Connect with us

економија

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

објавено

на

Оваа година, согласно препораките за заштита на здравјето на учесниците, се организира комплетно онлајн, под мотото:  „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“.

Пред малку почна третата по ред Годишна конференција за е-трговија, која оваа година, согласно препораките за заштита на здравјето на учесниците, се организира комплетно онлајн, под мотото:  „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“.

И оваа година, Конференцијата за е-трговија е место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски чинители во екосистемот на е-трговијата.

Конференцијата ќе изобилува со богата дводневна програма која се состои од повеќе од 30 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со интернет продажба, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е-трговијата. Конференцијата ќе биде збогатена и со забавни делови каде што ќе се доделуваат вредни награди за учесниците.

„Ова е исклучително време за е-трговијата, а исклучителните времиња бараат исклучителна трансформација. Жално е што овие околности се предизвикани од глобалната пандемија која однесе многу жртви и предизвика огромна штета за светската економија, но во исто време кризата остави пред нас предизвици за коишто токму денеска и утре ќе зборуваме. Третата годишна конференција за е-трговија претставува уникатна прилика да се добијат совети за раст и развој на бизнисот и да се слушне од прва рака искуството од реномираните меѓународни и домашни експерти со користење на електронска трговија, како и да се дознаат начините за зголемување на онлајн безбедноста, збогатување на корисничкото искуство во периодот на глобалната пандемија и можностите кои ги нуди меѓуграничната е-трговија.” рече д-р Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, АЕТМ, организатор на конференцијата.

На конференцијата ќе говорат Проф. Јориј Абрахам кој е директор на европската Е-commerce foundation која ги обединува сите асоцијации за е-трговија во Европа,  Барбара Сеса која е  одговорна за дигитални производи за Европа во Мастеркард, Хауард Кингстон кој е истакнат ветеран и маркетинг експерт, Тобјорн Фредриксен кој го води одделот за анализа на ИКТ во Конференцијата на ООН за трговија и развој (УНКТАД) како и многу други истакнати странски и домашни говорници.

економија19 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија5 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија5 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија19 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија7 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија6 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија