Connect with us

економија

Последен пат сме имале основна каматна стапка над 4% во 2010 година. Следи позначително поскапување на кредитите.

објавено

на

Ова зголемување на  основната каматна стапка е седмо по ред од април годинава и е најголемо досега – прво, каматната стапка од 1,25% се зголеми на 1,50%, па на 1,75%, на 2,00%, по што следеше поголем пораст од 0,5 п.п. на 2,50%, па на 3,00%, на 3,50%, за сега да има покачување од цели 0,75 п.п. на актуелните 4,25%.

Вчерашното одлука на Народната банка да ја зголеми каматната стапка на благајничките записи (или основната каматна стапка) за 0,75 процентни поени до нивото од 4,25% е дефинитивно знак дека „ѓаволот ја однел шегата“ и дека борбата против високата инфлација преминува во нова, порадикална фаза.

Тоа значи посилно стегање на монетарната политика, односно намалување на паричната маса во оптек, со цел да се намали трошењето. Ова зголемување на  основната каматна стапка е седмо по ред од април годинава и е најголемо досега – прво, каматната стапка од 1,25% се зголеми на 1,50%, па на 1,75%, на 2,00%, по што следеше поголем пораст од 0,5 п.п. на 2,50%, па на 3,00%, на 3,50%, за сега да има покачување од цели 0,75 п.п. на актуелните 4,25%.

Со оваа најнова промена, неминовно ќе следи и покачување на каматните стапки кај деловните банки, односно поскапување на кредитите, она што најмногу ги засега граѓаните и компаниите. Банкари со коишто неофицијално разговаравме денеска, рекоа дека ова е разбирлива и очекувана одлука на монетарните власти, затоа што мора да се дестимулира трошењето, со цел да се заузди растот на цените.

„Моменталните просечни вкупни каматни стапки кај кредитите (денарски и девизни) се околу 4,3%, а на депозитите околу 0,7%. Емитување благајнички записи со камата од 4,25% значи дека на банките им е поисплатливо да ги купуваат тие записи, одошто да одобруваат кредити со практично иста каматна стапка. Кредитите неизбежно ќе поскапат, за жал тоа ќе се одрази врз стандардот на населението и работењето на фирмите, но борбата е сега, како и во другите земји од Европа и пошироко, меѓу двете зла: дали да се остави инфлацијата да избега од контрола, или да се загрози економскиот раст со монетарното затегнување“, коментира еден банкар за Капитал.

Ниво на основната камата од над 4,00 проценти сме имале последен пат во економијава во 2010 година, после што од почетокот на 2011 каматната стапка се намалила на 4,00% и на тоа ниво се задржала некаде до средината на 2012. Во периодот што следел се намалила до 3,25%, по што во средината на 2016 повторно се зголемила на 4,00%. Кон крајот на истата година била намалена на 3,75%, за потоа следните неколку години да се спушта постепено до 1,25%, што е историски најниската вредност, постигната во март 2021 година. Но, откако инфлацијата почна да покажува се’ повисоки вредности кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, Народната банка од пролетва наваму почна да ја зголемува каматната стапка.

„Промените во поставеноста на политиката на Народната банка се реакција на зголемените ценовни притисоци. Инфлацијата во последните месеци забрза, за што растот на цените на храната има најголем и растечки придонес. Тоа го нагласува влијанието на увезените ценовни притисоци од храната и енергијата врз домашната инфлација, врз коишто монетарната политика нема директно влијание. Сепак, имајќи ги предвид преносните ефекти и подигнувањето на инфлациските очекувања, овие поместувања во инфлацијата наметнуваат потреба од монетарна реакција. Со оглед на врзаноста на нашата валута со еврото, при одлучувањето влијаат и промените во монетарната политика на Европската централна банка. “, изјавија од Народната банка по повод најновата одлука за затегнување на монетарната политика.

економија3 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки21 час ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас