Тој не сака публицитет, па дури не се појави ни на нејзината инаугурација во 2005 година.

Continue Reading
економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија2 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија2 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија2 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

свет2 days ago

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

менаџмент / маркетинг2 days ago

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

менаџмент / маркетинг2 days ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија5 days ago

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

економија4 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

економија3 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

здравје6 days ago

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

економија6 days ago

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

lifestyle2 days ago

Јан Коум: Правете една работа и правете ја добро