Connect with us

македонија

Почна со работа Академијата за извршни менаџери во Виница

објавено

на

Академијата за извршни менаџери е дел од Фондацијата“ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА” Виница основана од Макпрогрес, чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Академијата е под покровителство на Европската банка за обнова и развој и Владата на Јапонија.

Денеска е официјачно отворена Академијата за извршни менаџери во Виница, под покровителство на компанијата Макпрогрес, Европската банка за обнова и развој – Лондон и Владата на Јапонија. Академијата за извршни менаџери е дел од Фондацијата“ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА” Виница основана од Макпрогрес чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Академијата за извршни менаџери има за цел да овозможи развој на бизнис лидери преку користење на најновите светски трендови и знаења од областа на менаџментот.

На официјалното отварање беа присутни претставници од ЕБОР, дваесетина извршни менаџери како и инструкторите кои се дел од програмата. „Преку нашето долгогодишното работење и соработка со други компании, увидовме дека како на домашните така и на странските компании им недостигаат кадри обучени за извршни позиции. Оваа потреба е исто така евидентна кај голем број на семејни бизниси, особено во процесот на нивна трансформација во компании водени од професионален менаџмент.“ – изјави Глигор Цветанов, генерален директор на Макпрогрес и претседател на Фондација „Прогресив Академија“.

„Нашата цел e да го поддржиме формирањето на првата сертифицирана обука за извршни менаџери и среќни сме што процесот на верификација на едукативната програма е во тек. Очекуваме врвни таленти да се приклучат кон првата обука во септември и заеднички да ја направиме оваа приказна успешен пример за земјата и регионот.“ – изјави Анди Аранитаси, Претставник на резидентната канцеларија на ЕБОР во Скопје.

Консултантската компанија PrimePoint Partners од Македонија ја води целосната имплементација на Академијата за Извршни Менаџери. „Нашите предавачи се успешни професионалци со богато академско знаење и искуство. Програмата ќе опфати интерактивни предавања, симулации, видни гости говорници, алатки за личен развој и наставни модули според последните светски трендови неопходни за водење бизнис на глобално ниво.“ – додаде Билјана Марковиќ Стаменова, директор на PrimePoint Partners и академски директор на Академијата за извршни менаџери.

Уписот во Академијата е отворен за сите кои се стремат да достигнат високи позиции во својата кариера  и да ги развијат своите менаџерски вештини. Програмата во времетраење од 9 месеци ќе започне од Септември 2021. Повеќе информации за Академијата за Извршни Менаџери, како теми, предавачи, критериуми за упис, итн., можете да најдете на овој линк.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка