Connect with us

економија

Почна со работа „Стопанска лизинг“, новата компанија на Стопанска банка – АД Скопје

објавено

на

Компанијата ќе нуди финансиски и оперативни лизинг производи за физички и правни лица.

Стопанска банка АД – Скопје денеска го најави отпочнувањето со работа на својата нова компанија – Стопанска лизинг. Оттаму велат дека дејноста лизинг е логично продолжение на сето она што Стопанска банка секојдневно им го обезбедува на своите клиенти.

Компанијата е лоцирана во центарот на градот, веднаш до Спомен-куќата на Мајка Тереза, и ќе нуди продукти за сите физички лица и компании на кои им се потребни финансиски или оперативни лизинг производи.

Свеченото отворање се одржа со присуство и целосна поддршка на претставниците од Управниот одбор на Стопанска банка и претставниците од Групацијата на NBG, давајќи ѝ цврста потпора на новата компанија во планираниот развој и работење.

Користејќи ја приликата, г. Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, изјави:

Претставува голем предизвик да се носиме со наследство од речиси 80 години во банкарството, со постојан стремеж кон иновација и понатамошен развој со цел да се оствари уште посветла иднина. Но, тоа е она што ни го доверија нашите акционери и заедницата и тоа е причината зошто неуморно работиме да докажеме дека Стопанска е бренд кој зрачи со сигурност, доверба, партнерство и развој. Ми претставува задоволство што денеска отпочнуваме со уште една дејност во нашето портфолио со ветување дека на клиентите на Лизинг компанијата ќе им овозможиме највисоко ниво на финансиска поддршка и советување, впрочем, како и на клиентите на Стопанска банка АД – Скопје.

г. Жарко Кржаловски, директорот на Стопанска лизинг изјави:

Денеска сме тука за да ја одбележиме завршницата на еден период на енергични подготовки, организациско структурирање и вложување со цел да се отпочне со нова приказна на пазарот. Со Стопанска лизинг пазарот се збогатува со нов финансиски партнер за компаниите и физичките лица, несебично поддржан од препознатливите брендови Стопанска банка и Групацијата на NBG. Денешното отворање на вратите е симболично, со оглед на тоа што сакаме да сме постојано отворени за нашите клиенти и да им понудиме одржливи лизинг продукти и услуги. Би сакал да им се заблагодарам на сите вклучени во овој процес и да ги поканам сите заинтересирани клиенти да нѐ посетат или контактираат!

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал