Connect with us

свет

Почна судењето за „дизелгејт“ – големата афера на Volkswagen од пред пет години

објавено

на

Volkswagen веќе плати отштети, рефундирања и судски казни од околу 30 милијарди евра, како последица на скандалот, повеќето од овие суми се исплатени во САД.

Денеска во Германија почна судењето на четворица поранешни високи директори во германскиот автомобилски концерн Volkswagen, обвинети за измама во т.н. афера „дизелгејт“, при што биле лажирани резултати за емисијата на штетни гасови од автомобилите во воздухот.

Обвинетите наводно организирале комерцијални измами и даночно затајување поврзано со скандалот којшто избувна во септември 2015 година и ја потресе светската автомобилска индустрија. Тогаш Volkswagen призна дека за милиони возила со дизел мотори ги лажирал резултатите за емисионите тестови, со цел да се покажат поеколошки одошто се.

Минатата недела, судот одлучи да го раздели процесот, со тоа што се одложи судењето на Мартин Винтеркорн, тогашниот главен извршен директор на компанијата, поради здравствени причини. Винтеркорн, 74 – годишен, требаше да застане до останатите четворица компаниски шефови пред судот, но неодамна имал хируршка интервенција, со што е практично неспособен за судење.

Сослушувањето во Брунсвик, близу Волфсбург, каде што е корпоративното седиште на Volkswagen, е второ големо судење поврзано со аферата “дизелгејт“. Второто, во коешто главен актер е Руперт Штадлер, поранешен шеф на Audi, производител во рамки на концернот Volkswagen, почна пред една година и се’ уште трае.

Судиите ќе се обидат да дознаат кои бил свесен во редовите на инженерите и директорите за софтверот што ја лажира емисијата на штетни гасови, кога го дознале тоа и кој дал зелено светло за планот да се пуштат 9 милиони возила на пазарите во ЕУ и САД.

Volkswagen веќе плати отштети, рефундирања и судски казни од околу 30 милијарди евра, како последица на скандалот, повеќето од овие суми се исплатени во САД.

Самиот Винтеркорн се согласи да плати 11,2 милион евра како отштета и камата на својот поранешен работодавец, преку спогодба склучена со Volkswagen.

Винтеркорн го чека одвоено судење во Берлин, поради лажно сведочење пред парламентарниот комитет којшто го испитувал скандалот.

свет9 часа ago

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

свет10 часа ago

Почина Колин Пауел, првиот афроамериканец државен секретар на САД

македонија14 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија23 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија6 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

свет7 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис