Connect with us

македонија

Почна со работа Бреинстер Некст колеџ, првиот практичен ИТ факултет во Македонија

објавено

на

Ова е единствен факултет (приватен или државен), акредитиран од Министерството за образование и наука, што нуди можност за студирање со 0 денари трошок сè до дипломирањето и вработувањето на студентите, преку програмата „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Првиот практичен ИТ-факултет во земјава, Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), вчера ги отвори вратите за својата прва генерација студенти што ќе учат Софтверско инженерство и иновации по најсовремени студиски програми и од искусни професионалци.

На Светскиот ден на учителите, започнува нова образовна приказна, која на многу млади што сакаат да учат во една од најперспективните области – информатичките технологии, им овозможи револуционерен модел за финансирање на студиите. Ова е единствен факултет (приватен или државен), акредитиран од Министерството за образование и наука, што нуди можност за студирање со 0 денари трошок сè до дипломирањето и вработувањето на студентите, преку програмата „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Првата генерација студенти на првиот академски час ги поздравија дел од професорите, административниот кадар, и советот од секој од нив беше ист: „Многу учете, прашувајте, бидете љубопитни и ќе постигнете големи нешта!“.


Петар Ниновски, основачот на Бреинстер и на Бреинстер Некст колеџ, на студентите им кажа дека ќе се соочат со многу предизвици, многу поминато време во учење, но и многу можности кои ќе треба да ги искористат.

„Од ова не треба да се плашите, бидејќи ние ќе бидеме со вас, да ве поддржуваме во секој чекор. Она што можам да ве советувам е да учите многу, да им помагате на колегите, да бидете љубопитни, да прашувате. Почнувате нова фаза во вашиот живот, се надевам дека заедно ќе постигнеме големи работи. Од вас очекуваме многу иновациии со кои ќе правите промени во општеството“ – им рече Ниновски.


Генералниот менаџер на факултетот, Александар Клашниновски, пак истакна дека сите предизвици ќе се решаваат заеднички, за после многу години, првата генерација на студенти да биде горда на успесите.

„Би ве советувал да се фокусираме на три важни работи во оваа фаза од животот. Иако треба да сте технички спремни, важно е да научите да ги развивате и меките вештини (soft skills). Да знаете да комуницирате, презентирате, да работите тимски со луѓе со кои не сте компатибилни. Тоа ќе ве одвои од останатите. Потоа, важно е да научите да градите врски со вашите колеги, со други личности, бидејќи во животот ништо не можете да направите сами. Потребна е мрежа на луѓе со кои заедно ќе напредувате. И трето, уште од сега е важно да имате мајндсет на растење. Тоа значи дека од денеска, па натаму ќе учите, но важно е да разберете дека учењето никогаш не треба да престане. Само вака ќе бидете чекор напред”- им рече Клашниновски на новите студенти.

Првата генерација студенти ги поздравија и неколку алумни од академиите на Бреинстер, основачот на факултетот, од каде што ќе се пренесат сите позитивни образовни практики, како работата на реални проекти, практична настава и менторски пристап на наставниот кадар. Тие ги охрабрија студентите и им кажаа дека не е лесно да се учи програмирање и да се совладуваат ИТ-вештините, но дека овие програми ќе ги подготват добро за работата во домашни и странски компании.

„Работата на реалните проекти ја дава сликата за она што ќе се соочите на работа. Треба да се вложува многу труд и време, но верувајте дека вреди“, им порача Карла Биков, алумни од Академијата за Full-Stack програмирање која сега работи како програмерка.

Вредни совети, студентите добија и од нивните професори Ивица Пешовски и Петар Јолакоски.

Јолакоски кој предава линеарна алгебра посочи зошто е важно да се учи математика, како дел од наставната програма на Бреинстер Некст колеџ. Според него, ако не се учи овој предмет, тоа прави огромна дупка во знаењето на студентите што сакаат да се насочат кон машинско учење и науката за податоци.

„Ние нема да го учиме овој предмет сувопарно.  Јас успеав да направам програма, односно предметот целосно да биде имплементиран во Python, односно програмски јазик и со тоа целосно ќе научите да манипулирате со податоци“, рече Јолакоски.

Пешовски потенцираше што значи да се биде инженер и зошто овој збор носи многу голема тежина.

„Сигурно познавате лекари што не се вистински лекари, или архитекти што не се архитекти. Да се биде инженер значи да се поседува знаење, а тоа се постигува само со учење. Ние заедно ќе ги научиме сите работи што ви се потребни за да станете инженери и да се гордеете со тоа. Ќе треба да дадете многу време, многу труд и за 3 години ќе бидете сосема други личности. Општеството ќе бара од вас, ќе очекува од вас да го потврдите тоа што сте го научиле“, им рече Пешовски на студентите.

Наставата на првиот применет (практичен) ИТ-факултет во Македонија, Бреинстер Некст колеџ, ќе биде со физичко присуство. Во сржта на факултетот се праксата и реалните проекти, што ќе се овозможат преку соработката со локалната и глобалната ИТ-индустрија.
Неговите партнерски компании ќе нудат и вработување за студентите.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал