Connect with us

економија

Почна Годишната конференција на Македонската берза: во фокус кризата, енергетиката и банките

објавено

на

Како да се развива домашниот пазар на капитал, рефлектиран преку Македонската берза, во услови на огромна надворешна нестабилност поради војната во Украина, скапата енергија, пост-ковид последиците, е фокусот на денешната Годишна берзанска конференција што се одржува по 21-ви пат во Охрид.

Како да се развива домашниот пазар на капитал, рефлектиран преку Македонската берза, во услови на огромна надворешна нестабилност поради војната во Украина, скапата енергија, пост-ковид последиците, е фокусот на денешната Годишна берзанска конференција што се одржува по 21-ви пат во Охрид.

На државата останува задачата да се бори против моменталните проблеми, како што е инфлацијата, енергетскиот ценовен шок, итн., но истовремено да не го занемари ни долгорочниот раст, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во своето поздравно обраќање на Конференцијата.

„Една од клучните работи што треба да ја реструктурираме за да оствариме стабилен и одржлив раст на долг рок е даночната реформа, која што во моментов ја дискутираме со сите засегнати страни. Новиот даночен систем мора да биде поправеден и потранспарентен, а истовремено да го поддржи и т.н. ‘зелен раст’ , односно инвестициите во еколошки прифатливи решенија во индустријата и домаќинствата.“, истакна Бесими.

Тој истакна и дека со донесувањето на новата регулатива за финансиските пазари, којашто исто така е во подготовка, ќе се стимулира растот и развојот на пазарот на капитал, меѓу другото, преку стимулирање на зголемена понуда на хартии и инструменти што ќе може да се тргуваат преку Берзата.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, рече дека тие како регулатор на пазарот на капитал активно поддржуваат интеграција на Македонската берза со сродни институции од локалниот и регионалниот пазар, со цел забрзан раст и развој на пазарот. Таа ја истакна улогата и значењето што КХВ го имаат сиот овој период наназад во градењето на институционалниот капацитет на пазарот на капитал, особено последниве години на пандемиска криза и тоа што моментално се економски предизвици за целиот свет.

Осврнувајќи се токму на интеграцијата на Македонската берза со Загрепска берза, којашто стана сопственик на 30% од акциите, нејзиниот директор Иван Штериев истакна дека патот на развојот на домашната берза е само преку влегување во синергија со поголем и поразвиен пазар на капитал.

„Слична е ситуацијата и во другите берзи во регионот, и тие како нас се соочуваат со недостиг на понуда на хартии, нема IPO-a, концентрацијата во неколку блу-чипови е голема и сл. Со оглед на тоа што Загрепска берза како пазар е поразвиен од нас, нивното искуство, нивното know-how  може да го презентираме, да го ‘продадеме’ во позитивна смисла на нашите успешни домашни претприемачи, па некои од нив конечно да одлучат да издадат нови акции или други хартии. Мора да направиме некој позначаен исчекор на овој план – инаку нема да имаме нов развоj”, рече Штериев.

Инаку на Годишната конференција на Македонска берза денеска ќе има два централни панела и повеќе презентации. Едниот панел е посветен на енергетиката, го насловивме „Ќе има ли долга и студена зима?“, на којшто ќе зборува странски инвестициски аналитичар специјализиран за енергетскиот сектор, а гостин ќе биде и директорот на словенечката берза за струја, како и реномирани македонски говорници за оваа тема.

Вториот панел е фокусиран на банките и насловен „Банките во новата реалност“. На Македонската берза има доста котирани банки, најмногу во споредба со другите пазари во регионот, и тие се еден од главните инструменти што се тргуваат на пазарот, а сите најнови случувања – инфлација, промени на каматни стапки итн. – секако, кај банките имаат повеќекратно влијание. Ќе имаме прилика од претставници на четирите најголеми македонски банки да слушнеме што се случува во секторот и кои се нивните размислувања и предвидувања. Генерален спонзор на конференцијата е PricewaterhouseCoopers и имаме нивен висок претставник кој ќе зборува за моменталниот геополитички контекст и како тоа се одразува на светската економија.

македонија14 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија2 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност