Connect with us

македонија

Почната е онлајн кампања против сексуално вознемирување на работното место

објавено

на

Според наодите на истражувањето на „Реактор„ за родово-базирана дискриминација и пазарот на труд во Северна Македонија, сексуалното вознемирување на работното место е широко распространето и за жал нормализирано во некои форми.

На 18 октомври, Реактор – Истражување во акција, лансираше онлајн кампања за подигање на свеста против сексуалното вознемирување на работното место.
Кампањата, составена од неколку информативни објави, има за цел да ги информира граѓанките и граѓаните за формите на сексуално вознемирување на работното место, законите според кои ова дело е казниво, како и да даде примери кои се базираат на анонимно споделени искуства со сексуално вознемирување на работното место, како дел од студијата на Реактор „Родово-базирана дискриминација и работни односи во Северна Македонија“.
Според наодите на истражувањето за родово-базирана дискриминација и пазарот на труд во Северна Македонија, сексуалното вознемирување на работното место е широко распространето и за жал нормализирано во некои форми. Наодите покажуваат дека малкумина се осмелуваат да го пријават доживеаното вознемирување, иако е казниво со закон.
Сексуално вознемирување е каков било облик на несакано вербално, невербално или физичко постапување од сексуална природа, што има цел или последица, повреда на достоинството или создавање на заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика.
Сексуалното вознемирување на работното место е облик на дискриминација. Според Кривичниот законик на Р.С.М, дискриминацијата е кривично дело казниво со казна затвор од шест месеци до пет години. Дополнително, според Законот за спречување и заштита од дискриминација, сексуалното вознемирување е казниво со парична казна до 10.000 евра.
Освен во Северна Македонија, истата кампања се спроведува и во 5 други држави од Западен Балкан кои се партнери на Реактор во овој проект: Косово, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, и се очекува да трае 11 дена (18 – 30 октомври).
Реактор ги охрабрува жртвите на сексуално вознемирување да го пријават истото во Државен инспекторат за труд, Комисија за спречување и заштита од дискриминација, граѓански организации кои обезбедуваат бесплатна примарна правна помош или во полициска станица.
Кампањата е дел од иницијативата „Борба против дискриминацијата, унапредување на работничките права на жените“ и е поддржана од Европската Комисија и кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (СИДА).

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал