Connect with us

свет

Потребно е големо ресетирање

Пандемијата ги извади на површина сите несовршености на модерниот капитализам

објавено

на

Пандемијата ќе остави долгорочни последици за економскиот развој, јавниот долг, вработувањата и благосостојбата на човештвото. Сето ова, пак, ќе ги продлабочи климатските и социјалните кризи што и пред пандемијата ја загрозуваа планетава.  Ако се остават овие проблеми без реакција, светот откако ќе заврши пандемијата ќе биде уште повеќе неодржлив, со поголема нееднаквост, и поранлив. Парцијални мерки и привремени „поправки на дефектите“ нема да го спречат ова сценарио. Мора да изградиме сосема нови темели за нашите економски и општествени системи или како што вели основачот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб, „потребно ни е Големо Ресетирање на капитализмот.“

Пред извесно време  во светската јавност одекна веста дека повеќе од 400 политичари од 34 земји потпишале писмо со кое се бара од гигантот во е – трговијата Амазон да ги промени своите компаниски политики во насока на подобра заштита на работничките права и на животната средина.


Џеф Безос, основачот и шеф на Амазон (Amazon.com) освен што стана славен по неговата желба да лета кон ѕвездите (буквално, не фигуративно), познат е и покрајно општествено неодговорни политики и постапки, коишто одат дури до таму што во компанијата се користеле и технологии за надзирање на комуникацијата на вработените со цел спречување на синдикално организирање, како што тврди еден скорешен извештај на Амнести Интернешнл

Во писмото, адресирано до основачот и главен директор на компанијата, Џеф Безос, инаку во моментов најбогатиот човек на светот, се вели дека светот знае оти Амазон може да си дозволи да ги плати повеќе своите работници, да им обезбеди подобра здравствена заштита, да ги плати даноците, како и трошоците поврзани со екологијата, но дека упорно одолговлекува или одбива целосно да ги исполни своите обврски кон вработените, кон општествата во коишто функционира бизнисот на компанијата, но и  кон  планетата, како целина.

Амазон, компанија којашто енормно профитираше од тековнава пандемија поради тоа што вртоглаво пораснаа онлајн нарачките на најразлични производи, како последица на карантините и останатите рестриктивни мерки (за само 10 месеци во 2020 ангажирани се нови 430 илјади работници, со што вкупната бројка сега изнесува преку 1,2 милиони) исто така енормно привлекува внимание врз своите крајно општествено неодговорни политики и постапки, коишто одат дури до таму што се користеле и технологии за надзирање на комуникацијата на вработените со цел спречување на синдикално организирање, како што тврди еден скорешен извештај на Амнести Интернешнл.

Во гореспоменатото писмо до Безос, се критикуваат и недоволните напори на неговата компанија да ги намали емисиите на штетни гасови, монополистичките практики со коишто се уништуваат малите бизниси, кршењето на правата за заштита на податоците од страна на веб сервисите на Амазон, фактот што компанијата нема платено ниту цент данок кон матичната држава САД во 2018 и 2019 година, и уште неколку еклатантни примери на кршење на принципите на општествено одговорен и одржлив бизнис.

Амазон е само најочигледниот пример на општествено неодговорно  однесување, затоа што e од редот на најголемите компании во светот и, следствено, има најголемо влијание врз начинот на којшто се менуваат нашите животи. Џеф Безос ја има собрано сета слава досега за неговиот претприемачки дух, визијата и придонесот во технолошкото поврзување на светот преку онлајн трговијата и останатите сервиси, но по која цена? Дали неговото лично задоволство од фактот што неговите акции во Амазон секој ден вредат по некоја милијарда долари повеќе, истовремено правејќи ги среќни сите останати акционери во компанијата, треба да биде единствениот императив  и водилка во неговите чекори и постапки што ги презема?

Бениоф: голем број директори имаат испрани мозоци!

Џејми Дајмон,  директор на една од најголемите инвестициски банки во светот, ЏП Морган (JPMorgan), напиша отворено писмо до сите засегнати страни на банката во кое истакна дека пандемијата на коронавирусот била своевиден „повик за будење“ на земјата којашто крајно време е да ја истакне нееднаквоста како проблем. Тој ја повикува власта и бизнис лидерите да преземат акции.

Очигледно дека многумина колеги на Безос од корпоративниот свет не мислат повеќе така. Откако пандемијата од пред десетина месеци ги извади на површина сите несовршености на модерниот капитализам и ја истакна уште повеќе нееднаквоста, се појави цела низа на коментари од познати директори или сопственици на најголемите бизниси во САД и пошироко во насока на тоа дека потребни се големи промени.

Џејми Дајмон, на пример, директор на една од најголемите инвестициски банки во светот, ЏП Морган (JPMorgan), напиша отворено писмо до сите засегнати страни на банката во кое истакна дека пандемијата на коронавирусот била своевиден „повик за будење“ на земјата којашто крајно време е да ја истакне нееднаквоста како проблем. Тој ја повикува власта и бизнис лидерите да преземат акции.

„Кризава мора да не’ разбуди сите и да биде повик за бизнисите и владата да размислат, делуваат и инвестираат за општото добро на сите, како и да се спротивстават на структурните пречки коишто го кочат инклузивниот економски раст со години наназад“, напишал Дајмон.

Реј Далио, милијардер и филантроп, основач на инвестицискиот фонд Бриџвотер (Bridgewater), во едно интервју кажа дека неподносливата нееднаквост во земјата е „национална вонредна состојба“ и дека е закана за капитализмот.

„Ако немате услови каде што луѓето имаат можности, не само што нема да го искористите потенцијалот што постои, што е тотално неекономски, туку и го загрозувате постоењето на самиот систем. Мислам дека тоа многу очигледно ни се удира од глава сега кога гледаме каква економска криза предизвика вирусот“, изјави Далио во онлајн интервјуто за Khan Academy, непрофитната образовна институција која нуди бесплатни курсеви од најразлични области.

Веројатно најрадикален во своите ставови околу несовршеноста на денешниот капитализам е Марк Бениоф, првиот човек на американскиот софтверски гигант Сејлсфорс (Salesforce), којшто вели дека актуелнава криза пружа шанса да се воведе во пракса подобар модел на капитализмот. Минатата година, на „бизнис тркалезната маса“, група на американски топ менаџери, Бениоф рекол дека компаниите мора да сторат повеќе одошто само креирање вредност за акционерите.

Со оглед дека периодов за време на пандемијата се слушаат стории за разни видови на погрешно однесување на корпорациите,  Бениоф смета дека можеби ќе треба смена на генерациите за да овој модел на „акционерски капитализам“ да стане минато.

„Голем број компаниски шефови се’ уште имаат прилично испран мозок мислејќи дека работата на еден бизнис е само бизнисот. Така ги научил Милтон Фридман, така се однесуваат  и тоа е се’ што знаат да прават“, вели тој. „И за таквите директори, веројатно е дека никогаш нема да се променат; едноставно, ќе треба да почекаме да дојде нова генерација.“ Од неговите изјави им се крева косата на многумина приврзаници на традиционалниот „акционерски капитализам“, а иако Бениоф и самиот е милијардер, стана прилично неомилен кај останатите милијардери на светов. Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос во 2018 година, тој ги обвини светските технолошки гиганти како Google и Facebook дека “абдицирале од одговорноста“, и побара поголема регулација на нивните бизниси, споредувајќи ги социјалните мрежи со цигарите.

Ковид кризата како изговор да се олабави со општествената одговорност

Д-р Клаус Шваб, основачот на Светскиот економски форум во Давос, во својата книга „Ковид – 19: Големото ресетирање“ вели дека е потребно  ниво на соработка и залагање досега невидено помеѓу државите. „Но, не мора да биде и неостварлив сон. Една работа што дава надеж дека ‘големото ресетирање’  е можно, е фактот што пандемијата покажа колку бргу луѓето се во состојба да направат радикални промени во начинот на живот. Речиси преку ноќ, кризата ги присили бизнисите и поединците  да ги напуштат практиките што претходно се сметаа за нужни, како што е честото патување со авион или работата во канцеларија.“

Заложбата за некаков нов економски систем, нов капитализам, доаѓа и од местото каде што секоја година се собира глобалната бизнис и политичка елита – Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Швајцарија. Илјадници политички и бизнис донесувачи на одлуки од највисок ранг се собираат традиционално во јануари на СЕФ за да дискутираат за тоа каде оди светската економија и да ги адресираат најголемите предизвици за човештвото на среден и дол рок, но ковид – кризата минатата и оваа година само го интензивира тој наратив во своевиден апел за нужни промени на светскиот економски систем, артикулиран во книгата „Ковид – 19: Големото ресетирање“ од д-р Клаус Шваб, основачот и претседател на СЕФ.

„Постои голема причина за загриженост: ковид пандемијата предизвика силен економски пад на целава планета, и веројатно се соочуваме со најлошата економска криза од Големата депресија во 1930 –те досега. За да го преброди сето ова полесно, светот мора заеднички и брзо да ги редефинира сите аспекти на нашите општества и економии, од образование, преку трудови законодавства, па се’ до заштита на животната средина. Секоја земја, почнувајќи од најголемите и најмоќните, мора да учествува во овие промени, и секоја индустрија, од најтрадиционалните, како нафта и гас, па до најиновативните технологии, мора да биде трансформирана. Накусо,  ни треба ‘Големо Ресетирање’ на капитализмот“, вели Шваб.

Во книгата на Шваб се вели дека пандемијата ќе остави долгорочни последици за економскиот развој, јавниот долг, вработувањата и благосостојбата на човештвото. Сето ова, пак, ќе ги продлабочи климатските и социјалните кризи што и пред пандемијата ја загрозуваа планетава. Некои земји веќе ја искористија ковид – кризата како изговор за да ги ослабат напорите за заштита на животната средина. Истовремено се зголемуваат фрустрациите во општествата поради зголемената нееднаквост – богатството на најмоќните милијардери во светот порасна уште повеќе среде пандемијата.

Ако се остават овие проблеми без реакција, светот откако ќе заврши пандемијата ќе биде уште повеќе неодржлив, со поголема нееднаквост, и поранлив. Парцијални мерки и привремени „поправки на дефектите“ нема да го спречат ова сценарио. „Мора да изградиме сосема нови темели за нашите економски и општествени системи“, апелира  Клаус Шваб.

За таа цел, додава тој, потребно е ниво на соработка и залагање досега невидено помеѓу државите. Но, не мора да биде и неостварлив сон. Една работа што дава надеж дека „големото ресетирање“ е можно, е фактот што пандемијата покажа колку бргу луѓето се во состојба да направат радикални промени во начинот на живот. Речиси преку ноќ, кризата ги присили бизнисите и поединците  да ги напуштат практиките што претходно се сметаа за нужни, како што е честото патување со авион или работата во канцеларија.

Исто така, луѓето покажаа во голема мера спремност да направат жртви за доброто на  здравствените и останатите есенцијални работници, како и ранливите категории граѓани. Многу компании, пак, презедоа активности за поддршка и заштита на своите вработени, потрошувачи и локални заедници, со што всушност направија еден чекор повеќе кон поинаков вид на капитализам, капитализам на сите засегнати страни (stakeholder capitalism) наместо капитализам на акционерите (stockholder capitalism), за разлика од досегашните само декларативни заложби за такво нешто.

„Волјата да се изгради подобро општество јасно е дека постои. Мораме да ја искористиме за да го направиме Големото Ресетирање што очајно ни е потребно. Ова ќе бара поенергични и поефективни влади низ светот, а приватниот сектор ќе мора да се ангажира во секој чекор од процесот“, вели основачот на Светскиот економски форум.

Агендата на Големото Ресетирање

Повеќе аутпут, повеќе потрошувачка, повеќе зафатеност не значи и повеќе среќа. Наместо промовирање на консумеризам  и метрики од типот на ГДП, мора да имплементираме практики на т.н. економија на споделување (sharing economy)  и мерење на благосостојбата со параметри како бруто национална среќа (БНС) или индикатор за вистински прогрес (ИВП). Потпорните точки во оваа област се: практики на sharing economy  и нови економски индикатори; партиципативно буџетирање.

Агендата на Големото Ресетирање треба да има три главни компоненти.

Прво, пазарите треба да се насочат кон пофер односи помеѓу сите чинители. За таа цел, владите треба да ја подобрат координацијата (на пример, во даночните, регулаторните и фискалните политики), да ги унапредат трговските договори и да креираат услови за т.н. „stakeholder economy“. Во услови на континуирано намалување на даночните извори и зголемување на јавниот долг, владите имаат силен мотив да преземат вакви чекори.

Исто така, владите треба да спроведат долгорочни реформи што ќе имаат за цел поголема еднаквост во општествата. Во зависност од условите во секоја држава одделно, овие чекори подразбираат промена во даноците на имот и луксуз, укинување на субвенции што стимулираат фосилни горива, како и нови регулативи за интелектуална сопственост, трговија и конкуренција.

Втората компонента од агендата на Големото Ресетирање треба да осигури дека новите инвестиции ќе промовираат заеднички цели, како што е еднаквост и одржливост. Во овој контекст, обемните програми за финансиска поддршка што ги подготвуваат поедини држави претставуваат голем потенцијал. На пример, Европската комисија во екот на пандемијата лани го објави планот за вбризгување на 750 милијарди евра со цел закрепнување на економиите во Европа. САД, Кина и Јапонија, исто така имаа  амбициозни програми за економска поддршка.

И наместо да се искористат овие извори, како и инвестициите од приватните субјекти, за пополнување на пукнатините од стариот систем, треба да ги искористиме за креирање на нов што ќе биде повеќе отпорен, ќе промовира поголема еднаквост и ќе биде повеќе одржлив на долг рок. Ова подразбира, на пример, изградба на „зелена“ урбана инфраструктура и креирање стимулации за индустриите за да ги подобрат своите резултати во делот на екологијата, социјалната заштита и доброто корпоративно управување.

Третиот клучен приоритет на планот за Големото Ресетирање е поттикот иновациите од Четвртата индустриска револуција (кованица првпат употребна исто така од Клаус Шваб) да се искористат за општо добро, особено за надминување на здравствените и социјалните предизвици. За време на ковид – кризата, компании, универзитети и останати чинители ги здружија силите за да развијат дијагностика, терапии и евентуални вакцини; да формираат центри за тестирање; да креираат механизми за следливост на инфекциите; како и да овозможат телемедицина, односно пружање медицинска грижа на далечина со помош на новите технологии. Да замислиме само што се’ може да се постигне доколку слични напори се вложат во сите останати сектори на економиите и општествата.

„Ковид – кризата има влијание врз секој можен аспект на нашите животи во секое ќоше од светов. Но, трагедијата не мора да биде единствено наследство на пандемијата. Напротив, кризата отвори прозорец на надеж, на можност да го реосмислиме  и реобликуваме нашиот свет за создавање на поздрава и повеќе просперитетна иднина и поголема благосостојба на сите облици на живот на оваа планета“, заклучува Шваб.

Седум „акупунктурни“ точки на трансформацијата

Инаку, терминот „нова економија“, како што уште пред три години за Хафингтон Пост напишал познатиот автор и професор на престижниот МИТ, Ото Шармер, често бил користен за време од дот-ком меурот пред дваесетина години. Под „новата економија“ се подразбирал нов сет на правила што треба да ги заменат традиционалните правила на „старата економија“. Денес, веќе под овој термин не подразбираме само дигитализација, туку многу поширок дијапазон на социјални, еколошки и културно – креативни предизвици на нашето време. Па така, кога зборуваме за преминот кон „новата економија“ или „новиот капитализам“, тоа би требало да значи трансформација на сегашниот капитализам кон економски систем којшто создава благосостојба и просперитет за сите битија, човечки и нечовечки, вклучително сегашните и идните генерации.

Како што вели Шармер, суштината на трансформацијата на капитализмот – или креирање на нова економија, ако го преферираме овој термин – често се побркува или преклопува со активностите што се одвиваат под капата на корпоративната општествена одговорност – КОО. КОО активностите секако дека се значајни, како и многуте активности поврзани со одржливоста, коишто ги преземаат милионите бизниси низ светот. Но, вистинската трансформација мора да подразбира корекција на грешките во дизајнот што ги има основната архитектура на капитализмот денес.

Според Шармер, добрата вест е што иднината е веќе тука. Во моментов, на повеќе места во светот, се случува цел еден спектар на возбудливи експерименти што новите економски концепти и идеи ги ставаат во функција. Некои од нив се во контекст на закрепнување на екосистемите. Други ја допираат циркуларната економија и имплементацијата на т.н. cradle to cradle  или „регенеративни“ принципи во светот на бизнисот. Трети експериментираат со комплементарни валути што треба да донесат просперитет и поголема благосостојба на локалните заедници. Четврти ја форсираат промената на даночните системи. И уште многу други што се фокусираат на интерфејс помеѓу економијата и општеството, на прашањето за „базичните права на планетата земја“, или пак на новите медиумски платформи што треба да го засилат и споделат наративот за новата економија.

Има толку многу фасцинантни примери и приказни. Но, она што фали е системска поврзаност помеѓу сите овие иницијативи. Тие често се развиваат и имплементираат во т.н. „силоси“, затоа што нема платформи за споделување, механизми за координација, или споделени ментални мапи што ќе направат да биде видливо како сите овие иницијативи може да се поврзат за да ја поддржат поголемата слика на економската трансформација.

Шармер идентификува најмалку седум, како што ги нарекува, акупунктурни точки, кон коишто ако се фокусираме симултано, ќе можеме целосно да направиме „апдејт“ на економскиот оперативен систем, со префрлање од его – системски  во еко – системски  режим на функционирање.

Овие седум акупунктурни точки се: Природата, Работната сила, Парите (трите класични фактори на производството), Технологијата, Менаџментот (двата фактори додадени во матрицата на производството во поново време), Потрошувачката (корисничката страна на равенката) и Водството (како сето ова да се склопи и одржува во синергија).

1. Природата како екосистем попрво одошто како ресурс

Предизвикот тука е да се затвори јазот помеѓу неограничениот раст и ограничените ресурси. Во денешно време, за една година, нашата единствена планета користи природни ресурси на 1,5 планети. Па така, предизвикот е да се редефинира природата како екосистем, попрво одошто како ресурс. Наместо третирање на даровите од природата како производи што ги купуваме, користиме и фрламе, мора да го третираме природниот свет како циркуларна екологија што треба да ја култивираме и ко – еволуираме со неа. Потпорни точки на свртување кон оваа насока се: циркуларна економија и „cradle – to – cradle“ принципи на дизајн; реставрирање на еко – системот и циркуларно земјоделие.

2. Работата не е само „работа“

Предизвикот тука е да се реобмисли нашиот концепт за работа. До 2050 година, проценките се дека 40% од нашите моментални работни позиции ќе бидат заменети од вештачката интелигенција. Наместо да мислиме на трудот како „работа“ што ја извршуваме за да заработиме пари, мораме да ја поврземе работата со изворите на нашата креативност и со патешествието за реализирање на нашиот највисоко потенцијал. Клучните потпорни точки во оваа насока се: грантовите за базичен приход; учењето како да го активираме својот највисок потенцијал.

3. Пренасочување на текот на парите

Предизвикот тука е да се пренасочи текот на парите за подобра поддршка на реалната економија. Денешната ситуација е дека има премногу пари на едно место – шпекулативни пари – и премалку пари на друго место – импакт пари што служат за обновување на нашите еколошки, социјални и културни ресурси. Главната цел на парите не треба да биде екстрактивна, туку целисходна, за задоволување на реалните потреби, иницијативи и обнова на ресурсите. Клучни потпорни точки во оваа насока се: циркуларните валути; реформи на даночниот систем, од трудот кон ресурсите.

4. Поттикнување наместо редуцирање на креативноста

Овдешниот предизвик е да се искористи технологијата за поттикнување на сите луѓе да станат креатори на своите светови и системи, попрво, одошто нивни пасивни реципиенти, без оглед на нивото на коешто функционираат. Повеќето од глобалните ресурси за истражување и развој се фокусираат на производни иновации наменети за луѓето што се во топ 20% од скалилото на приходи, додека многу малку или пак воопшто ресурси не се трошат за иновации наменети за луѓето што живеат на дното од социјалната пирамида. Потпорни точки за новите социјални технологии се: алатки за ефектна визуелизација во реално време за индивидуалци и заедници (прескокнување на социјално – еколошкиот јаз); алатки за себеспознавање преку огледалото на целината, како индивидуално, така и како заедница.

5. Ко – креирање наместо хиерархија

Предизвикот е да се надмине масивниот неуспех на лидерството во сите големи институции и сектори. Наместо креирање на повеќе индивидуални супер егоа, треба да изградиме капацитет кај лидерите за ко – чувствување и ко – обликување на иднината на ниво на целокупен систем. Потпорни точки за движење во оваа насока се: инфраструктури за ко – чувствување, односно гледање на системот од рабовите, а не одозгора надолу; механизми за градење капацитет што го поддржување преминот од его кон еко филозофија.

6. Од  БДП кон благосостојба

Предизвикот е да се донесе благосостојба во заедниците и државите каде што во моментов поголем бруто домашен производ (БДП) не значи и подобар живот за нивните граѓани. Повеќе аутпут, повеќе потрошувачка, повеќе зафатеност не значи и повеќе среќа. Наместо промовирање на консумеризам  и метрики од типот на ГДП, мора да имплементираме практики на т.н. економија на споделување (sharing economy)  и мерење на благосостојбата со параметри како бруто национална среќа (БНС) или индикатор за вистински прогрес (ИВП). Потпорните точки во оваа област се: практики на sharing economy  и нови економски индикатори; партиципативно буџетирање.

7. Редефинирање на лидерството

Предизвикот е да се затвори јазот помеѓу донесувањето одлуки во нашите комплексни системи од една страна и она што секојдневно го преживуваат „заборавените луѓе“ од друга страна. Редефинирање на водството значи надополнување на трите постари механизми за координација со коишто сме запознаени (видливата рака на хиерархијата; невидливата рака на пазарот и мулти – центричната координација меѓу посебните интересни групи) со четврт механизам: делување од позиција на споделена свесност, делување од позиција кога се перципира целината. Потпорни точки во овој домен се: инфраструктури што прават системот да се гледа самиот однатре (колективна акција базирана на свесност); права на сопственост врз ресурсите што ги штитат правата на идните генерации (како трета категорија покрај правата на приватна и јавна сопственост).

македонија2 дена ago

Акцелератор УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР: Повик за нова акцелераторска програма на Акцелераторот УКИМ

банки3 дена ago

УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

технологии / компании3 дена ago

Комтрејд ги донесе OnePlus телефоните во Македонија

македонија4 дена ago

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен -наградна игра на Триглав Осигурување

македонија4 дена ago

Асура станува официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

банки5 дена ago

Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка споени во една банка

македонија5 дена ago

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

македонија5 дена ago

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

банки1 недела ago

Народната банка и МБА донесоа Насоки за банките и штедилниците – за поголема транспарентност и стандардизација при објавувањето информации за депозитите и кредитите за населението

банки2 недели ago

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија“ од магазинот Еuromoney

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil