Connect with us

економија

По две децении повторно домашен менаџер на чело на Пивара Скопје

објавено

на

Новиот генерален директор на Пивара Скопје, Душан Митрев одлично ја познава Пивара Скопје, нејзиниот развој, вработените, брендовите и нивната позицијата на пазарот, односите со потрошувачите и партнерите, како и деловното опкружување во земјата, велат од ПР службата на Пивара.

Од 1 јуни 2023 година нов генерален директор на Пивара Скопје е Душан Митрев. Тој на оваа позиција доаѓа по Горан Сладиќ кој продолжува да раководи со деловните операции на Coca-Cola HBC во Нигерија, соопштија од компанијата денеска.

Новиот генерален директор на Пивара Скопје, Душан Митрев одлично ја познава Пивара Скопје, нејзиниот развој, вработените, брендовите и нивната позицијата на пазарот, односите со потрошувачите и партнерите, како и деловното опкружување во земјата, велат од ПР службата на Пивара.

Тој е еден од генерацијата млади професионалци којшто своето знаење, искуство и менаџерски вештини ги градеше во Пивара Скопје. После три години поминати во PwC Скопје, во 2010 година тој му се приклучи на тимот на Пивара Скопје, во секторот финансии, каде преку посветена работа и континуирано учење напредуваше низ различни позиции, сѐ до позицијата финансов директор на компанијата во 2016 година. Потоа, во 2019 година, продолжи во секторот комерција како менаџер за продажба на клучни купувачи.

Во изминатите три години Митрев дополнително ги надгради своите менаџерски и продажни вештини, извршувајќи ја функцијата директор на продажба на Coca-Cola HBC во Босна и Херцеговина, каде благодарение на неговата посветеност, тимска работа и лидерство, компанијата забележа исклучителни продажни резултати, унапредувајќи ја и зацврстувајќи ја својата пазарна позиција.

„Навистина се радувам што повторно доаѓам дома, во Пивара Скопје, на чело на тимот и средината кои многу добро ги познавам. Тргнувајќи од мотото, ‘Еднаш Пиварец – секогаш Пиварец’, имам силна енергија и визија како заедно со вработените да продолжиме да ја водиме Пивара Скопје напред, вложувајќи во нејзиниот одржлив раст и развој, во натамошно јакнење на довербата и задоволството на потрошувачите, задржувајќи го фокусот на иновациите, квалитетот и уникатните карактеристики на нашите брендови, како и во градењето одлични односи со нашите купувачи и деловни парнери, водејќи посебна грижа за придонесот што го даваме за просперитетот на пошироката задницата на која ѝ припаѓаме“, изјави новиот генерален директор на Пивара Скопје, Душан Митрев.

Одличните резултати што досега ги остварил Душан Митрев низ својата професионална кариера, дополнети со неговата стручност, иницијативност и способност за мотивирање на сите членови на тимот да го реализираат својот потенцијал, претставуваат гаранција дека со неговото лидерство компанијата ќе продолжи со одржливиот развој, со јакнењето на позициите на пазарот, градењето највисоко ниво на задоволство кај потрошувачите, како и со реализацијата на бројни општествено-одговорни проекти кои се една од нејзините главни одлики. Минатата година Пивара Скопје ја одбележа 100-годишнината од своето основање, а следната година, заедно со своите вработени, потрошувачи, партнери и целата заедница ќе прослави и 100 годин

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас