Connect with us

економија

Почна првата Конференција за комерцијални недвижности во Македонија

објавено

на

За прв пат на македонскиот пазар, локални и меѓународни професионалци за недвижности се среќаваат на едно место, за да разговараат за најновите трендови, перспективи и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности.

Иницирана и организирана од Фортонмка, штотуку почна првата Конференција за недвижности, во хотелот Дабл Три Хилтон  во Скопје.

За прв пат на македонскиот пазар, локални и меѓународни професионалци за недвижности се среќаваат на едно место, за да разговараат за најновите трендови, перспективи и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности.

„Важно е нашиот тим да е постојано во тек со случувањата во регионот, па и пошироко, како секогаш би ја гледале ‘големата слика’ на нештата. Присутни сме на конференции за недвижности од каде што носиме идеи, или ги  добиваме релевантните информации во врска со актуелни теми во недвижностите.

Првата конференција за недвижности во Скопје е наш придонес кон целиот сектор комерцијални недвижности; сметаме дека треба да споделиме искуство, да придонесеме кон едукација, да комуницираме.“, рече Катарина Николов, извршен директор на Фортонмка на отворањето на Конференцијата.

Модератор на настанот е Џејмс Дирсли, искусен говорник и церемонијал-мајстор на преку 140 конференции, во повеќе од 40 земји на шест континенти, што ја поткрепува неговата визија за „поддршка на индустријата за недвижности и луѓето вклучени во истата, а посебно со цел разбирање и примена на дигиталната трансформација“.

На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат 40-тина експертски говорници и модератори.

Панел дискусиите обработуваат диверзифицирани теми за коишто е потребна конкретна дискусија токму од оние со највисоко ниво на експертиза.

Во моментов трае првата панел дискусија „Инвестиции на пазари во развој“ каде говорници се Сергеј Којнов (Управувачки Партнер, ИНТЕЛИ ВЕЈ Сервицес), Маја Останек (Директор, Фонд за недвижности АЛФИ), Стела Дами (Партнер и раководител, Колиерс Интернационал), Јован Деспотовски (Директор, Дирекција за технолошки индустриски развојни зони), Олга Дервенџи (Менаџер за деловен развој, ФОРТОНМКА). Успешна приказна за комплексот ГРАНД СКОПЈЕ ќе биде споделена од Леонид Антиќ (Член на Управен одбор, ГРАНД Скопје).

Втората панел дискусија „Финансирање на проекти“, ќе трае од 10:20 до 11:20 ч. ќе се обратат говорниците, – Владо Бојаџиевски (Помошник директор, Виш банкар, ЕБРД СКОПЈЕ), Александар Тодоров (Директор, филијала за корпоративни клиенти, ПРОКРЕДИТ БАНКА), Игор Стојнев (Консултант, ЖИКОЛ Груп), Марија Томеска (Претседател на управен одбор, Еуролинк Осигурување), Елмедин Адеми (Извршен директор, ЕУРОВИА ГРУП), Кан Мемед (Директор на Дирекцијата за корпоративен маркетинг и проектно финансирање, ХАЛКБАНКА АД СКОПЈЕ). Успешна приказна за Поинт Ритеил Парк Скопје, ќе сподели Дарко Панчевски (Генерален менаџер ПОИНТ РИТЕЈЛ ПАРК).

Третата панел дискусија ќе трае од 12:10 до 13:10 ч., на тема „Потреба за развој на логистички паркови“. Говорници на овој панел ќе бидат Влатко Ѓуричек (Генерален директор за Србија, БЕСИКО), Влатко Безоски (Директор за продажба и маркетинг, Quehenberger Logistics Macedonia), Дејан Јакимовски (Извршен директор, ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ – СКОПЈЕ), Јири Суремка (Генерален управувачки партнер, complexRE), и Игор Трпковски (Генерален директор, СПОРТ ВИСИОН).

Четвртата панел дискусија ќе се одржи со гости од регионот, со проект-презентација. Oвој панел ќе трае од 13:10 ч. – 13:50 ч., на тема „Што носи иднината за канцеларискиот простор?“. Говорници ќе бидат претставник од ГРАНД СКОПЈЕ, Миа Зечевиќ (Сопственик, Извршен директор, НОВАСТОН), Илија Господинов (Претседател на управен одбор, МАСИТ Стопанска Комора за ИКТ), Мања Крижник (Оперативен менаџер, КАМАК СПЕЈС), Иван Мирковски (Извршен директор, СМАРТ Ливинг Груп), Катарина Николов (Извршен директор ФОРТОНМКА).

Успешна приказна за АЛКАЛОИД АД Скопје ќе сподели Димитар Ристовски (Корпоративен секретар, АЛКАЛОИД АД Скопје).

Петтата панел дискусија, на тема „Да се ​​направи влијание. Што значи ESG?“ ќе трае од 14:40 – 15:30 ч. Говорници се Димитар Ристовски (Корпоративен секретар, АЛКАЛОИД АД Скопје), Наташија Ли (Директор ЕСГ ПРО), Ивица Јевтиќ (Адвокат и Управувачки партнер, Адвокатско Друштво Тошиќ и Јевтиќ Скопје), Дејвид Остир (Извршен директор, CAMAC Group).

Шестата и последна панел дискусија на конференцијата, ќе се одржи од 15:30 до 16:30 ч. на тема „Пазар на станбен простор“. Говорници ќе бидат Мартин Пановски (Архитект на проектот ГРАНД Скопје и косопственик РАДИУС АРХИТЕКТИ), Александар Стефанов (Член на управен одбор ФАБРИКА КАРПОШ АД), Велимир Петровски (Директор за продажба, КНАУФ), Фатмир Етеми (Сопственик, Генерален директор, ЗСФ КОМ), Александар Ивановски (Сопственик, Генерален директор ПОРТА ИНЖЕНЕРИНГ ГРУП), и Сашо Цветковски (Раководител на оддел за станбен простор, ФОРТОНМКА).

Фортонмка е македонска советодавна компанија која на домашниот пазар за недвижности работи веќе 12 години.

Фортонмка успешно посредува во сите сегменти на комерцијалните недвижности: физибилити студии и истражувања на пазарот, исплатливост на вложување во проекти, пристап до финансирање, управување со проекти, изнајмување на малопродажен (retail) простор, изнајмување на канцелариски простор, магацини, индустриски објекти и  земјишта.

На годишно ниво Фортонмка обезбедува советодавни услуги за развој на повеќе од 500.000 м2 недвижен имот во вкупна вредност од над 50 милион евра.

македонија16 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако