Connect with us

економија

Почна 5. Конференција за е-трговија: Како да го забрзаме растот на онлајн купувањето?

објавено

на

Темите што ќе ги покрие годинава Конференцијата се преточени во четири главни насоки: можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот; промени на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата; податоци, маркетинг и технологија: воздухот на е-трговијата; и како до: патоказ до успех – како изгледа успехот.

„Имаме многу работа како на страната на побарувачката (населението), така и на страна на понудата (македонските компании) која треба да се унапредува. „Предизвикот кој останува е да се задржи и зголеми растот на е-трговијата остварен со пандемијата со цел да се забрза трансформацијата кон дигитално и смарт општество, да се искористат предностите на дигиталната економија и е-трговијата како интегрален дел од истата. “, истакна претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), д-р Нина Ангеловска на отворањето на петтата по ред Конференција за е-трговија која штотуку почна во Скопје.

Ангеловска додаде дека АЕТМ продолжува и понатаму посветено и со многу ентузијазам, заедно со сите засегнати страни, да работи на забрзување на трансформацијата, дигитализацијата и е-трговијата во нашата земја и креирање на подобра иднина.

Темите што ќе ги покрие годинава Конференцијата се преточени во четири главни насоки: можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот; промени на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата; податоци, маркетинг и технологија: воздухот на е-трговијата; и како до: патоказ до успех – како изгледа успехот.

Презентациите, панел дискусиите и неформалните разговори ќе бидат испорачани од меѓународни и домашни експерти и говорници со докажано искуство во областа на е-трговијата, дигитален маркетинг, дигитализација и многу други области од екосистемот за е-трговија.

Директно од технолошкиот  гигант Гугл („Google“), на конференцијата ќе говори менаџерот за развој на бизнисот, Амин Сиала, а своето искуство пред присутните ќе го претстави и Никола Механџиќ од Пејонир („Payoneer”) кој работи како раководител за Србија и централна и источна Европа.

Листата на еминентни говорници на конференцијата е збогатена и со претставник од еден од гигантите во социјалните медиуми, Петар Јевтиќ, кој како регионален партнер за клиенти во поранешниот Фејсбук, а сегашен Мета („Meta“) oд Httpool на публиката ќе и ги разбие митовите кога станува збор за рекламирање на Мета платформите (Инстаграм, Фејсбук), главно од перформанс маркетинг гледна точка.

Освен ова, во сеопфатната програма на конференцијата официјално ќе се споделат податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2022 година, ќе се зборува и за можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, за правилно користење на дигиталниот маркетинг, нови технологии и автоматизација на процеси, за промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, а ќе бидат споделени и искуства од бизнисите од успешните е-трговци во регионот – Alma Raz од Босна и Херцеговина, Militaryshop и Ananas од Србија, FitKit и Paket.мк од С.Македонија и многу други.

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација