Connect with us

свет

Поскапува се’ „живо и диво“ на светските суровински  берзи, JP Morgan со прогноза дека цените може да одат нагоре уште 40%!

објавено

на

Повеќето стоки се во супер нагорен циклус, па постои можност до јуни некои стоки како што се нафтата, палминото масло, златото или кафето, на пример, да ги достигнат рекордните нивоа забележани на  крајот на февруари / почетокот на март кога почна војната во Украина, додека житните култури / маслодајните семиња би можеле да достигнат апсолутни историски износи на цените.

Дека светските пазари се крајно нестабилни веќе и не е некоја вест. Тековните фактори кои влијаат на нестабилноста на пазарите  се војната во Украина и геополитиката, политиката на американските Федерални резерви и каматните стапки во борбата против инфлацијата, локдауните  во Кина поради повторното ширење на инфекцијата со коронавирусот… Заедно, сето ова придонесува за големи политички тензии во светот бидејќи зголемувањето на цените на храната и енергенсите  може да доведе до глад и/или немири во и онака нестабилните региони како што се Африка, Блискиот Исток или дури и Централна Америка.

Санкциите наметнати кон Русија од западните земји се’ уште не ги даваат очекуваните резултати (крај на војната). Новите санкции вклучуваат забрана за увоз на јаглен од Русија од август (во вредност од 4 милијарди евра годишно), целосна забрана за трансакции за четири клучни руски банки (вклучувајќи ја VTB, втората по големина банка во земјата), кои сочинуваат вкупно 23 отсто од рускиот пазар, со цел да се ослаби рускиот финансиски сектор.

Дополнително, тука е и забраната за увоз на стоки од сектори кои ја прават руската економија особено ранлива, во вредност од десетици милијарди евра, како што се чипови, електроника, одредени машини и транспортна опрема и специфични забрани за увоз, во вредност од речиси 5,5 милијарди евра поврзани со разни производи од дрво до бетон, од морска храна до алкохол.

Дали светот може да се прилагоди на животот без Русија и по која цена?

Сето горенаведено ќе има влијание врз цените на берзанските стоки. Светот проценува дека може да се прилагоди на животот без Русија, но прашањето е по која цена? Coface проценува длабока рецесија за руската економија од 7,5 проценти во 2022 година и ја намалува процената на ризикот за Русија на многу висок ризик (D). Сето ова ќе има најголеми последици за европските економии во форма на зголемена инфлација и намалување на  растот на БДП.

Повеќето стоки се во супер нагорен циклус, па постои можност до јуни некои стоки како што се нафтата, палминото масло, златото или кафето, на пример, да ги достигнат рекордните нивоа забележани на  крајот на февруари / почетокот на март, додека житните култури / маслодајните семиња би можеле да достигнат апсолутни историски износи на цените.

Во овој контекст секако треба да се внимава и на доларот. JP Morgan проценува дека цените на суровините може да пораснат уште 40 отсто! Кога и како и да заврши војната во Украина, протокот на стоки од Црното Море ќе биде нарушен со месеци, со оглед на уништувањето на пристанишната инфраструктура и потребата за деминирање. Затоа, не е изненадувачки што осигурителните компании го интегрираат овој ризик и ги зголемуваат трошоците за сите текови на стоки од басенот на Црното Море.

Во САД стравуваат од рецесија

Се проценува дека најновите податоци за инфлацијата во САД ќе покажат натамошен пораст на инфлацијата до 8,5 отсто! ФЕД на САД мора да донесе одлука – инфлација или рецесија. ФЕД мора совршено да го постигне балансот и тајмингот на своите мерки, бидејќи во спротивно ризикува уште поголема инфлација со стагнација на економијата или ако станат премногу агресивни во зголемувањето на каматните стапки ќе ја вовлечат  економијата во рецесија.

Пазарот се обложува на рецесија, т.е. дека ФЕД ќе тргне во борба против зголемената инфлација премногу агресивно ризикувајќи рецесија во (блиска) иднина. Се проценува дека инфлацијата е повисока од 5 отсто во речиси 60 отсто од развиените економии и над 7 отсто во 55 отсто од земјите во развој. Исто така, глобалниот јавен долг се проценува дека ќе порасне на рекордни 71 трилиони долари оваа година. Колку е тоа: 71 илјада милијарди долари!  Прашања за размислување – дали глобализацијата досега доведе до тоа цените да бидат премногу ниски, па сега сме во процес на прилагодување на цените? Колку моменталната инфлација е последица на паничното тргување на берзите?

ОПЕК не е заинтересиран за зголемување на производството на нафта

Цената на нафтата паѓаше  две недели по ред и во моментов се тргува на нивоа околу 100 долари/барел. Откако САД го потврдија ослободувањето на залихите на нафта, членките на Меѓународната организација за енергетика  го најавија истото – ослободување на 60 милиони тони барели нафтени залихи, со цел да се ослободи притисокот врз цената на нафтата и да се компензираат изгубените износи од рускиот извоз. Дополнително, зголемувањето на бројот на заразени луѓе во Кина со корона вирусот и воведените локдауни  негативно влијаат на кинеската побарувачка за нафта.

Од друга страна, најголемиот извозник на нафта во светот, Саудиска Арабија, ги зголеми премиите за нафта бидејќи смета дека нафтата е речиси бесплатна во споредба со другите извори на енергија. Затоа не е чудно што членките на групата ОПЕК + не покажаа значителен интерес за зголемување на производството на повеќе од претходно планираното зголемување од 400.000 барели дневно.

Испораките на гас од Русија засега се вршат без одлагање, согласно договорените количини. Дополнително, има зголемено снабдување со втечнет гас, ЛНГ, а доаѓањето на потопло време ја намалува неизвесноста за можни прекини во снабдувањето со гас. Цените на јагленот се под 300 долари/тон, што е далеку од рекордното високо ниво од 430 долари/тон во март.

Цените на храната рушат рекорди

Според ФАО – Меѓународната агенција за храна, индексот на цените на храната достигна нов рекорд од 159,3 поени (наспроти 141,4 поени во февруари), што претставува зголемување од 12,6 отсто за само еден месец, или 33,6 отсто во однос на март 2021 година.

Индексот порасна за 17 отсто кај житните култури и 23 проценти за растителни масла за еден месец! Според проценките на Европската комисија, извозот на пченица од ЕУ би можел да достигне 40 милиони тони следната сезона за да се задоволи глобалната побарувачка, а целиот извоз на житни култури 49 милиони тони (+14 проценти наспроти 21/22). Од друга страна, увозот на пченка во ЕУ би можел значително да падне на само 9 милиони тони поради недостиг на стоки од Украина. Дополнително, проценките за производството на маслодајна репка во ЕУ се зголемија на 18,1 милиони тони (наспроти 17 милиони тони во 2021 година) и производството на сончоглед на 11,2 милиони тони (наспроти 10,5 милиони тони).

Севкупно, берзите за земјоделски стоки се во пораст, и тоа е последица на тековната војна и стравувањата дека големото украинско извозно пристаниште Одеса би можело да биде следната цел на руските напади, неизвесноста околу сеидбата и бербата во Украина, неповолните временски услови во Јужна Америка и стравот од суша и ефектот од ураганите  во САД.

Дополнителен притисок врз берзите  дадоа неповолните вести од Аргентина – забележани се мразови кои ги зафатија посевите со пченка и соја. Но, главниот стимул за раст на цените минатата недела доаѓа од Украина и САД. Излегоа многу песимистички проценки за жетвата во Украина, каде што загубата во производството на пченица, пченка, јачмен и сончоглед ќе биде 47,5 милиони тони во однос на лани  Основа за ова е и споредбата на украинскиот извоз во март во однос на февруари: пченка -72 отсто, пченица -75 отсто, јачмен -95 отсто, сончогледово масло -85 отсто.

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор