Connect with us

свет

По Ролс Ројс, и Бентли објави рекордна продажба во 2022 година

објавено

на

Цените на ново Бентли возило почнуваат од околу 170 илјади долари па нагоре, додека Ролс Ројс е нешто поскап, односно околу 250 илјади долари чини најевтиниот модел.

Веднаш по вчерашната објава за рекордна продажба на возила Ролс Ројс минатата година, и неговиот конкурент Бентли се огласи денеска со извонредни бројки за 2022 година, односно продадени 15.174 луксузни автомобили.

Тоа е за 4% повеќе одошто во 2021 година и е најмногу предизвикано од рекордната побарувачка, претежно во САД, Европа и Азија.

Вчера, Ролс Ројс соопшти дека лани продале 6.021 возило, рекорд на компанијата на сите времиња, што е за 8% повеќе од 2021. Бентли пак, објасни дека нивните одлични бројки се должат на популарноста на новите модели, хибридните модели, како и персонализираните автомобили.

„Зад нас е уште една година на непредвидливост, кога успеавме да надминеме големи предизвици и да покажеме силна издржливост испорачувајќи трета година по ред рекорден број возила“, изјави Адриен Холмарк, главен извршен директор на Бентли, англиска компанија создадена во 1919 година, сега во сопственост на германската групација Фолксваген.

Последниве години  Бентли ги претстави хибридните  модели Flying Spur и Bentayga, со што го покажа правецот во којшто ќе се движи развојот на компанијата. До 2030 година, кога во В. Британија ќе престанат да се продаваат нови возила со дизел и бензински мотори, Бентли планира да произведува исклучиво возила со нула јаглеродни емисии.

Цените на ново Бентли возило почнуваат од околу 170 илјади долари па нагоре, додека Ролс Ројс е нешто поскап, односно околу 250 илјади долари чини најевтиниот модел. Меѓутоа, просечната цена на продадените Ролс Ројс лимузини минатата година била вртоглави 534.000 долари, првенствено поради програмата на возила направени по нарачка и посебни додатоци, наречена Bespoke.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал