Connect with us

регион

Почнува изградбата на гасниот терминал во грчки Александруполис каде што Македонија има 10% удел

објавено

на

Македонскиот удел во двата проекта значи инвестиција од 25% во гасната централа на природен гас од 800 мегавати, за која проценетата инвестиција е над 380 милиони евра, и 10% во гасниот терминал, што значи учество во  вредност од околу 370 милиони евра.

Денеска почнува изградбата на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас во грчкиот пристанишен град Александруполис, преку кој се очекува за помалку од 20 месеци да потечат првите кубни метри течен природен гас (ЛНГ) од Азербејџан односно од САД и други земји.

Со проектот кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија која ја одобри грчката мерка за поддршка вредна 166,7 милиони евра за изградба на терминалот, се очекува Македонија да ги зголеми капацитетите за дотур на гас во земјава  што би влијаело врз либерализацијата на пазарот, а со тоа и врз конкурентноста на цените.

Договорот  со Грција за изградба на прекуграничен интерконектор за природен гас во вредност од 100 милиони евра, нашата влада го потпиша во јули. Оваа можност се цени како нова независна енергетска порта за пазарите во Југоисточна и Централна Европа. Станицата ќе има капацитет за складирање на (ЛНГ) од 170.000 кубни метри и капацитет за снабдување со природен гас кој ќе надмине 5,5 милијарди кубни метри годишно.

Македонија ќе учествува со вкупно 750 милиони евра во инвестициите

ЛНГ конкретно ќе се продава на пазарите во Грција, Бугарија и во поширокиот регион; од Романија, Србија и Северна Македонија, до Молдавија и Украина.

Македонскиот удел во двата проекта значи инвестиција од 25% во гасната централа на природен гас од 800 мегавати, за која проценетата инвестиција е над 380 милиони евра, и 10% во гасниот терминал, што значи учество во  вредност од околу 370 милиони евра.

Премиерот Димитар Ковачевски во пресрет на свечената церемонија на започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас , оствари средба со амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат, како и со амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мари Брнз.

На средбата присуствуваа и министерот за животна средина и енергија на Република Грција, Костас Скрекас, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши.

На средбата со фокус на енергетско-економските иницијативи, премиерот Ковачевски изрази благодарност за севкупната поддршка што Северна Македонија ја добива од САД во континуитет како и за важноста од стратешкиот енергетски проект за целиот регион.

Ковачевски и Пајат разговараа за важноста од развојот на регионалниот енергетски проект „Александруполи“ со што се отвора можноста за сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи, диверзификација на изворите и пат за Северна Македонија и регионот да станат енергетски независни.

Проект од историско значење

За македонските власти, учеството во проектот е од историско значење. Очекувањата се дека покрај зацврстување на соработката на полето на енергетиката со компании од Грција, ќе се обезбеди трајно и стабилно снабдување на природен гас за земјата, но и дополнителна можност за негова дистрибуција и во регионот. Ова е прв пат по 30 години Македонија да обезбедува нова, уште една линија за проток на природен гас и да го обезбеди снабдувањето за наредните 15 години. 

Експертската јавност нема дилеми дека учеството во вакви големи енергетски проекти носи бенефит, дилемите единствено се присутни за тоа какви и колкави ќе бидат тие пред се поради тоа што станува збор за инвестиција надвор од државата.

Со овој важен проект очекувањата во регионот се да се диверзифицираат  изворите за снабдување со природен гас, не само за секоја од земјите поединечно, туку и на целиот Балкански Полуостров, општо.

македонија7 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија9 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје