Connect with us

македонија

Почина Горан Гаврилов, сопственикот на радио Канал 77

објавено

на

Комеморацијата во чест на основачот на Канал 77 и Македонски медиа сервис ќе се одржи утре во 11 часот во салата на Мултимедјалниот центар Канал 77 во Штип.

Денеска по кусо боледување почина Горан Гаврилов (54), основач и соственик на Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис. Гаврилов беше основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ). Поради неговото познавање на оваа област и професионалност беше вклучен и во подготовката на сите законски регулативи поврзани со медиумското работење во земјава.

Неговата работа започна како пионер во медиумскиот простор по осамостојувањето на Македонија. Радио „Канал 77“, кое годинава ја одбележува 30 годишнината од постоењето, започна со работа на 4 октомври 1991 година, како прв приватен комерцијален радиодифузер.

Горд беше на успесите на Канал 77, идеја, која како што велеше, му се родила уште додека бил студент.

– Идејата за отворање радио ми се роди пред околу три децении кога бев апсолвент на социологија, и, иако имаше многу препреки, веднаш почнав со реализација на тој пионерски чекор, велеше Гаврилов, основачот на националното радио „Канал 77“, кое почна во приватна куќа, а прерасна во современ Мултимедијален центар, во кој се радиото, интегрираната редакција, порталот ММС, телевизиско студио, конгресна сала, радио-кафе, летна сцена…

Гаврилов беше еден од најдоследните поборници за слободата на изразување и слободата на говорот, кои како што велеше, „се базични слободи и права, кон кои сите треба да тежнееме“.

-Ние самите моравме да се избориме за слободата на говорот, таа не е секогаш гарантирана и не треба да чекаме да ни ја даде некој друг. Таа борба мора да продолжи до крај. Ние медиумите сакаме да ја пружиме таа слобода и да сме сигурни дека заедно со новинарите и другите медиумски работници ќе функционира, изјавуваше тој.

Редакцијата на Капитал изразува длабоко жалење за смртта на Гаврилов и искрено сочувство до неговото семејство.

економија7 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

економија6 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

банки6 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

македонија6 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

економија6 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании2 дена ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

свет6 дена ago

Како еден град станува паметен?

македонија6 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

lifestyle6 дена ago

Марк Кјубан: Станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.