Connect with us

македонија

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

објавено

на

Целта на настанот годинава е да се охрабрат иновативни решенија кои ќе одговорат на зголемената побарувачка за комерцијални и простори за домување, истовремено обезбедувајќи долгорочна вредност за заедницата. Да се дискутираат стратегии за одржлив развој и како е најдобро да се искористат ограничените ресурси како на пример, земјиштето.

Утрово почна втората по ред Конференција за комерцијални недвижности, организирана од компанијата Фортонмка, каде што на едно место се собрани професионалци од сите засегнати страни во овој сектор.

„Оваа година се фокусираме на актуелните предизвици во индустријата за недвижности, како и на можностите за развој што ги нуди урбанизацијата. Целта е да се охрабрат иновативни решенија кои ќе одговорат на зголемената побарувачка за комерцијални и простори за домување, истовремено обезбедувајќи долгорочна вредност за заедницата. Да се дискутираат стратегии за одржлив развој и како е најдобро да се искористат ограничените ресурси како на пример, земјиштето. Подготовката на еден ваков настан значи огромна несебична посветеност и ентузијазам. Конференцијата за недвижности во Скопје веќе има меѓународен карактер.“, истакна Катарина Николов, партнер и извршен директор во Фортонмка, на отворањето на конференцијата.

Годинава на конференцијата ќе  има шест панели, тематски организирани, каде што ќе се дискутира за финансирањето на инвестициите во комерцијален недвижен имот; урбанизацијата и урбанистичко планирање; пазарот на станбен простор, што секако најмногу ја интересира пошироката јавност, но организаторот одвои  простор и за бизнис зградите, што ќе се дискутираат од аспект на имот со стабилни приноси; потоа секторот малопродажба, каде што, меѓу другото, панелистите ќе се потрудат да одговорат на дилемата дали постои совршен микс на закупци за секој формат на деловен простор во овој сегмент, а овој пат подготвен е  посебен панел и за инвестициите во хотели, за коишто во Фортонмка  дека понекогаш бизнисот има делумно разбирање и нивно прифаќање како инвестиција во недвижен имот.

Учесници на овие панели ќе бидат триесетина искусни професионалци од сите засегнати страни во областа на комерцијалните недвижности: инвеститори, изведувачи, банкари, сопственици на имоти, консултанти, итн., познати компании, познати брендови, не би сакала посебно да издвојувам некого, за да ги испочитуваме сите.

Ко-организатор на настанот е Кликер Маркетинг, а Капитал е ексклузивен медиумски партнер на Конференцијата за комерцијални недвижности и ќе ве известуваме подетално за дискусиите на панелите.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија