Connect with us

свет

Путин се одмаздува за Кримскиот мост, ракетиран Киев и други украински градови

објавено

на

Според службите за итна помош, во Киев има десетици загинати и повредени. Утрово  експлозии биле регистрирани и во Л’вов, Тернопил и Житомир во западна Украина и во Днепар во централна Украина.

Експлозии  го потресуваат од утрово  главниот град на Украина Киев и неколку други градови во земјата, откако рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за терористички напад на мостот што ги поврзува Русија и Крим, што поттикна повици за одмазда од високите функционери во Москва.

Според службите за итна помош, во Киев има десетици загинати и повредени. Утрово  експлозии биле регистрирани и во Л’вов, Тернопил и Житомир во западна Украина и во Днепар во централна Украина.

Густ чад се крена од центарот на Киев по неколку силни експлозии што го потресоа градот, изјавија очевидци.

Најмалку 75 проектили се истрелани досега во тековните напади утринава, изјави еден од командантите  на украинската војска. Генералот Валери Залужњи на Твитер објави дека 41 од нив биле соборени од украинските вооружени сили.

„Терористичката земја врши ракетни и воздушни напади на нашата територија , користејќи напаѓачки UAV. Утрото беа испукани 75 ракети, 41 беа неутрализирани од нашата против – воздушна одбрана. Вооружените сили прават се за да ги заштитат своите сограѓани, но непријателските  напади продолжуваат. Ги повикувам сите да останат во засолништата!“ објави тој.

Путин во неделата рече дека експлозијата еден ден претходно на мостот над портата Керч, главна рута за снабдување на московските сили во јужна Украина, била „терористички чин чија цел е да се уништи клучната цивилна инфраструктура“.

„Тоа беше дизајнирано, спроведено и нарачано од украинските специјални служби“, рече тој, според видеото на Кремљ на Телеграм.

Украина не ја презеде одговорноста за експлозијата, но високи руски претставници побараа брза реакција од Кремљ пред состанокот на Советот за безбедност на Путин што се одржува денеска.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, пред состанокот изјави дека Русија треба да ги убие „терористите“ одговорни за нападот.

„Русија може да одговори на ова злосторство само со директно убивање терористи, како што е вообичаено насекаде во светот. Тоа го очекуваат руските граѓани“, рече тој, а пренесе државната новинска агенција ТАСС.

Бесот на Путин поради наводниот напад се совпадна со зголемената загриженост дека Москва би можела да прибегне кон нуклеарно оружје, откако Путин постојано го предупредуваше Западот дека секој напад врз Русија може да предизвика нуклеарен одговор.

Александар Бастрикин, шефот на истражниот комитет на Русија, во неделата изјави дека возило експлодирало на мостот и го предизвикало пожарот. Возилото поминало низ Бугарија, Грузија, Ерменија, Северна Осетија и рускиот регион Краснодар пред да стигне до мостот, рече тој.

Меѓу оние кои им помогнале на украинските специјални служби во подготовката на нападот има и „граѓани на Русија и странски земји“, додаде Бастрикин во видеото на каналот Телеграм на Кремљ.

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки24 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас